Од Веџихи Хуркуш до авионите „Хуркуш“

Веџихи Хуркуш освен тоа што е од најзначајните имиња во историјата на воздухопловството на нашата земја, истовремено со сето она што го доживеал е и јунакот на една жалосна приказна .Авионот „Хуркуш“ пак е првото национално воздушно летало на Турција

Од Веџихи Хуркуш до авионите „Хуркуш“

Во периодот од 20 до 23 септември во новоизградениот аеродром во Истанбул се одржа Фестивалот за воздухопловство, вселена и тенологија ТЕКНОФЕСТ Истанбул кој беше организиран за прв пат во Турција, под водство на локалната самоуправа на Истанбул и Фондацијата Тим за технологија на Турција (Фондацијата Т3).

Претседателот на Одборот на доверители  на Фондацијата Т3 Селчук Бајрактар во говорот што го одржа на состанокот на промовирање на фестивалот истакна дека овој настан е мошне значаен за националниот технолошки потег. Атракциите, демонстрацијата на летови, натпреварите, семинарите и студијата кои што беа приредени за време на фестивалот беа во својство на потврдување на овие негови зборови.

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на директорот за едукација на Синдикатот Турк Харб-Иш Таркан Зенгин кој вели:

Авионот „Хуркуш“ кој што беше презентиран на фестивалот истовремено реализира и демонстративен лет. Гледајќи ги авионите за воена обука „Хуркуш“ се потсетив на животната приказна на Веџихи Хуркуш кој има значајно место во историјата на воздухопловството на нашата земја. Онаа слика на младите кои чувствуваат исто воодушевување и иста возбуда со Веџихи Хуркуш, кој на млади години постигнал значајни работи влева доверба во име на иднината на нашата земја. Државната поддршка која што некогаш не му била дадена на Веџихи Хуркуш овојпат го отвора патот на младите изумители. И самиот Веџихи Хуркуш вака ја појаснува оваа состојба: „Во земјите кои што ги бев прошетал многу добро знаев како започнале со воздухопловството, како формирале ателјеа, т.ј. работилници. Пред се единственото решение на овој пат беа националната верба и поттикнувањето. И јас за да би успеал имав потреба од тоа. Единствената слобода која што не би можела да ни се одземе од рака е слободата да го избереме нашиот став. Јас Веџихи Хуркуш придавајќи и крилја на мојата земја го заслужив моето презиме. Мојата слобода беше, да го посветам мојот живот на моето верување дека единствениот пат што води кон националната независност поминува од националното производство. Бидејќи оние кои се обидуваат да летаат со крилјата на другите не можат да бидат „Хуркуш“. Овде само за потсетување зборот „Хуркуш“ на турски во превод значи „слободна птица.“

Денеска Турција со верба чекори кон иднината за да би можела да лета со своите сопствени крилја во сферата на одбраната.

Веџихи Хуркуш е роден во 1896 година во Истанбул. Уште на мали години го изгубил својот татко. Освен тоа што е од најзначајните имиња во историјата на воздухопловството на нашата земја, Тој истовремено со сето она што го доживеал е и јунакот на една жалосна приказна. Има постигнато голем број успеси кои што му овозможиле да премине во историјата на воздухопловството. На пример, кога учествувал во војната на Кавкаскиот фронт во 1917 година е првиот турски пилот кој соборил непријтелски авион. Тој е првиот дизајнер на авион кој произведувал авиони кои биле наречени по неговото име. Основач е на првата школа за летање во Турција и инструктор-учител кој ја обучил првата жена пилот. Ја формирал првата школа за цивилно воздухопловство. Основач е на „Хуркуш Ерлајнс“ (Hürkuş Hava Yolları), првата цивилна воздухопловна фирма, т.ј авиокомпанија на Турција. Веџихи Хуркуш е првот пилот кој летал со 102 различни модели на воени и цивилни авиони. Со реализиран лет од 30 илјади часа во периодот од 1916 до 1967 година е сопственик на значајни рекорди. Учествувал доброволно во народноослободителната борба. Реализирал успешни извидувачки летови и соборил еден непријателски грчки авион. По овие постигнати упеси од страна на Големото Народно Собрание на Турција му бил доделен Орден на независноста.

