Процесот од Сочи и распоредувањето на ракетните системи С-300 во Сирија

Актуелно 42/2018

Idlib.jpg
idlib agir silahlar.jpg
Soçi.jpg
s-300.jpg

Во изминатиот период во Сирија беа доживеани голем број значајни случувања. Со одлучниот став на Турција беше спречен евентуалниот напад на Асадовиот режим подржан и од Русија и Иран врз подрачјето на градот Идлиб, и на одржаниот самит во Сочи беше постигнат компромис помеѓу Турција и Русија. Додека компромисот од Сочи го одбрани од евентуален напад и од хуманитарна и човечка криза Идлиб каде што живеат над 3 милиони цивили, истовемено им постави и извесни обврски на Турција и Русија. Како што беше одлучено ќе се формира демилитаризирана зона во широчина од 15 до 20 километри, автопатитте М4 и М5 ќе бидат отворени за слободна трговија, турските и руските војници ќе патролираат на двете страни на фронтовата линија и турските и руските беспилотни летала ќе реализираат извидувачки летови над подрачјето на градот Идлиб. Друг значаен развој пак беше соборувањето по грешка на рускиот воен авион ИЛ-20 од страна на системите за воздушна одбрана на Асадовиот режим, за време на израелските воздушни напади. Русија одговорноста за соборувањето на нејзиниот воен авион ја префрли на Израел, додека Израел истакна дека во тоа одговорност сноси Асадовиот режим. Како реакција на овој случај Русија на Асадовиот режим му предаде системи за протввоздуша одбрана С-300.

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Во однос на имплементацијата на постигнатиот компромис од Сочи помеѓу Турција и Русија, им се паѓа голема задача на двете земји. Имплементацијата на компромисот содржи извесни ризици и тешкотии од аспект на Турција. Од друга страна во точката на имплементацијата на компромисот од Сочи во рацете на Турција се наоѓаат голем број инструменти. Најзначајниот ризик и тешкотија за Турција е присуството на радикалните организации во подрачјето на Идлиб. Како што е одлучено со компромисот од Сочи радикалните организации како Хејет Тахрир уш-Шам (ХТШ), ќе стават крај на своето присуство во демилитаризираната зона. За да се обезбеди тоа Турција додека од една страна ги фрла потребните потези, од друга страна е приморена да го воспостави потребниот притисок врз сириската опозиција која ја поддржува.      

Според комромисот од Сочи, вооружените опозиционери своето тешко оружје требаше од демилитаризираната зона да го повлечат кон внатрешните делови на Идлиб. Впрочем со иницијативите на турските функционери сириската опозиција своите тенкови, хаубици и топови од фронтовата линија ги повлече кон внатрешните делови на Идлиб. Меѓутоа, нивното воено присуство  на формираните одбранбени линии против евентуалниот напад од страна на режимот, продолжува. Во демилитаризираната зона освен водени антитенковски ракети, полесно оружје и оружје од среден дострел се наоѓа и нивно оружје од 23 милиметри и 57 милиметри. Во тој контекст ќе биде поточно да се каже дека демилитаризираната зона всушност е исчистена од офанзивното тешко оружје.

По потпишаниот компромис од Сочи помеѓу Русија и Турција е ставено крај на воздушните напади кои што беа реализирани врз Идлиб и повторно е заживеан секојдневниот цивилен живот во подрачјето. Од локални извори пристигнуваат информации дека почнало повторно да се враќа назад во  своите  домови цивилното население од околу 60 илјади лица кои се иселиле особено од руралното  подрачје на градот Хама. Со големиот успех на Турција во сферата на дипломатијата беа одбранети животите и имотите на повеќе од 3 милиони луѓе.

Ако преминеме на другото прашање, и покрај тоа што по соборувањето на воениот авион на Русија руските функционери изнесоа и изјави со обвинувања кон Израел, потоа пристигнаа повоздржани изјави од официјална Москва. Затегнатоста помеѓу Израел и Русија не беше претворена во криза, меѓутоа Русија му ги предаде на Асадовиот режим ракетните системи за противвоздушна одбрана С-300 и со тоа го стесни просторот на делување на Израел во сирискиот воздушен простор. Израел долго време како искористувајќи го воздушниот простор на Сирија реализира воздушни напади врз позициите на Иран и Хезболах, на сириски територии. Поради тоа што руските системи за противвоздушна одбрана никогаш не функционираа против израелските воени авиони и тоа што системите за противвоздушна одбрана на сирискиот режим беа недоволни Израел лесно ги реализираше своите операции на териториите на Сирија.

Русија му ги предаде на Асадовиот режим системите за противвоздушна одбрана С-300 на прв поглед се чита од аспект на капацитетот на Израел за реализација на воздушен напад, но системите за противвоздушна одбрана С-300 ќе имаат и свои други влијанија. Согласно со случувањата во иднина, Асадовиот режим со системите за противвоздушна одбрана за разлика од порано ќе биде во помоќна положба, ѝ против меѓународната коалиција предводена од САД, ѝ против турските воздушни сили. Зголемувањето на капацитетот на режимот во оваа насока располага со потенцијал да влијае на сите актери кои го користат сирискиот воздушен простор, а не само на Израел.

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

 



Слични вести