Турција во предвечерието на историските избори

Актуелно 25/2018

Турција во предвечерието на историските избори

Резултатите од изборите во Турција на 24 јуни во недела ќе ја зајакнат регионалната и глобалната улога на Турција и ќе го зголемат нејзиното значење и нејзиниот товар. Во период кога се зацртуваат нови карти во регионот Турција не можеше да губи време со периодот на премин кон новиот систем на управување. Дури и најмала политичка, воена и економска слабост што ќе ја презентира Турција ќе им нуди историски прилики  на САД и силите кои целат кон демографска промена. По изборите Турција се очекува да следи посилна и поактивна надворешна политика на масата и на теренот.     

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Се додека не се стабилизираат политичките равенки во Ирак и Сирија, Турција треба да следи интензивна политика особено кон своите јужни граници. Поради тоа што географската местоположба е судбина, Турција не располага со луксуз да формира влада по период од шест месеци од изборите, како што е случај со западните земји. На просторите на Блискиот исток каде што цехот на политичката нестабилност е тежок од животно значење е да се следи проактивна и ефикасна надворешна политика. По изборите на 24 јуни, во недела, кога ќе се реализира преминот кон новиот систем на управување, се очекува да бидат поефикасни  политиките на Турција во регионот. Поради тоа што се очекува во наредните години да се обликува иднината на Ирак и особено на Сирија, Турција со тоа што го помести одржувањето на изборите на напред ќе може да го спречи зацртувањето на новите карти во регионот и доведувањето во состојба на свршен чин.

Турција треба за фрли чекори кои што ќе ги одбранат нејзините сопствени национални интереси од плановите на САД за долгорочно инвестирање на теренот во Сирија кон терористичката организација ЈПГ, сирискиот огранок на ПКК, целите на Русија и Иран за зацврстување на позицијата на режимот на Асад и приодот на Израел во регионот. Додека со процесот од Астана Русија, Иран и Турција се подготвуваат да подготват основа за ставање крај на средината на судир и политичко решение во Сирија, САД имаат различни аспирации преку ЈПГ.

Пентагон кој планира обука на 65 илјади терористи на ЈПГ чии плати пак до крајот на 2018 година беа исплатени лично од страна на САД, се заканува на територијалниот интегритет на Сирија и националната безбедност на Турција. Наспроти тоа патната карта за Менбич за која што постигнаа согласност САД и Турција освен за Менбич би можела да дојде во положба на модел и за другите подрачја под контрола на ЈПГ.

Тоа што освен ДЕАШ и ЈПГ во голема мера се елиминирани останатите терористички организации во Сирија, ги усмери меѓународните актери да фрлат чекори во правец на тоа како ќе се воспостави поредокот по војната. На крајот на овој процес кој што веројатно ќе трае неколку години ќе бидат определени судбината на Сирија и регионот. Поради тоа што Сирија е соседна земја со која Турција ја споделува најдолгата граница, од животно значење за Турција е да би интервенирала лично во овој процес.

Во подрачјето на Ирак пак продолжува присуството на сепаратистичко-терористичката организација ПКК која директно и се заканува на Турција. Турција во моментов реализира воени операции внатре во границите на Ирак. Турските вооружени сили (ТВС) кои во рамките на Операцијата Одлучност ги исчистија маршрутите на премин на ПКК внатре во Ирак и кои се распоредени во подрачјето, чекор по чекор напредуваат кон планината Кандил, центарот на терористичката организација. Операцијата од копно освен тоа што е поддржана со бомбардирања од воздух голема поддршка се обезбедува и со активностите за набљудување кои што се реализираат со беспилотни летала ИХА и наоружени беспилотни летала СИХА.

По изборите во Ирак, Турција заедно со централната ирачка влада има за цел да стави крај на присуството на сепаратистичко-терористичката организација ПКК на територијата на оваа земја. Од една страна планината Кандил, од друга планината Синџар се користат како база од страна на ПКК. Турција по изборите во правец на разговорите кои што ќе ги оствари со централната ирачка влада и Регионалната курдска управа во Северен Ирак ќе се обиде да обезбеди придобивка против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во општа смисла пак; процесот на Турција од парламентарна демократија кон демократија со претседателски систем на управување ја ослабуваше и успоруваше работата на бирократијата и владата во земјата. Со завршување на процесот на премин набрзина Турција ќе може да развива и применува поефикасни, побрзи и постабилни политики. Особено од аспект на надворешната политика откако Турција ќе го заврши преминот во политичкиот систем ќе биде послободна и нејзината рака.  

Тоа беше коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...



Слични вести