Веџихи Хуркуш го произведе својот прв авион „Веџихи К VI“ и својот прв лет со овој авион го оствари во 1925 година. Еден наш 29-годишен млад човек со ограничени можности го произведе нашиот прв авион. Меѓутоа на Веџихи Хуркуш наместо да му се додели награда поради овој негов успех, му беше доделена казна. Поради што што летал без дозвола му била скратена половина плата и му била изречена 10 дневна казна домашен затвор. Поради оваа казна ја напуштил армијата. Во врска со оваа состојба во својот текст објавен во 1925 година вака го изнесува своето негодување: „Ние сме заборавиле дека сме војник, ја бевме прекршиле наредбата.“ Слични работи ја снајдоа и „Хуркуш Ерлајнс“ (Hürkuş Hava Yolları), првата цивилна авиокомпанија на Турција која ја формира во 1954 година. Ги поправаше авионите кои што Турската авиокомпанија (Türk Hava Yolları-Туркиш Ерлајнс) ги исклучуваше од употреба и од нив формира ескадрила.  Неговото летање беше понишено без да се изнесе никаква причина за тоа, беа извршени саботажи на неговите авиони и беше спречен за да постигне успех.

Веџихи Хуркуш во една работилница за обработка на дрво која што ја изнајмил под кирија за три месеци го произведе авионт „Веџихи XIV“. Со овој авион го реализира својот прв лет во 1930 година. За да би добил сертификат за летање за авоните кои што ги произведе се обрати до тогашното министерство за економија. Од министерството го доби следниот одговор: „Поради тоа што нема кој да ги утврди техничките карактеристики на авионот, не е даден потребниот сертификат.“

Овој одговор всушност покажува поради кои причини беше спречено национаното производство.

ПРВОТО НАЦИОНАЛНО ВОЗДУШНО ЛЕТАЛО: „ХУРКУШ“

Авионот „Хуркуш“ е првото национално воздушно летало на Турција, развиено во оригиналност од страна на ТУСАШ, Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија. Проектот за нова генерација авион за основна обука „Хуркуш“ започна во март 2006 година со потпишаниот договор помеѓу тогашниот Потсекретаријат за одбранбена индустрија и Турската компанија ТАИ. Проектот беше започнат со цел да се одговори на потребите на Командата на воздухопловните сили и да се развие авион за обука кој што ќе може да влезе на светскиот пазар.

Со склучената спогодба на 26 септември 2013 година  беше одлучено да се премине кон сериско производство на авионте „Хуркуш“. На 26 декември 2013 година пак беше потпишана спогодбата за „Хуркуш-Б“. „Хуркуш А“, е темелна конфигурација која што се сертифицира според потребите на Авторитетот за цивилно воздухопловство на Европа ЕАСА и „ЦС-23“. „Хуркуш-Б“, е конфигурација развиена со интегрирана авионика. „Хуркуш-Ц“ пак освен потребата од обука на пилоти, се развива за реализација со ниски трошкови и висока чвствитеност-пецизност на задачите за извршување на лесен напад и извидување со наоружување.

Авионот „Хуркуш“ чии тест летови претходно беа успешно реализирани се очекува да им се предаде на Воздухопловните сили во ноември годинава. Откако ќе биде предаден првиот авион ќе почне да се користи од страна на пилотите на Воздухопловните сили и во текот на 3 месеци ќе биде подложен на различни оценувања. Во овој процес доколку постојат ќе бидат земени дополнителните барања и ќе бидат комплетирани подобрувањата во врска со овој авион. До првата половина на 2019 година се има за цел на Водухопловните сили да им бидат предадени 15 авиони „Хуркуш“.

ПРВ ТУРСКИ АВИОН КОЈ ДОБИ ТИП СЕРТИФИКАТ ОД ЕАСА

Податоците во врска со авионите „Хуркуш“ дадени од страна на Турската компанија ТАИ се следните:

- Освен тестовите за летање успешно се реализирани тестовите за издржливост и животниот век и толеранцијата на оштетувања кај двата авиони со одделни структури.

- Во склопот на проектот се подготвени 545 документи кои се испраени до ЕАСА, Авторитетот за цивилно воздухопловство на Европа и до СХГМ, Генералната дирекција за цивилно воздухопловство.

- Освен тоа се подготвени сите документи и во врска со одржувањето.

- Како резултат на сиве овие реализирани работи на 11 јули 2016 година од СХГМ, Генералната дирекција за цивилно воздухопловство, за новата генерација авион за основна обука „Хуркуш“ е добиен „Тип сертификатот за авион ТТ32“.

- Истиот ден и со ЕАСА „Тип Сертификатот за валидност ЕАСА“ и сертификатот на СХГМ станаа валидни за сите европски земји. На тој начин „Хуркуш“ стана првиот турски авион кој доби Тип сертификат од ЕАСА, Авторитетот за цивилно воздухопловство на Европа.

Секако дека е значајно за нашата земја да бидат успешни авионите „Хуркуш“. Меѓутоа исто така е значајно и да летаат во небото и тоа како показател на долгот кон Веџихи Хуркуш кој во условите од 1925 година како и покрај сите попречувања кои што биле поставени пред него уште на своите 29 години, успеал да произведе авион.

Тоа беше коментарот на директорот за едукација на Синдикатот Турк Харб-Иш Таркан Зенгин.

 



Слични вести