Турција успеа да земе под своја заштита милиони Сиријци

Актуелно 39/2018

Турција успеа да земе под своја заштита милиони Сиријци

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин по остварената средба на 17 септември во Сочи одржаа заедничка прес-конференција. Двајцата лидери во заедничкото соопштение нагласија дека постигнале согласност по прашањето на формирање на демилитаризирана зона во подрачјето на Идлиб во Сирија. Од друга страна, веднаш по овој критичен самит во објавеното соопштение од руското министерство за одбрана беше истакнато дека нема да се реализира операција во Идлиб.

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Со постигнатата спогодба Турција постигна голем успех. Одлучниот став на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, тоа што во последно време така да се каже го посвои односно го зеде под свој закрила прашањето со Идлиб, потезите кои што ги повлече и инсистирањето за прекин на огнот во Техеран, сето тоа истовремено се одрази и на терен. Во последните денови Турските вооружени сили (ТВС) реализираа мошне значајни појачувања во подрачјето на Идлиб. На 12-те набљудувачки пунктови на Турција во Идлиб беа испратени голем број дополнителни воени возила, тенкови и воени единици. Турција им покажа на Русија, Иран и Асадовиот режим и на шиитските милициски сили колку е одлучна во сево ова. Секако од една страна дипломатските преговори кои што беа водени и од друга истовремно воените чекори кои што беа фрлени на теренот конечно вродија резултат. Русија во Сочи во сериозна смисла фрли чекор назад. Русија, Иран  и Асадовиот режим сакаа да реализираат обемна воена операција во Идлиб. Беа во прашање серозни притисоци во таа насока. Особено бомбардирањето на Џиср Сугур и областа на северна Хама и интензивното испраќање на воена опрема и свои единици на фронтовите линии од страна на режимските сили и милициските сили поддржани од Иран, го зголемуваа притискот.

На тој начин тоа што беше спречена една таква воена операција има големо значење во мировниот процес, и за националната безбедност на Турција и за иднината на Сирија. Назначајното пак, со напорите на Турција беа одбранети животите на над 3 милиони цивили и беше спречено да дојде до голем бегалски бран. Поради постигнатиот успех на точката на Идлиб треба да им се честита на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, на Турските вооружени сили (ТВС) и на Националната разузнавачка служба (МИТ). Беше спречено да се доживее хуманитарна криза во подрачје кон кое светот гледа со загриженост.

Од демилитаризираната зона што ќе се формира во контекст на постигнатиот компромис со Русија во Сочи треба да се овозможи повлекување на радиканите елементи и тешкото оружје од подрачјето и тоа обостано. Во тој контекст им се паѓа голема задача и на Русија и на Турција. Додека Русија треба да ги убеди шиитските милициски сили на теренот, Турција мора да развие решение во однос на постоењето на структурите како што е Хејет Тахрир уш-Шам.

Додека Русија и Турција се гарантори за формирањето на демилитаризраната зона во длабочина од 15-20 километри, тие истовремено ќе реализираат и координирани/независни патролирања. Турција и Русија ќе ги зајкнат воено своите набљудувачки пунктови кои што се формирани во контекст на процесот од Астана и демилитаризираната зона ќе биде под надзор на беспилотните летала на двете земји. Ќе бидат зачувани просторите под контрола и присуството на сириската опозција и режимските сили во демилитаризианата зона и обострано ќе биде повлечено тешкото оружје од фронтовата линија.

Во контекст на постигнатиот компромис ќе биде воспосавена безбедноста на автопатите М4 и М5 кои располагаат со стратешко значење и ќе бидат повторно отворени за трговија. Инаку, автопатите М4 и М5 кои што ги поврзуваат Латакија и главниот град Дамаск со Алепо се од големо значење за економијата на Сирија.

Спогодбата помеѓу Турција и Русија истовремено ќе влијае позитивно и на борбата на Турција против тероризмот. Имено, терористите на ПКК/ЈПГ искористувајќи ја операцијата на Идлиб сакаа да извршат притисок над подрачјето на Африн.  Со постигнатата спогодба оваа закана е спречена. Освен тоа заедно со спречувањето на операцијата на Идлиб би можело да се очекува Турција повторно на пофокусиран начин да фрли чекор против заканата што ја создава сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.                  

Тоа беше коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

 



Слични вести