Национални проекти за безбедност и одбрана 01/2018

Резултатите од најновите проекти на турската одбранбена индустрија во последните години имавме прилика да ги видиме во воените операции Штитот на Еуфрат и Маслиново гранче

Национални проекти за безбедност и одбрана 01/2018

Резултатите од најновите проекти на турската одбранбена индустрија во последните годиниимавме прилика да ги видиме во текот на реализацијата на воените операции на Турските вооружени сили надвор од границите, поточно во Сирија и тоа во воените операции Штитот на Еуфрат и Маслиново гранче. Светот со внимание ги гледаше најновите турски достигнувања како што беа национални оружја, беспилотни летала ИХА, и други. Турција порано беше земја која зависеше од надвор во одбраната а денес е веќе земја која самата произведува бродови, тенкови, радари, беспилотни летала,оружје,муниција па дури и сателити. Овој подем е особено видлив во последните 15 години.

Нури Демирдаг:„Орелот на победата слета на крилото на авионот“

Ако се фрли поглед на историјатот на турската одбранбена индустрија ќе се забележи дека и покрај сета пожртвуваност на вработените овој сектор не го добиваше заслуженото внимание од страна на претходните раководства.

Животната приказна на Нури Демираг познат претприемач во Турција, од 1930’тите години, е најдобар пример за тоа зошто турската одбранбена индустрија со години беше запоставувана.

Тој го доби надимакот Демираг ( железна мрежа) бидејќи е заслужен за изградба на неколку железнички линии во Турција.Во 1939 година го произведува првиот турски домашен авион, отвора пилотска школа каде обучува пилоти. Неговата изрека е следната : Победата полета од врвот на бајонетот и слета на крилото на авионот“. Со тоа на најочигледен начин покажа дека иднината е во небото. Тој ја гради и првата фабрика за производство на авиони.

Сепак тажно е тоа што на овој исклучително напреден човек му се случуваат низа потешкотии. Наидува на негативен прием кај тогашниот министер за урбанизам Али Четинкаја кому му го нуди проектот за изградба на браната Кебан во 1933 година.Али Четинкаја е едниот од тројцата Али’и кои работеле во Револуционерните судови.Пред Демираг да му го покаже проектот тој му рекол: Да господине Нури ќе си правел брана.Со кого,како и на кој начин ќе можеш да реализираш еден толку голем проект?Да речеме дека успеа ,ја изгради браната кому ќе ја продадеш струјата која ќе се добива од таа брана? Но Демираг кој на разговорот доаѓа подготвен заедно со својот најблизок соработник спремно одговара на сите прашања. Но министерот не изгледа многу заинтересиран.  Откога Демираг на крајот вели „Се работи за индината на земјата“, министерот му возвраќа со следните зборови: „ Ти ли ќе мислиш за иднината на земјата, ако некој мисли на тоа,тоа сме ние.“ Сепак проектот на Демираг за изградба на браната Кебан повторно станува актуелен во 1966 година а неговата реализација трае 10 години. Реализацијата на проектот доцни цели 33 години и тоа само поради каприциознот на државен службеник.

Нури Демираг во 1939 година го произведе првиот домашен авион

Во 1935 година се јавува потреба од набавка на авиони, така да се организира кампања која им нуди можност на донерите кои донираат најмалку 10 000 лири за реализација на проектот, авионот да го добие нивното име.Нури Демираг целото богатство го троши за да го направи првиот турски домашен авион. Тој целиот свој капитал го гледаше како народна сопственост. Тој мислеше дека турскиот авион не треба да биде копија на европските и американските авиони, туку да биде чисто турски модел. Во 1936 година ги фрла темелите на фабриката за производство на авиони во Бешикташ,Истнбул, како и писта која се наоѓа на денешниот простор во близина на аеродромот Ататурк во Јешилќој, Истанбул.

Неговата екипа работеше деноноќно, но по смртта на Ататурк во 1938  година почнаа политички недоразбирања, така да тоа се одрази и на индината на авионите на Демираг. Еден негов авион поради технички пропуст падна на една нива во Ескишехир, што негативно се одрази на неговите планови за продажба на авионите. Демираг бараше правда со сите средства но не успеа во неговата борба.На тој начин уште еден негов проект кој ќе имаше големо влијание врз иднината на земјата заврши во фиока.

Основен турски проект за развој на авион за почетна обука Хуркуш

Денес благодарение на визијата на раководството и поддршката на надлежните органи се реализираат голем број проекти од националната одбрана. Заокружено е производството на прототипот на првиот турски авион Хуркуш.

Во тек се активностите во 2023 година на небото да лета првиот турски домашен авион Хуркуш.

Авионот Хуркуш- Основен турски проект за развој на авион за почетна обука е оригинален и изграден да одговара на потребите на военото воздухопловство.Освен тоа постои и Хуркуш-Ц верзија на овој авион кој ќе биде снабден со оружје.

Проект за национален борбен авион

Проектот за национален борбен авион е замислен да одговори на барањата на турската авијација за периодот по 2030 година. Проектот е замислен да се реализира целосно со домашнен оригинален дизајн, а неговата реализација да биде заокружена до 2030 година .

Проект за заеднички десантен авион

Проектирањето и производството на последната генерација на воениот авион Ф-35 од најновата генерација на авиони, со еден пилот, еден мотор, многунаменски и со минимална видливост се реализира од страна на меѓународниот конзорцијум на чело со САД а во кој влегуваат и Британија, Италија, Турција, Холандија, Канада, Австралија,Норвешка и Данска. Турција планира да набави 100 од овие авиони. Првиот авион Ф-35 Турција со пригодна свеченост го презеде на 21 јуни годинава во базата Форт Ворт во Тексас. Моментално турските пилоти се наоѓаат во САД на обука за летање со овие авиони.

Се предвидува Турција да биде база за поправка и одржување на авионите Ф-35 во Европа.

Средниот труп на овој авион освен во САД се произведува само во Турција. Освен тоа во Турција се произведуваат и композитни компоненти А/Б/Ц  и метални под трупови за Ф-35,а воедно во Турција од страна на компанијата Рокетсан се произведуваат и интегрираат Сом-Џ компоненти на Ф-35.

Државата денес стои зад сите проекти и ја поддржува нивната реализација,за разлика од претходните раководства кои наместо да ги поддржат ги блокираа.

Во следните продолженија од оваа серија ќе говориме за историјата и на  други слични прокети од одбраната.



Слични вести