Стратешка анализа 16/2018

Транзиционите политичари и македонската економија

Стратешка анализа 16/2018

Пред кратко време во Скопје се одржа една многу значајна меѓународна конференција на тема економија. Се елаборираше за резултатите на поедини земји од регионот, односно за покажаниот економски раст на секоја земја посебно. Разочарувачки е, тоа што земјите од регионот, а во тие рамки и Република Македонија, ако продолжи со ваков (не)раст на економијата, граѓаните ке чекаат цели 50 години да го достигнат нивото на примањата на граѓаните од Европската Унија. Од тука и со право се поставува прашањето кој е крив за ваквиот економски дебакл во овие земји и нашата република. Неизбежно одговорот е кај досегашните транзициски политичари во земјава. Бидејки по сиве овие години тие зад себе оставија вистински хаос. Оваа немаштија  во Македонија, нормален човек тешко може да ја сфати. Но навистина кој е крив ? Вистинските кривци за оваа состојба (барем дел од нив) сега наводно се изведуваат пред лицето на правдата. Иако тој процес оди многу многу бавно. А за вракањето на парите украдени од народото не станува ниту збор. Да плаќаш елитна чета адвокати, како што тоа го прават нашите осомничени политичари за тешки криминални злодела, мора да си богат. Впрочем нашите транзициски политичари тоа и се. Деновиве сме сведоци за вистинска рашомонијада околу нивното изведување пред лицето на правдата. И на неупатениот ќе му е јасно дека не постои вистинска намера за расчистување со овие криминалци.    

Кога еден систем се менува, сосема природно е да очекуваш, новиот што ќе дојде наместо него, ако ништо повеќе, да ја ублажи состојбата и да влева надеж дека веќе нешто ќе се промени. Ние сме светски феномени по тој поглед, ни нема рамен. Преку ноќ прескокнуваме епохи. Уште вратата на социјализмот не беше дозатворена, а веќе стигнавме во фаза на некое вселенско социјално лудило. Не сме ни свесни за нашата приказна, странски статистички центри требаше да ја расонат, откривајќи ни дека ќе ни треба цели 60 години да го достигнеме економскиот развој во кој се наоѓаат земјите од ЕУ.

 Како и сите слепци, си го дозволивме луксузот, речиси незабележливо крај нас да протатнат возовите на правдата. Во оваа земја се судеше на ситните џебџии. На оние што посегнуваа по евтината конзервирана скуша или туршија од рафтовите на гранапите. Се ловеа и ловатГ ситните риби на криминалот, додека вепровите и слоновите од криминалните„банди„ комотно се сместуваа под стакленото ѕвоно на системот што им го прикачи ореолот на зштитени ѕверки и имунитетот со кој се заштитуваат, небарем се зверки прет истребување на нивниот сој. Денеска Македонија е најсиромашната држава во Европа, со најголем процент на невработеност и со најголема тенденција за иселување на младите во Европа. Да, Македонија се наоѓа на Балканот, кој е дел од европскиот континент. Многу е жално што по условите за живот и стандарт можеме да завидиме и на некои африкански држави. За жал оваа земја нема вистински правосуден систем. Има само некаква имитација од првосуден систем. В прочем затоа ни се случува да се осуди на 3 години затвор човек кој украл кило ќебапчиња за да си ѓи нахрани децата. Досдека тие со украдени милиони и милионо евра, ќе продолжат да парадираат пред судовите ко божемски се судат. Инаку кому му е гајле за граѓаните кои се се на работ на мизеријата. Например ако сте оплачкале некоја банка, сте приватизирале и сте украле милијарди долари државен имот, кој всушност е сопственост на граѓаните, сте предизвикале воен конфликт во државата, сте реализирале еден ступиден проект како Скопје 2014 кој што и не се знае колку всушност го чини овој народ, сте побарале 15 отсто од Кинеските конзорџциуми кои ѓи градат вашите автопатишта и се чудите да не се многу, е тогаш судиите треба да посетат лекција по економија.

 Но за жал во Македонија не е руинирана само економијата. Тука речиси е и уништен здравтсвениот систем на земјата. Впрочем заземањето на прво место во Европа по смртност на ноовороденчињата.  Поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ и сегашната на СДСМ и коалицијата, се тегнат околу тоа дека за нивно време во една година починале 38 новороденчиња а сега кога се тиа не власт мртви се само 35 новороденчиња. За преглед и третман и за најтешките болести треба да се чека слободен термин дури и со месеци. Слична е состојбата и во образованието.

 Се уште свеж е впечатокот и  фалењето на минатата влада на чело со Никола Груевски, дека безработицата е намалена од цели 38% посто на сена се 23 посто. Според најновите податоци од документот “Годишен извештај од Регистерот на вработените во јавниот сектор“, на крајот од ланската година, во институциите на јавниот сектор имало нешто повеќе од 109.000 вработени.

Притоа дури и децата знаат дека од Македонија во запад се иселени некаде околу 600.000 илјади млади луѓе, со што автоматски се намалува бројот на неваботените кои се пријавуваат во бирото за вработување. А да не зборуваме затоа дека илјадници луѓе кои со години се пријавувале и чекале некакво вработување, изгубиле секакв надеж и престанале да се пријавуваат, со што се избришани од евиденцијата на невработени. Што во превод значи вештачки е намален бројот на невработените. Понатаму сегашнава влада смета зе голем  успех дека минималната плата во државата од 150 евра ја качил на 200 евра. Во една нормална земја на запад, овие пари се заработуваат за само 2-3 дена.

(Авторот Ремзи Џанова е новинар во Македонија)

 



Слични вести