Два важни случувања на Блискиот исток: Ерусалим и избори во Ирак

Деновиве на Блискиот исток се доживуваат два значајни настани, ситуацијата околу Ерусалим поточно по преселувањето на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим и изборите во Ирак.

Два важни случувања на Блискиот исток: Ерусалим и избори во Ирак

Актуелно 20/2018

 Два важни случувања на Блискиот исток: Ерусалим и избори во Ирак

Деновиве на Блискиот исток се доживуваат два значајни настани, ситуацијата околу Ерусалим поточно по преселувањето на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим и изборите во Ирак.

За темите имаме коментар на Џан Аџун новинар-истражувач во Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА.

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја пресели американсата амбасада од Тел Авив во Ерусалим предизвика жестоки реакции во светот. Повеќето членки на Советот за безбедност на ОН беа против оваа одлука но САД ставија вето на истата така да проектот се реализира деновиве.Турција побара исто така итно свикување на Организацијата за исламска соработка, од каде проилезе осуда на Трамп, но влазудно, така што светот уште еднаш ја увиде вистинитоста на слоганот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган „Светот е поголем од 5“те членки на СБ“.

По сиве овие случувања претседателот Трамп не отстапи од својата одлука како да сакаше да покаже дека пророштвото на Евреите Евангелисти дека Ерусалим еден ден ќе биде главниот град на Израел ќе биде остварено.Факт е дека во кабинетот на Трамп работат голем број на Евреи Евангелисти, освен тоа свештеникот кој Трамп го испрати на свеченото отворање на американската амбасада во Ерусалим е познат по неговите радикални евангелистички ставови. Амбасадата на свечен начин ја отвори ќерка му на Трамп во придружба на нејзиниот сопруг.Во исто време Палестинците приредуваа мировни демонстрации на најголемиот светски затвор на отворено, Газа. Израелската полиција употреби вистински куршуми против демонстрантите што предизвика смрт на 63 и ранување на над 3000 Палестинци.

На една страна демонстрации на Палестинци на кои израелската полиција пукаше со вистински куршуми а на друга свечено отворање на американската амбасада со присуство на зетот и ќерката на претседателот Трамп.И покрај тоа што на видео и фото снимките се гледаше како се одвиваат демонстрациите САД го обвини Хамас, што може да се толкува единствено како ароганција на САД.Една од причината за сосема мирното однесување на Америка е во тоа што арапските држави не застануваат во одбрана на Палестинците, туку наместо тоа се грижат за своите престоли. За разлика од нив пак Турција е единствената земја која најмногу се бори за правата на Палестинците.Турција прогласи 3 дневна жалост по повод големиот број загинати Палестинци во демонстрациите, а турскиот парламент дури усвои и декларација со осуда на Израел, и не само тоа туку Турција ги отповика своите амбасадори во САД и во Израел, а израелскиот амбасадор во Анкара беше протеран назад во неговата земја.

Друг важен настан деновиве беа изборите во Ирак.

Излесноста на изборите изнесуваше едвај 44 посто што многумина го толкуваат како немање доверба на граѓаните на оваа земја во политичарите.

На изборите фаворити беа кандидатите на  премиерот Хајдар ел Ибадин,потоа на поранешниот премиер Нури ел Малики, на шиитскиот лидер Муктеда ел Садр и на групите околу Хашди Шаби.На изборите беа истакнати и кандидатите на сунитскиот лидер Усаме ен Нуџејфи и шиитскиот лидер Амар ел Хеким.

За разлика од Хајдар ел Ибади и Муктеда ел Сард чии кандидати се сметаат за блиски со Америка и Саудиска Арабија, кандидатите на поранешниот ирачки премиер Нури ел Малики, групите под чадорот на Хашди Шаби се познати како блиски кон Фатах и Иран. Како што соопшти Високиот комесаријат на независната ирачка изборна комисија, на изборите како први се очекува да се истакнат групите блиски со Муктеда ес Садр, а како втори групите на Хашди Шаби.Како трети се истакнуваат кандидатите на актуелниот ирачки премиер Хајдар ел Ибади а како четврти кандидадите на поранешниот премиер Нури ел Малики.

Сето тоа наведува на податокот дека политичкото влијание на Иран се намалува во Ирак, но дека сепак на воен план Иран е сеуште силно присутен во соседен Ирак.

Изборните резултати во Ирак покажаа дека САД и Саудиска Арабија успееја делумно да го зголемат своето влијание во оваа земја.А што се однесува до Турција може слободно да се констатира дека,Турција ќе преземе поопсежни воени операции против терористите на ПКК во Ирак после изборите во оваа земја.Една поопсежна воена операција на турските вооружени сили во северот на Ирак, а со поддршка на централните власти во Багдад ќе се смета за многу позитивен настан од аспект на унапредување на турско-ирачките односи.

Тоа беше коментарот на Џан Аџун новинар-истражувач во Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА на тема Два важни случувања на Блискиот исток: Ерусалим и избори во Ирак.



Слични вести