Турската победа во Африн

Турската воена интервенција Маслиново гранче која се реализира со цел градот Африн во Сирија да се ослободи од окупацијата на терористите траеше 58 дена и заврши успешно.

Турската победа во Африн

Актуелно 12/2018

Турската воена интервенција Маслиново гранче која се реализира со цел градот Африн во Сирија да се ослободи од окупацијата на терористите траеше 58 дена и заврши успешно.Ова победа на турските вооружени сили остварена со заедничко делување со припадниците на опозиционата слободна сириска војска ќе изврши големи промени во регионот воедно ќе има домино ефект врз сите настани кои допрво ќе следат.

За темава имаме коментар на Џан Аџун писател истражувач од СЕТА –Институт за политички,економски, и општествени истражувања.

Деновиве кога се навршуваат 7 години од војната во Сирија, реализацијата на воената операција на турските вооружени сили со цел чистење на Африн од терористите претставува вистинска лекција за сите учесници и актери во овој воен конфликт.Светот во изминатите години беше сведок на  бомбардирања, тортури и препуштање на гладување на населението во опседнатите градови од страна на силите лојални на претседателот Асад и неговата милиција.Згора на тоа цивилите постојано беа на удар на барел бомбите на режимските сили, и на хемиско оружје, како и на удар на напалм бомбите и касетните бомби на руските сили, додека Иран користејќи странски платеници во војната во Сирија исто така  изврши  воени злосторства.

САД и ЈПГ во северот и во истокот на Сирија воспоставија империја на стравот. ЈПГ за да ги казни цивилите кои се против ,им ги бомбардира нивните домови и извршуваше тортури над затворениците во затворите.ЈПГ ги убиваше Курдите кои беа против нивната власт, додека САД фрлајќи барел бомби ја срамни со земја Рака. Рака денеска е град на духови напуштен од неговите жители.И покрај тоа што лично учествуваше во уништувањето на Рака, САД не направи ништо за неговата обнова.

Во текот на 7 годишната граѓанска војна Сирија доживеа голем број злосторства, како што се шокантните варварски методи на ДЕАШ како и безмилосното и масовно убивање на  цивилното население со хемиски отрови и барел бомби.

За разлика од нив турските вооружени сили исто како што беше случај со реализацијата на воената интервенција Штитот на Еуфрат и сега со реализацијата на воената интервенција Маслиново гранче им одржаа лекција за добро однесување кон цивилите и објектите во градот во текот на изведувањето  на воените дејства,кои се изведоа со поддршка и помош на опозиционата слободна сириска војска. За разлика од американските сили кои ја уништија Рака, руските сили кои го уништија Алепо и силите лојални на Асад кои ги уништија Хомс и Забадани, турските сили и слободната сириска војска скоро без никакви оштетување го ослободија Африн од рацете на терористите.

Во текот на 7 годишната граѓанска војна Сирија не виде толку малку разорување како што се случи за време на изведувањето на воените интервенции на турските вооружени сили Штитот на Еуфрат и Маслиново гранче. За разлика од другите војски ,турската војска и слободната сириска војска не се однесуваше одмазднички кон локалното цивилно население,напротив ги штитеше.На пример да се однесуваа коректно американските сили кон населението во Рака тие никогаш немаше да ги напуштат своите домови, а и оние пребеганите ќе се вратеа.

Воената интервенција на турските вооружени сили Маслиново гранче во голема мера ќе влијае врз рамнотежата на силите во регионот. Силите на сириската опозиција сега ќе бидат посилни кога ќе се седнат за преговарачката маса.

Од друга страна воената операција Маслиново гранче во целост ја измени сликата која ја имаше создадено терористичката организација ЈПГ во светот. Се покажа дека ЈПГ не е влијателна локална сила како што се прикажуваше, па дури и дека е многу слаба иако ја имаше оружаната поддршка на Америка. Исто така се докажа дека ЈПГ не ги претставува сите Курди во Сирија и дека ја нема поддршката на локалното население. Само за пример ЈПГ ги спречуваше жителите на Африн да го напуштат градот пред надоаѓањето на турските сили кои дејствуваа во соработка со силите на слободната сириска војска.

Со домино ефектот на операцијата Маслиново гранче во Африн,на ред се другите подрачја кои што се под контрола на ПКК.Се увиде дека ПКК не е било каква сериозна воена сила и дека може да опстои само со американска помош. Освен тоа сега и Арапите  кои што живеат источно од реката Еуфрат во Сирија ќе се свртат против ПКК.



Слични вести