Актуелно 21/2018

Кога ќе погледнеме кон тајмингот гледаме дека започнатиот потег кон Катар беше доживеан по еден меѓународен состанок на 21 мај 2017 година во главниот град на Саудиска Арабија Ријад на кој учествуваше и американскиот претседател Доналд Трамп

Актуелно 21/2018

Пред некаде околу една година бевме сведоци на една медиумска кампања која што започна со хакирањето на официјалната новинска агенција на Катар и испраќањето односно сервирањето во оваа агенција на некои лажни интервјуа на катарскиот емир. Оваа медиумска кампања со текот на времето се претвори во директно поставување на мета на Катар од страна на коалицијата формирана под водство на Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија и со поддршка и на САД. Оваа коалиција го земаше под целосна опсада Катар од воен, политички и економски аспект и речиси ја принудуваше оваа земја да се предаде.

Во врска со ова прашање ви го пренесуваме коментарот на новинарот-истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Кога ќе погледнеме кон тајмингот гледаме дека започнатиот потег кон Катар беше доживеан по еден меѓународен состанок на 21 мај 2017 година во главниот град на Саудиска Арабија Ријад на кој учествуваше и американскиот претседател Доналд Трамп. Во тој контекст Бин Селман и Бин Зајед кои се нарекуваат „Двајца Мухамеди“ откако на самитот во Ријад ја загарантираа поддршката на Трамп, преминаа во акција. Го оценуваа Катар како сериозна закана во нивната нова регионална визија која што ја формираа заедно со Израел и се нафатија да вложат напори за елиминирање на оваа закана по секоја цена. Тоа што Катар заедно со актери како Турција заедно и со процесот на Арапската пролет ја поддржува оската на промена и отпор во регионот, обезбеди да се појави на преден план како темелен елемент поставувањето на мета освен на економската моќ што ја држи Катар во свои раце и медиумската моќ со која располага оваа земја.

Меѓутоа кога ќе се вратиме една година наназад и ќе направиме проценка на сето тоа се гледа дека потегот против Катар беше неуспешен во секоја сфера. Поддршката и можностите кои што ги доставија блиските сојузници како Турција и воздржаната и рационална дипломатија на Катар, ги направи неуспешни потезите против оваа земја. Конечно веќе гледаме како почнаа целосно да ја менуваат својата позиција и САД. Санкциите кои што ги спроведуваат Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија врз Катар веќе се претворени во еден вид товар за нив самите.

Заедно со Катар на мета беше поставена и Турција

Едно од барањата на коалицијата од чија страна беше поставен на мета Катар беше да се затвори турската воена база во Катар и да се прекинат воените договори кои што продолжуваат помеѓу оваа земја и Турција. Според мое мислење во врска со тоа постојат две причини. Како прво, сметаа дека без воената поддршка на Турција Катар ќе претставува многу полесна цел за нив. Имено, воената база на Турција во Катар и постигнатите воени договори за обука со катарската армија го доведуваа Катар во посилен актер пред нив. Како второ пак, военото и политичкото присуство на Турција во регионот се оценуваше како  закана од аспект на регионалната политика на „Двајцата Мухамеди“ (Бин Селман и Бин Зајед) и Израел. Конечно тогаш кога сакаа да го дизајнираат широкиот исламски простор од Палестина до Катар по сопствена желба, се нафатија на обиди за елиминирање или ослабување на актерите кои можеа да се спротивстават на овие потези. Секако Турција и Катар целосно ги отфрлија овие барања и ги продолжија своите воени односи во склопот на взаемните интереси.  Особено ефикасната политика на Турција создаде значајно влијание во неуспешноста на потезите против Катар.

Турција смета дека повеќе од Саудиска Арабија се поставува на мета од страна на Обединетите Арапски Емирати и всушност во однос на ова се добиени и голем број знаци. Во e-mail пораките на амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати во САД Јусуф ел-Утејбе кои беа инфилтрирани во печатот отворено се презентира како Обединетите Арапски Емирати речиси на секоја платформа спроведуваат кампањи против интересите на Турција и како Обединетите Арапски Емирати во однос на различни региони од Либија до Сомалија и Сирија ја поставуваат за цел Турција, соработувајќи притоа со Израел и со некои други актери. Турција секако не одговара на сличен начин на онаа валкана игра на Обединетите Арапски Емирати кои даваат мито, поткупуваат луѓе па дури им пружат и поддршка на некои терористички организации, меѓутоа исто како што беше случај со последните  доживеани настани во Сомалија им одговара на Обединетите Арапски Емирати на јазик од кој што се разбираат. Турција како коренита држава со нејзините политички институции и армијата и како мошне ефикасен актер во регионот во кој се наоѓа, со цел воспоставување на стабилноста на регионот се наоѓа директно на терен во земји како што се Ирак и Сирија. Таа освен во Катар го зацврстува своето присуство од воен аспект во голем број регионални земји како што е Сирија. Со улогата што ја одигрува по прашањето со Ерусалим Турција покажува дека ќе се бори за интересите на исламскиот свет и угнетените народи.

Тоа беше коментарот на новинарот-истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...



Слични вести