И официјално Република Северна Македонија

Дваесет и седум годишниот спор околу името изминатава недела на 17 јуни 2018,со потпишување официјален договор од страна на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција доби свој епилог

И официјално Република Северна Македонија

    Дваесет и седум годишниот спор околу името изминатава недела на 17 јуни 2018,со потпишување официјален договор од страна на министрите за Надворешни Работи на Република Македонија Никола Димиров и неговиот грчки колега Никос Коцијас,и со ратификување од страна на македонскиот палрламент доби свој епилог. Според постигнатиот договор, Република Македонија во иднина (откако ќе се исполнат сите преземени обврски кои произлегуваат од потпишаниот договор, а кои се по доста)ќе се вика Република Северна Македонија. Но за возврат на Македонија и се твараат портите за влез во НАТО, како и виза за започнување на преговори за членство во Европската Унија. Навистина време е Македонија и нејзините жители да се издигнат над стереотипите „на комшијата да му цркне козата. Се разбира дека ќе има луѓе кои се и ќе бидат против овој договор. И нека бидат против, ама треба да се дадее простор за здраворазумска дискусија, за дебата,  да се нудат аргументи зошто сте против.

      Основата на договорот потпишан меѓу Скопје и Атина, е тоа што во истиот е прецизно утврдено како Грција го толкува и поимува поимот Македонија и македонски, и тоа како Македонците за самите себеси  го толкуваат и поимуваат поимот Македонија и македонски.За нив МАКЕДОНИЈА е дел од Хеленскиот антички период и ова е така без дилема, не постои Универзитет во светов кој има поинакво толкување на овој факт. Македонците не би требало да имаат никаков проблем со тоа. За Македонците Македонија е нивната земја во која живееле нивните предци, во која живеат тие, со која го идентификуваат нивниот етнички код и се Македонци и зборуваат на македонски јазик и повторно во Грција немаат проблем со македонското поимување. Македонскиот идентитет како Македонци, со сите атрибути, јазик, историја, културно наследнство е затворено поглавје за Грција, за нив Мaкедонците се официјално Македонци кои зборуваат македонски јазик.Се разбира ова е утврдено и со потпишаниот допговор, на хартија, значи овој договор не е потпишан за нечија желба.Македонците со овој договор добија потврда за терминот „Македонци и македонски јазик“ во договорот кој треба да биде ратифициран во парламентите на двете држави. Македонската Химна, Грбот и Знамето остануваат какви што се и тука ништо не се менува.

– Во патните документи во графата државјанство/националноста (Nationality) е утврдено да биде „Македонско / граѓанин на Република Северна Македонија“.

– Република Грција по ратификацијата на договорот во македонскиот парламент ќе испрати писмо во Брисел со кое укажува дека нема повеќе вето за членството на Маедонија во НАТО.

– Македонија во јули 2018 година де факто станува 30-та членка на Алијансата.

– Атина ќе испрати и второ писмо до Советот на министри на Европската комисија, во кое ќе препорача да Македонија да добие датум за отпочнување на преговори за полноправно членство во Европска Унија.

– Овој датум, Македонската страна ветува дека, кога ќе биде добиено, ќе го одработи брилијантно, до таа мера што ќе се акцелерираме целиот процес со цел да се скратат роковите за влез во ЕУ. И треба и второ знаме македонско во Брисел, покрај тоа што ќе се развиори во седиштето на НАТО.

   Сметам дека ова е вистинскиот пат за Македонија и за сите граѓани кој води кон економски развој, благосостојба, целосна слобода на движење луѓе, развој на културно и прогресивно општество во кое не само што сите сме еднакви, туку и секој ќе има шанса да го искористи својот потенцијал до максимум. Верувам поради заканата од нови изгубени генерации. oчигледно дека многумина овие денови ја користат таа фраза и сфаќам дека не само една генерација смета дека е изгубена, туку многу генерации го имаат тоа одвратно, би рекол бедно чувство. За да се постават овие критериуми потребно е тренирање, на Македонија и требаат пријатели да пружат рака и да ја повлечат, и што е по интересно Македонија овие пријатели ги има. Договорот е јавно поздравен од целиот демократски политички свет.

