Сирија по четворниот самит во Истанбул

Актуелно 44/2018

dörtlü zirve.jpg
dörtlü zirve 1.jpg
dörtlü zirve.jpg
suriye konulu dörtlü zirve 1.jpg

На четворниот самит што се одржа во изминативе денови во Истанбул со учество на Франција, Германија, Русија и Турција како домаќин, беа донесени значајни одлуки за воспоставување на мирот во Сирија, како што е одлуката за формирање на Уставотворен комитет. Сепак и покрај тоа што донесените одлуки на овој четворен самит се значаен фрлен чекор, во Сирија постојат позначајни проблеми. Во тој контекст судирите кои што се водат на сириско-ирачката граница помеѓу терористичките организации ДЕАШ и ЈПГ, провоцирачкиот оган кој што се отвора од страна на терористичката организација ЈПГ на сириско-турската граница и бомбардирањето на позициите на ЈПГ од страна на Турските вооружени сили (ТВС) како и судирите кои што се водат меѓу различните групи во подрачјето на градот Идлиб, покажуваат дека за да може да се постигне мир во Сирија треба да бидат фрлени уште голем број чекори.

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Лидерите на четирите земји, Франција, Германија, Русија и домаќинот Турција, Емануел Макрон, Ангела Меркел, Владимир Путин и Реџеп Тајјип Ердоган, на одржаниот четворен самит во изминативе денови во Истанбул донесоа значајни одлуки за воспоставување на мирот во Сирија.

Особено донесената одлука за формирање на Уставотворниот комитет за кој што се работи долго време за негово формирање, во значајна мера ќе влијае на иднината на Сирија. И покрај тоа што подготвувањето односно пишувањето на новиот устав е значајно од аспект на воспоставување на мирот во Сирија, треба да се истакне дека тоа  не претставува и апсолутно решение. Процесот на ратификување, односно одобрување од страна на сирискиот народ на новиот устав по неговото изготвување пак, содржи голем број препреки кои што можат тешко да се надминат. Поради тоа што милиони Сиријци се избегани во странство, милиони Сиријци се принудени на раселување внатре во земјата и од страна на Асадовиот режим се попречува пристапот на голем број Сиријци до значајни документи како што се пасоши и друг вид легитимација, мошне е тешко да се воспостави и средина на одржување на избори во оваа земја. Меѓу другите донесени одлуки на четворниот самит во Истанбул, е значајно и тоа што е одлучено да продолжи постигнатиот прекин на огнот за Идлиб и да продолжи борбата против терористичките и сепаратистичките организации. Впрочем, напорите на Турција во име на спречување на намерите на групациите кои се закануваат на територијалниот интегритет на Сирија како што е ЈПГ, резултираат со успех и на полето на дипломатијата.

Ако се вратиме на случувањата на теренот во Сирија, дојде до нови случувања и во судирите кои што продолжуваат на сириско-ирачката граница помеѓу терористичките организации ЈПГ и ДЕАШ. Терористичката организација ЈПГ со поддршка на специјалните сили на САД, Франција и Италија пред неколку месеци започна операција врз областа Хаџин Џебин која се наоѓа под контрола на една друга терористичка организација, ДЕАШ. Притоа ДЕАШ искористувајќи ја песочната бура која што го зафати ова подрачје за неколку дена ги зазеде областите кои што ЈПГ се обидуваше да ги земе под своја контрола со месеци. Заедно со придобивките со кои што се стекна ДЕАШ нејзините милитанти повторно пристигнаа до ирачката граница. На ирачката страна на границата пак беа преземени мерки против евентуалниот напад на ДЕАШ и во ова подрачје беа испратени сили на Хашди Шаби. По напредувањето на ДЕАШ во подрачјето беа испратени дополнителни милитанти на ЈПГ, но и покрај поддршката на меѓународната коалиција, не можеше да се сопре ова напредување на ДЕАШ. Овде како значаен знак прашалник се појавува и тоа колку терористичката организација ЈПГ, која инаку под изговор дека се бори против ДЕАШ обезбедува летитимност, е желна за целосно уништување на ДЕАШ.

Откако терористичката организација ЈПГ во југоисточниот дел на Сирија доживеа значајни загуби против терористичката организација ДЕАШ, во северниот дел на Сирија се водеа одредени судири од мал обем и со Турција, а беше реализирано и бомбардирање од страна на Турските вооружени сили (ТВС). Турските артилериски единици ги гранатираа позициите на терористичката организација ЈПГ која на ридовите со поглед над пограничната линија западно од населеното место Ајн ел Арап (Кобани) копа ровови кои што претставуваат закана за Турција. Овие терористички позиции беа уништени. Потоа пак на пограничната линија кај населеното место Тал Абјад дојде до вооружен судир помеѓу турските војници и терористите на ЈПГ. Наредниот ден од позициите на ЈПГ западно од Ајн ел Арап (Кобани) кои беа погодени беше извршен напад со воден антитенковски проектил врз воено оклопно возило кое се движеше на територијата на Турција, во близина на границата. На сметките на терористичката организација ЈПГ на социјалните медиуми беа споделени слики од овој терористички напад. Потоа терористичката организација ЈПГ соопшти дека поради бомбардирањата од страна на Турција ја прекинува операција против терористичката организација ДЕАШ во областа на Хаџин Џебин. Тоа пак всушност покажува како ЈПГ го доведе во својство на инструмент ДЕАШ во правец на остварување на сопствените интереси.

Едно друго прашање пак, беа судирите кои што се водат во подрачјето на градот Идлиб. Заедно со постигнатиот компромис во Сочи беше спречен евентуалниот напад врз Идлиб. Во изминатите денови во подрачјето на градот Идлиб се водеа судири помеѓу терористичката организација Хејет Тахрир уш-Шам и Движењето Нуреддин Зенги. И покрај тоа што судирите на сириските опозиционери со Хејет Тахрир уш-Шам не траеја подолго време, тоа покажува колку се искомплицирани и испомешани динамиките во ова подрачје. Затоа за постигнување мир во Сирија ќе биде од доста големо значење да се воспостави трајниот мир во Идлиб.

Тоа беше  коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

 



Слични вести