Националните проекти за безбедност и одбрана  09-2018

Фабрики за одржување на воените воздушни летала

Националните проекти за безбедност и одбрана  09-2018

Во врска со денешната тема ви го пренесуваме коментарот на директорот на синдикатот Турк – Харб-иш Таркан Зенгин кој вели:

Можностите и способноста на воените работни места и бродоградилишта во Турција имаат големо значење во одбраната на земјата. За жал, јавноста нема доволно познавања за можностите и способноста на воените работни места и бродоградилишта на Турција. Производите на одбранбената индустрија кои се одржуваат и произведуваат во овие работни места за жал повремено се прикажуваат како да се одржуваат и произведуваат во други места. Воените фабрики и бродоградилишта се најпродуктивните работи места на јавниот сектор. Најпродуктивните работници на годината претежно излегуваат од воените работи места. Вработените во воените работни места се невидливите херои во развојот и национализацијата на одбранбената индустрија. Воените работни места заедно со офицерите, подофицерите, службениците и особено работниците удрија силен белег во борбата против тероризмот како во земјава така и надвор од границите.

По кукавичкиот обид за воен удар на 15 јули, о промените што беа извршени во воениот систем, дојде и до одредени промени и во воените фабрики. Воените работни места беа собрани под два крова на Министерството за национална одбрана и тоа Генерална дирекција на воените фабрики и Генерална дирекција на воените бродоградилишта. Имено во рамките на Генералната дирекција на воените фабрики на Турција досега делуваат многу значајни у успешни воени работни места. Во денешниот напис накратко ќе се осврнам на 1-та Дирекција за одржување на воздушните летала во Ексишехир. Во наредните ќе продолжам со презентацијата на другите успешни работни места.

Од обична работилница за поправка на авиони до 1-а дирекција за одржување на воздушни летала

Денешната Централна команда на 1-та дирекција за одржување на воздушните летала беше формирана во 1926 година во Ескишехир како обична работилница за поправка на авиони. Денес ова работно место има 92 годишна историја.  До 1950-те години во работилницата се вршеше одржување и поправка на авиони на пропелери. Почнувајќи од 195-те години работилницата се насочи кон одржување и поправка на млазни авиони и до 1970-те години беше во услуга на одржување и поправка на авионите од типот Ф-84, Ф-86 и Ф-100. Военото работно место во 1968 година го оствари првото обновување на млазен мотор и на тој начин ги разви и зајакна техничките можности и способности. Во 1979 година со првата сеопфатна иницијатива за одржување и поправка на авионите од типот Ф-4, продолжи и во 1980-те години со одржување и на други видови авиони. Во 1992 година во фабриката беше извршена првата ревизија на авионот од типот Ф-110 и на тој начин уште повеќе се усоврши постоечката способност на работно место. Со модернизацијата на авионите од типот Ф-4 кој настан го започна во 1997 година, фабриката со натамошните проекти почна да ги модернизира и другите авиони. Активностите што започнаа во 2006 година допринесоа кон формирањето на првото одделение за моторни тестови АТИЛИМ, така што софтверите и хардверите на авионите беа развиени и усовршени од домашно производство. Во 2016 година работилницата-фабрика беше приклучена кон управата на Генералната дирекција на воените фабрики при Министерството за национална одбрана и се стекна со новото име 1-а фабричка дирекција за одржување на воздушни летала.

Во фабриката се врши одржување и поправка на фабричко ниво на 77 авиони.

Денес во оваа фабрика од страна на околу 2300 персонал меѓу кои 260 инженери годишно се врши одржување и поправка на 77 авиони од различни типови. Покрај наведените активности, во фабриката се врши ревизија на 200 мотори, поправка на околу 6 000 различни делови почнувајќи од моторот па се до другите земски опслужувања и опрема, се произведуваат 14 илјади резервни делови, се врши калибрација на 4700 производи. Модернизацијата на F-16 PO-III, T-38M Arı ve T-38 PC-III во последно време во фабриката се само некои значајни проекти кои беа остварени. Во рамките на техничката одговорност и активностите на одржување и поправка на инженерското функционирање на оружените системи, денес фабриката продолжува да раководи со активностите на технолошко одржување како центар. Воената фабрика со цел да ја развие и поддржи оперативната способност на Командата на воздушните сили од логистички аспект, вооружените системи и опрема кои и се дадени на одговорност, успешно ја остварува техничко управната одговорност, а со одржувањето, поправките, тестовите и калибрацијата на фабричко ниво, исто така произведува потребни делови за овие активности и обезбедува квалитет на истите. Во работното место кое беше создадено од јавни ресурси се наоѓаат мошне високотехнолошки постројки, погони, алати и уреди како и квалификуван персонал од офицери, подофицери и службеници и поголемиот број работници.

Центар за одржување и поправки на Европа

Во период кога постојано расте натпреварот меѓу технологиите на небото, 1-та Дирекција на фабриката за одржување на воздушните летала, благодарение на сертификатите за меѓународен квалитет, заштитата на животната средина, здравје и безбедност при работа што го поседува во сферата на производството, одржувањето, поправките, модернизацијата, активностите ги продолжува според меѓународните стандарди. Визијата на работното место ја има определено според мотото „Да се биде најсилен логистички центар кој ќе обезбеди поддршка Командата на воздушните сили да биде најмоќна воздушна и вселенска сила“. Човечките ресурси и можности што ги поседува придонесоа центарот да се стекне и со одлика на центар за одржување и поправки и на Европските земји, а не само центар на Турските вооружени сили и регионален центар за одржување на авионите од типот JSF и моторот F135.

Квалификуваниот персонал, богатото искуство, сфаќањето за квалитет и критичните способности, како денес така и во иднина ќе бидат во услуга на воздухопловниот сектор во својство на јавно работно место. На тој начин дава голем придонес во национализацијата на одбранбената индустрија.

Ви го пренесовме коментарот на директорот на синдикатот Турк – Харб-иш Таркан Зенгин посветен на Фабриките за одржување на воените воздушни летала.



Слични вести