    На крајот, сакам да завршам со чиста и јасна порака дека одговорноста не е еднаква за сите во овој момент. Секој политичар во Македонија има голем товар за тоа каква одлука треба да донесе и кој концепт треба да го застапува. Не е иста одговорноста на еден селанец од истокот на Македонија или од Западна Македонија, и на еден политичар кој претендира да биде лидер на нацијата. Тој селанец кој ќе треба да оди на сандук и да гласа на реферандумот за прифакање или не на овој потпишан договор, треба да е свесен дека останува Македонец, дека останува да зборува на македонски јазик, а не да биде лажен и манипулиран дека некој му ја полни главата дека идентитетот му е загрозен.Не е разбирливо, ниту ќе биде прифатливо, политичари да повикуваат на насилство и да креираат атмосфера на апокалипса во земјата. Нетреба да закрвавии народот, доста беше.Треба да се покаже минимум одговорност, да се овозможи на граѓаните на Македонија вистинска информација да се понудат аргумент зошто да гласаат за или против и да се остават да изберат. Настрана треба да се остават сите поделби во минато. Бидејки времето е време на аргументи. па нека процени и донесе одлука народот, на кој сите се повикува.

     Околу промената на Уставот и ревизија на учебниците, процедурите се јасни. Во учебниците нема да може да се диктира грчко гледање или толкување на нМакедонската историја бидејќи комисиите ќе бидат заеднички. Тоа ќе се случи откако договорите ќе бидат ратификувани и ќе влезат во сила и во двете земји. Грција нема да ги има целосните алатки на уцена да може да наложува како дечињата во Македонија, ќе ја учат својата историја.

   Целиот фокус на Грција во последните 27 години беше токму да се отстранат идентитетските обележја на Македонија, кои покрај името на државата се и јазикот и името на мнозинското население. И ако се анализираат документите каде што Грција има одлучувачка одлука, како ЕУ, терминот македонски јазик не постои. Во сите преговарачки позиции до сега, за Грција ерга омнес значеше комплетно менување на придавката за сите одредници. Сега тоа се сведе само на јавните институции  но Договорот овозможува отсега натаму да не се чепка во ниту една друга сфера. И тоа не е само приватна сфера туку и јавна. Се’ што се однесува на македонскиот идентитет, како колективниот идентитет Македонци, јазикот, историјата, фолклорот, културата итн, секако дека ќе можат да ја носат придавката “македонски”. Тоа го обезбедува членот 7, став 3 од Договорот. И според овој член, Грција се обврзува да не го негира правото Македонскиот народ, култура, историја, традиции итн да се нарекуваат македонски. Таа го задржува истото право да го чува своето хеленистичко наследство како македонско од периодот на Александар Велики. Тоа е крупен дел од спорот и без вакво решение компримис никако немаше да биде можен. Договорот ништо не вели за македонскиот јазик, туку само го именува така, без какви било додавки.

Јасно е дека договорот е компромис кои на места е болен. Но, за оние што добро ја познаваат грчката политика кон македонското прашање, не само од последните 27 години туку од последните 100 и кусур години, знаат дека овие решенија кои сега се издејствувани  овозможуваат да се оди  и продолжи понатаму достоинствено. И конечно, вистина е дека Грците сосема на крајот ќе го ратификуваат Договорот за тој да може да влезе во сила, откако ќе се направат промените на македонската страна. Но, доколку Грција го изигра и ова решение, договорот секако ќе биде ништовен. Се враќа ситуацијата пред договорот. Тоа значи дека какви било уставни измени ќе бидат ништовни.

(Авторот Ремзи Џанова е новинар во Македонија )



Слични вести