Актуелно 17-2018

ГЕОПОЛИТИЧКИ ПРЕДИЗВИК И ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ

Актуелно 17-2018

Случувањата во Ирак и Сирија уште повеќе ќе го зголемат значењето а со тоа и товарот на Турција. Ќе биде ризично Турција во еден ваков критичен период да влезе со изборен товар. Во одлуката за одржување на избори на 24 јуни исто колку внатрешните динамики беа влијателни и актуелните случувања кои што се доживуваат долж границите и општо во регионот. Додека се цртаат карти не можеше Турција да губи време со предизборни кампањи. Дури и најмала политичка, воена и економска слабост што би ја покажала Турција би им нудело историски можности на САД и на силите кои имаат за цел да иницираат демографски промени. Одлуката за одржување на предвремени избори претставува потег против овие ризици.

Во врска со ова прашање ви го пренесуваме коментарот на истражувачот и публицистот Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Се додека не се стабилизираат политичките равенки во Ирак и Сирија Турција треба да следи интензивна надворешна политика особено кон својата јужна граница. Поради тоа што нејзината географска местоположба е нејзина судбина Турција нема луксуз да формира влада по период од шест месеци како западните земји. На просторите на Блискиот исток каде што цехот на политичката нестабилност е тежок, од животно значење е да се следи проактивна и ефикасна надворешна политика. Изборите на 24 јуни кога ќе се оствари преминот кон нов систем на управување се очекува Турција да води поефикасна политика во регионот. Кога би го зеле во предвид дека дури и еден кус период од два месеци кога Турција ќе се бави со предизборни кампањи би можело да доведе до промена на равенките во регионот. Меѓутоа поради тоа што се очекува во наредните години да се обликува иднината на Ирак и особено на Сирија, Турција со тоа што ги помести изборите нанапред ќе спречи да бидат зацртани картите и да се доведе до ситуација на свршен чин во регионот.

Плановите за долгорочно инвестирање на теренот во Сирија од страна на САД кон терористичката организација ЈПГ, сирискиот продолжеток на терористичката организација ПКК, целите на Русија и Иран за зацврстување на позицијата на режимот на Асад и приодот на Израел во регионот... Турција би требало да фрли чекори за одбрана на нејзините сопствени интереси. Додека Русија, Иран и Турција со процесот од Астана се обидуваат да стават крај на средината на судири во Сирија и да ја подготват основата за политичко решение, САД преку ЈПГ имаат различни аспирации. Пентагон кој планира обука на 65 илјади терористи на ЈПГ чии плати на крајот од 2018 година ќе бидат исплатени лично од страна на САД, им се заканува на територијалниот интегритет на Сирија и на националната безбедност на Турција. Тоа што во Сирија освен ДЕАШ и ЈПГ во голема мера се елиминирани другите терористички организации ги усмерија меѓународните актери да фрлат чекори во правец на тоа како ќе се воспостави поредокот по војната. По овој период кој што веројатно ќе трае неколлку години ќе биде определена судбината на Сирија и регионот. Поради тоа што Сирија е нејзин сосед со кој ја споделува најдолгата граница е од животно значење Турција да би можела лично да интервенира на овој процес. Со тоа што изборите се поместени нанапред Турција во овој процес нема да се бави со предизборни кампањи и ќе може да следи поефикасна надворешна политика.

Во подрачјето на Ирак пак терористичката организација ПКК го продолжува своето посетоење и директно и се заканува на Турција. Турција во моментов реализира воени операции против ПКК во границите на Ирак, Меѓутоа поради изборите во Ирак димензијата на воените операции е ограничена. По изборите во Ирак Турција заедно и со централната ирачка влада има за цел да стави крај на присуството на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во оваа земја. Од една страна планината Кандил, а од друга планината Синџар се користат како база од страна на ПКК. Турција со тоа што ги помести нанапред изборите ќе располага со посилна позиција за реализација на евентуална воена операција против терористичката организација ПКК во границите на Ирак.

Во општа смисла пак процесот на премин од парламентарна демократија кон претседателски демократски систем ги ослабуваше и забавуваше бирократијата и владата на Турција. Со брзо завршување на овој процес на премин Турција ќе може да произведува и применува поефикасни, побрзи и постабилни политики. Особено од аспект на надворешната политика откако ќе заврши преминот кон нов политички систем овој развој ќе ја ослободи и раката на Турција.

Тоа беше коментарот на истражувачот и публицистот Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА.



Слични вести