Ќе најдат ли компромис македонските политичари?

По Преспанскиот договор околу името постигнат меѓу Македонија и Грција, отворен е патот за преговори на Република Македонија со Европската Унија, како и нејзиното полноправно членсто во НАТО

Ќе најдат ли компромис македонските политичари?

Веќе е познато дека по завршувањето на драматичните десетчасовни разговори на европските министри во Луксембург, откако беше усвоен заклучокот дека на Македонија и на Албанија им е отворен патот за преговори со ЕУ, но нивното досие ќе биде повторно разгледано на 19 јуни идната година. Овој закључок  Европските медиуми го  толкува секој на свој начин. Некои тврдеа дека  „ЕУ ги одложи преговорите со Македонија и Албанија“. Но Македонскиот Премиерот Зоран Заев на  македонската јавност  самоуверено порача дека „Македонија доби чист датум за почеток на преговори“ и најави дека околу 20 јули еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ќе дојде во Скопје за да започне процесот на скрининг.Тука морам да напоменам дека не само во европските медиуми, оваа одлука од Брисел,различно се толкуваше и се уште различно се толкува од позицијата и опозицијата во земјата. Додека Премиерот Заев тврди дека сме добиле датум за почеток на преговорите чист како солза, опозицијата и кругови блиски до неа го тврдат спротивното. Дека на Македонија и е даден условен датум. На што позицијата пофторно се спротиставува и тврди дека и на Црна Гора како и на Србија исто така им дадоа датум после 7 односно три месеци. Згора на тоа македонскиот премиер тврди дека Комесарот за Проширување на ЕУ Јоханес Хан веќе на 20 јули ќе допатуува во Македонија со што ќе се отвори процесот за скрининг (следење) на припремите окоу започнувањето на преговорите.Но има и такви кои велат дека Македонија веднаш треба да ги почне најзначајните преговори за сигурен влез во ЕУ и во НАТО. Но како многумина и јас сметам дека Македонија пред да започне преговори со ЕУ, прво внатре во земјата треба да преговараат Македонци со Македонците. Бидејки разликите околу ова во самиот македонски табор се толку длабоки што изгледаат како непремостиви. Откако внатре во земјата самите Македонци меѓусебе ќе најдат заеднички јазик и постигнат компромис околу ова прашање, дури тогаш Македонија треба да започне преговори со ЕУ и НАТО. Двете најголеми македонски партии во земјата на одговорен начин треба да седнат на иста маса, заборавајки на дневно политичките интереси на своите партии, да се договорат по ова прашање. Бидејки во изминативе години и двете македонск најголеми партии се колнеа во тоа дека единствена цел им е земјата да ја внесат во евроатлантските структури. Впрочем тоа може да се види и во низвните партиски програми. Бидејки работите во Европската Унија и не изгледаат баш така розови.

      Како што напоменав и по горе, по прашањето дали на Македонија и е даден безусловен датум за почеток на преговори, или е тоа условен датум има различити толкувања. Се разбира секој  може да ги толкува различно заклучоците на европските министри. Особено како што велат, кога ќе бидат спакувани во неверојатно заплетканиот бриселски вординг. Очигледно датум за преговори има, но за датумот повторно ќе се разговара и ќе се преоценува. Бидејки Земјите на ЕУ буквално се караат околу  сосема друѓи прашања како што се: имигрантската политика, субвенциите,  распределбата на буџетот,  заштитата на еврото,и слични прашања.  Очигледно е дека  горчлива дебата за тоа дали на Македонија да и доделат датум за почеток на преговори, не е поголема, или поважна , од нивните внатрешни проблеми, особено околу кои се разидуваат. И ова различно толкување на прашањето дали е даден безусловен датум на Македонја за почеток на преговорите или дали треба да и се додели датум, покажа колку може политиката да биде променлива па дури и дволична. Парадоксално ќе звучи но вистина е дека Грчкиот Министер за Надворешни Работи Никос Коцијас, на овој министерски состанок во Луксембург бил најголемиот агитатор за давање на безусловен датум за почеток на преговорите на Македонија. Парадокс од причини што само до пред некој месец, Грчката влада беше таа  која ги кочеше евроатлантските аспирации на Македонија.Но тој „магичен„ договор меѓу Македонија и Грција постигнат и потпишан во Преспа од корен ѓи смени нештата.

      Во овој случај уште еднаш се виде разногласието меѓу самите членки на Унијата внатре. Ако се анализираат настаните од пред неколку месеци, ќе се види дека  кључната земја која го посади семето на раздорот околу давање датум за реговори на Македонија беше Франција.  Односно нејзиниот новопечен Лидер Емануел Макрон. Бидејки „неговата екселенција Макрон„ има големи желби и апетити. Човекот сака  да стане лидер на Европа. Но тој има страв од пораст на крајната десница пред европските избори идната пролет. Прашање на време беша само, кога и како ќе се оваа француска политика околу ова прашање. Да потсетиме дека уште пред неколку месеци се појави така наречениот „Нон Пејпр„ Во кој документ имаше скепса за тоа дали на Македонија па и на Албанија да им се дадат датуми за преговори. Но интересно е тоа што овој став не го делеше само Франција и нејзиниот Претседател Макон. На иста линија беа и Холандија, Данска ,дури и Австрија како и Унгарија па донекаде и Италија.Иако оваа година далеку по мал е бројот на имингрантите кои бараат засолниште во европските земји или членките на Унијата, емигрантската криза или стравот од напливот на имигрантите е навистина голем. Дури тој страв ги обликува политиките на владите на земјите членки на Унијата. Европските Лидери Како што се Макрон, Холандксиот Премиер Марк Руте, Австрискиот Канцелар Себастијан Курц, Унгарскиот Пемиер  Викто Орбан не само што се спротиставуваат на  политиките на Ѓерманската Канцеларка Меркел, дека околу мигрантското прашање треба да се најде компромис меѓу членките на заедницата и мигрансткиот товар подеднаксво да го сносат сите, туку и не се воздржуваат да кажат дека се популисти, кои наводно работат во интерес на своите граѓани.

     Од тука и ставот на Францускиот Претседател Емануел Макрон пред политички ослабнатата Меркел, треба да се барат сојузници меѓу горе наведените имиња или полулисти.Еве например австрискиот министер за ЕУ, Гернот Блумел, изјави дека побарал Европската комисија да го подготви теренот за отворање преговори за приклучување на Македонија и Албанија но, се разбира, доколку одредени услови бидат исполнети“. Тој инсистира за натамошни видливи и одржливи резултати на двете земји.

    Мора да се признае дека рееформската влада на Зоран Заев со потпишувањето на договорот за името со Грција, во суштина голтна една тешка и голема кнедла. А за возврат што добива. Добива „награда„ и тоа дозирана или на рати. И тоа во моментот кога на Македонија и треба најголемета подршка и помош на земјите членки на ЕУ.

     На сите ни е повеќе од јасно дека пред ваквиот хаос во Унијата, внатре во Македонија, пред да започнат преговорите со Унијата треба да се договорат Македонците со Македонци. Без да си упатуваат навреди од типот  „патриоти“ и „предавници“. Во спротивно дури после тоа може да се тргне на долгиот пат кој води до Брисел. Не за два месеца, не за 11 месеци, кога треба да станеме членка на НАТО, не за седум години, колку што нѐ делат од членството во ЕУ, туку и наредните десетици години не ќе можеме да стасаме никаде.

(Авторот Ремзи Џанова е новинар во Македонија )



Слични вести