Масакр со хемиско оружје во Сирија

Во последниот период Источна Гута е во центарот на вниманието на режимските сили ,со месеци оваа населба се бомбардира и тоа без да се води сметка за јавни објекти како училишта,болници,џамии и други објекти.

Масакр со хемиско оружје во Сирија

Масакр со хемиско оружје во Сирија

Во светкиот печат силно одекна веста за уште еден нов напад со хемиско оружје во Дума кај Источна Гута во непосредна близина на Дамаск главниот град на Сирија.Во нападот загинаа голем број цивили меѓу кои и жени и деца. Во последниот период Источна Гута е во центарот на вниманието на режимските сили ,со месеци оваа населба се бомбардира и тоа без да се води сметка за јавни објекти како училишта,болници,џамии и други објекти.

За темава имаме коментар на Џан Аџун писател истражувач од СЕТА –Институт за политички,економски, и општествени истражувања.

Источна Гута како населба мошне блиску до главниот град Дамаск според својата географска положба долг временски период е во центарот на вниманието на режимските сили во Сирија, кои сакаат што поскоро ова подрачје да биде ослободено од силите на опозицијата. Источна Гута скоро 7 години ,од почетокот на граганската војна во Сирија е под опсада на силите на режимот на Асад, а во последниот период е прогласена за бесконфликтна зона благодарение на иницијативите на Турција и на Русија поднесени на самитот за Сирија во Астана,Казахстан. Сепак Русија и Иран кои го поддржуваат режимот во Сирија под изговор дека се борат против терористите, се повеќе го шират своето влијание во регионот. Силите на опозицијата под жестокото бомбардирање и со посредство на посредништвото на Русија се предаваат и се движат кон северната граница на Сирија.

Се до неодамна Дума во Источна Гута беше под контрола на Џејс ел Ислам. Во контактите меѓу Џејс ел Ислам и режимот посредникот беше Русија. Според договорот постигнат со посредство на Русија Џејс ел Ислам остана во подрачјето како полиција да се грижи за безбедноста на цивилите.Сепак тоа не наиде на позитивен прием кај режимот на Асад, така да откога Џејс ел Ислам одби да го напушти подрачјето ,дојде до застој во преговорите. Ете томку во овој момент дојде до нападот со хемиско оружје во Дума, во кој загинаа голем број невини цивили,жени деца.Џејс ел Ислам по хемискиот напад беше принуден да прифати да се премести од Дума во северните предели на Сирија, а тоа го направи на барање на цивилите во Дума кои беа најголемите жртви на нападот со хемиско оружје. Овој напад му овозможи на режимските сили на Асад да се ослободат од главната база на опозициските сили на работ на главниот град Дамаск.

Во случај да не се реализираше договорот за преместување на опозицијата од Дума,цената на воена операција за освојување на Дума ќе беше прескапа за Асад.Познато е дека Џејс ел Ислам извесно време градеше одбранбени линии,складираше оружје и муниција во Дума.Познато е исто така дека повеќето од воениот персонал на Џејс ел Ислам потекнува од поранешни сириски војници. Конечно режимот плати скапа цена за освојување на Дераја, чија состојба беше многу слична на Дума, така што со овој потег, со напад со хемиско оружје режимските сили се ослободија од поголеми материјални трошоци кои би биле потребни за воена копнена операција на Дума.И покрај тоа што користењето на хемиско оружје е во спротивност со воената етика,овој напад му донесе голема придобивка за режимот во Сирија.

Јасно е дека напад со хемиско оружје му носи голема уштеда на режимот на Асад се додека тој не предизвикува силни меѓународни реакции. Асад од почетокот на граѓанската војна досега 215 пати употреби хемиско оружје. Секако дека режимот се ослонува на ветото на Русија во Советот за безбедност на ОН, кога прашањето за користење на хемиско оружје ќе се најде на дневен ред на советот. Во ситуација кога хуманоста заостанува и кога меѓународната заедница не реагира навреме,режимот на Асад се приклонува кон напад со хемиско оружје,најдобрата и најефтина опција за нив.



Слични вести