Актуелно 19-2018

Изборниот манифест на претседателот Ердоган и надворешната политика

Актуелно 19-2018

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го претстави изборниот манифест на својата Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) за изборите закажани за 24 јуни оваа година. Изборниот манифест содржи голем број ветувања на претседателот  Ердоган и неговата АК Партија во врска со економијата, здравството и внатрешната политика. Меѓутоа изборниот манифест истовремено држи светло и на целите и методите на Турција во надворешната политика доколку актуелниот претседател Реџеп Тајјип Ердоган повторно биде избран за претседател на изборите на 24 јуни.            

Во врска со ова прашање ви го пренесуваме коментарот на истражувачот и публицистот Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Едниот од значајните приоритети во надворешната политика на Турција во наредниот период сигурно ќе биде борбата против тероризмот. Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во изјавата што ја даде по обидот за преврат на 15 јули истакна дека борбата против тероризмот не остана во границите на Турција и дека тероризмот е поставен на мета и прекуграницата, во неговиот извор. Турските вооружени сили (ТВС) најпрвин со операцијата Еуфратски штит заедно и со Слободната сириска армија ја исчистија терористичката организација ДЕАШ од границата на Турција, а потоа со операцијата Маслиново гранче го исчистија подрачјето на Африн од терористичките елементи на ПКК/ЈПГ. Особено операцијата Еуфратски штит со тоа што долго време не доаѓа до напади од страна на терористичката организација ДЕАШ внатре во границите на Турција, покажува колку е правилен новиот приод на Турција во борбата против тероризмот. Истовремено безбедносните сили и разузнавачките единици кои применуваат притисок врз тероризмот внатре во Турција спречија голем број можни терористички напади. Воедно со операцијата Маслиново гранче е спречено префрлувањето на терористичката оирганизација ПКК/ЈПГ преку планините Аманос во подрачјето на градот Хатај. Во правец на изборниот манифест претставен од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по 24 јуни се очекува да се реализира нова прекугранична операција против тероризмот. Воените операции против терористичката организација ПКК внатре во границите на Ирак кои што продолжуваат во моментов би можело да се предвиди дека ќе продолжат со интензивирање и во наредниот период. Освен тоа меѓу плановите на Турција се наоѓаат и новите воени операции во рамките на борбата против тероризмот против ЈПГ/ПКК на северот на Сирија. 

Во контекст на изборниот манифест претставен од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се нагласува дека Турција не прифаќа ничие господарство и дека  не е ничиј господар. И покрај тоа што овој приод на Турција ги вознемири голем број Западни земји ќе продолжи надворешната политика на Турција која ги надгледува сопствените национални интереси во целиот свет и во регионот во кој се наоѓа. Особено тоа што претседателот Ердоган ја дефинира Турција како глобален актер отворено ги изнесува и целите на Турција во овој контекст. Меѓутоа Турција онака како што не прифаќа ничие господарство така и не е ничиј господар. Едниот од најголемите показатели на ова е особено политиката на Турција кон Африка која што се потпира на угледна врска и е со цел на помагање, а не за експлоатација. Тоа што Турција според бруто домашниот производ со голема предност е како земја која доставува најголема хуманитарна помош во светот, е показател за хуманитарната надворешна политика на Турција.

За да би можела ефикасната надворешна политика на Турција да биде одржлива и да се развива треба да се намали зависноста на Турција и да се зголеми нејзиното стратешко значење. Во тој контекст големо значење има одбранбената индустрија на Турција. Впрочем, одбранбената индустрија зазема значајно место во изборниот манифест претставен од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. Турција од 2011 година досега извозот во одбранбената индустрија го зголеми за 90 насто и се искачи на 18-тото место меѓу државите кои остваруваат најголем извоз на оружје во светот. Турција истовремено зависноста од надвор во одбранбената индустрија од 80 насто ја намали на 30 насто. Во наредните периоди се очекува да продолжи со зголемување порастот во одбранбената индустрија на Турција. Турција постигна успех во светски рамки особено по прашањето на беспилотните летала. Имено Турција е едната од шесте земји во светот која самата може да го произведува сопственото беспилотно летало. Воедно изјавата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган „ќе произведеме беспилотен тенк“ покажува колку е значаен актер Турција која носи идеја и новина во значајните технологии.

Зајакнувањето на Турција во одбранбената индустрија ја зголемува нејзината ефикасност во надворешната политика. Турција која е дојдена во значајна алтернатива во точката на продажба на оружје на пријателските и сојузничките држави го зазеде своето место на меѓународниот пазар во оваа сфера. Турција реализира извоз на оклопни возила во еден широк спектар од Африка до Заливските земји и од Централна Азија до Малезија. Тоа што Турција на Пакистан му продава хеликоптери АТАК и бродови, на Катар му продава наоружани беспилотни летала Бајрактар ТБ2 (TB2) и придава живот на турската економија, ги зајакнува активоностите за истражување и развој и ја зголемува ефикасноста на Турција во надворешната политика.   

Тоа беше коментарот на истражувачот и публицистот Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...           



Слични вести