Актуелно 43-2018

Позицијата на саудискиот принц престолонаследник Мухамед Бин Селман по убиството на Кашикчи

Актуелно 43-2018

Ви го пренесуваме коментарот на истражувачот Џан Аџун од институтот за политички, економски и општествени истражувања СЕТА кој вели:

По исчезнувањето на саудискиот новинар на Вашингтон пост Џемал Кашикчи кој на 2 октомври влезе во зградата на генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул и од тогаш наваму нема никакви информации и со пријавувањето од страна на вереницата Хатиџе Џенгиз, започна сеопфатна истрага за пронаоѓање на Кашикчи.

Со повременото објавување на нови докази од страна на турските власти во врска со случајот на убиството на новинарот Кашикчи кој настан активно се следи од страна на целиот свет, саудиската страна со текот на времето беше принудена да ги промени изјавите и соопштенијата во врска со Кашикчи. Имено саудиската страна која на почетокот го изнесуваше и бранеше ставот дека Кашикчи наводно излегол од зградата на Конзулатот, под изговор дека нема видео снимки не ги објави снимките за излегувањето на Кашикчи. Саудиската управа која 15 члениот смртоносен тим го лансираше како туристи, со текот на времето беше принудена да го прифати убиството и ги уапси 15-те лица кои дојдоа во Турција и 3 вработени во конзулатот. Покрај тоа што саудиската страна по телефонскиот разговор меѓу претседателот Реџеп Тајип Ердоган и кралот на Саудиска Арабија Селман се обиде да го изнесе тврдењето дека Кашикчи загинал во расправијата што избувнала во Конзулатот, турските власти снимките кои што ги споделија со јавноста со двојникот на Кашикчи како и согласно другите снимки, убиството на Кашикчи дека беше претходно испланирано се повеќе почна да се обелоденува.

Имено Саудиска Арабија на почетокот ги отфрли тврдењата за убиство. Самото чекање на свршеницата на Кашикчи, Хатиџе Џенгиз пред зградата на конзулатот како и предупредувањето на обезбедувањето на конзулатот дека свршеникот не излезе како и сите значајни докази кои беа утврдени в рамките на истрагата дека навистина станува збор за убиство, целиот процес се стекна со еден нов замав. Саудиските власти подолг период ги отфрлија тврдењата, додека способноста на Турција за управување со целиот процес како и притисокот што пристигна од светот како резултат на споделените информации, Саудијците почнаа да го менуваат дотогашниот став. Саудијците на почетокот се обидоа со алтернативни сценарија да го превртат случајот во своја полза. Досегашните реторики што ги употребија не ги задоволија барањата на Турција и јавното мнение. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во говорот што го одржа во врска со убиството на Кашикчи рече дека податоците и доказите покажуваат дека убиството беше извршено со умисла и дека претходно беше испланирано. Имено саудиските претставници во Истанбул пред убиството заминале за Ријад каде што го испланирале убиството, поради што пристигнал 15 члениот тим, биле извршени контролни активности во Јалова и Белградската шума, а во тимот имало дури и форензичар. Сите овие докази ги собра и изнесе Турција. Доказите кои ги изнесе Турција се косат со сценариото на Саудиската страна која постојано повторува едно па сито.

Со зголемувањето на меѓународниот притисок врз Саудиска Арабија, Саудиската управа се обидува да маневрира со процесот. Сите напори на Саудиска Арабија се насочени за држење настрана на Мухамед Бин Селман од целата постапка. Турција ги согледа овие напори на Саудијците, поради што претседателот Реџеп Тајип Ердоган излезе и во говорот што го одржа ги одвои кралот Селман и Мухамед Бин Селман и на тој начин на кралот Селман му обезбеди пат без Мухамед Бин Селман. Според саудиски извори, пред случајот со Кашикчи, Мухамед Бин Селман, новинарот Џемал Кашикчи го определи како лична цел и беше опседнат со него. И претходни имаше обиди за замолчување на Кашикчи.  Шефот на разузнавачката служба на Саудиска Арабија Асири на средбата со Џемал Кашикчи се обиде да го разубеди да се врати во земјата.

Како резултат на успешното и стратешко водење на Турција со случајот дојде до формирање меѓународен притисок врз Саудиска Арабија. Додека САД, особен Белата куќа се обидуваше Мухамед Бин Селман да го држи настрана од случајот, ставот на американскиот Сенат и необјавените докази од страна на Турција постепено го стегаа обрачот околу Мухамед Бин Селман. Ставот на Турција со кој кралот Селман се држеше настрана од овој случај, изнесувањето на истиот став од страна на САД, како и изнесувањето на ставот дека Мухамед Бин Селман треба да си оди, сите овие показатели претставуваат очигледни докази за тоа дека постепено се стега обрачот околу Мухамед Бин Селман.  По изјавата на американскиот претседател Трамп дека верува во невиноста на кралот Селман, исто така посочи дека моментално со тамошните активности раководи принцот. Ако некој треба да си оди, тогаш тоа е тој. Така би требало да се сфати изјавата на Трамп.

Во претстојниот период, споделувањето нови докази од страна на Турција како и на доказите што ги споделува, најверојатно  ќе ја загрози позицијата на принцот престолонаследник на Саудиска Арабија. Мухамед Бин Селман моќта во кралското семејство ја добиваше и ја консолидираше од поддршката на татко му и од надвор, но по се изгледа дека постепено ја губи како поддршката на татко му така и надворешната поддршка.

Тоа беше коментарот на истражувачот Џан Аџун од институтот за политички, економски и општествени истражувања СЕТА.



Слични вести