Санкциите врз Иран и можните последици од нив

Актуелно 45/2018

Санкциите врз Иран и можните последици од нив

По едностраното повлекување на американскиот претседател Доналд Трамп од нуклеарниот договор со Иран кој што беше потпишан на крајот од остварените разговори во форматот 5+1 за време на мандатот на Барак Обама, американскиот секретаријат за трезор на 7 август оваа година ја стави во примена првата етапа од санкциите врз Иран. Втората етапа од санкциите пак започна на 5 ноември откако американскиот секретаријат за трезор соопшти дека заврши рокот од 180 дена. Цел на санкциите прогласени од страна на САД особено се сферите како што се енергијата, банкарството, логистиката и фирмите за осигурување на Иран. 

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

САД со санкциите кои што ги воведоа во првата етапа спречија Иран да обезбеди пристап до американскиот долар, да продава државни обврзници, злато и други драгоцени руди, како и да тргува со метали како челик, алуминиум и јаглен, и да увезува патнички авиони или резервни делови за нив. Во втората етапа на санкциите пак се воведени меѓународни ограничувања за иранската Национална нафтена компанија, иранската Нафтена трговска компанија и Националната танкерска компанија. Со тоа ќе се применуваат санкции против Иран за продажба на нафта и нафтени производи, чија пак економија во голема мера се потпира на нафта.

Едниот од важните наслови меѓу санкциите врз Иран кои што беа воведени по едностраното повлекување на американскиот претседател Доналд Трамп од нуклеарниот договор со Техеран, е системот СВИФТ кој што овозможува електронски трансфер на фондови меѓу банките во светот. Во контекст на санкциите на САД во објавеното соопштение од Центарот на СВИФТ се вели следното: „СВИФТ го суспендира пристапот за некои ирански банки до системот.“ Една друга цел на санкциите кои што се спроведуваат врз Иран пак, беа финансиските институции. Беа ограничени трансакциите кои што ги реализираат странските финансиски институции со иранската Централна банка и одредени ирански финансиски институции. Освен тоа од страна на американскиот секретаријат за трезор беше соопштено дека над 700 лица поединци и институции од Иран во контекст на санкциите се внесени во црниот список.

Мошне е значајно тоа што покрај сите санкции кои што се спроведуваат врз Иран, советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Болтон го рече следното: „Ќе спроведуваме многу повеќе од санкциите врз Иран кои што ги применуваме моментално. Тоа нема да остане ограничено со нивото на воведените санкции во времето на поранешниот претседател Барак Обама.“

Потоа беше соопштено дека од воведените санкции од страна на САД врз Иран за привремено се ослободени 8 земји. Кина, Индија, Италија, Грција, Турција и некои други земји беа ослободени за привремено од санкциите. Во тој контекст, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на едно поставено прашање одговори со следните зборови: „По прашањето на овие санкции не е се јасно, меѓутоа ние да кажеме со право, не ги сметаме за правилни овие санкции. Бидејќи според нас, сите санкции се чекори насочени кон пореметување на рамнотежата на светот. Тие се спротивни и на меѓународното право и на дипломатијата. Светот веќе посакува да го живее процесот кој што ќе се потпира на мир. Односно не сакаме да живееме во империјалистички свет, не сакаме да живееме со империјалистички притисоци. Ние посакуваме свет во кој луѓето во оваа точка ќе живеат во многу поспокоен и мирен свет и во безбедност. Не треба да биде од видот на тоа јас имам секаква можност и сила, така што можам да правам се. Во чекорите кои што се фрлаат моментално, Европската унија (ЕУ) и приближно сите земји на Европската унија (ЕУ) не гледаат позитивно на оваа работа. Сите се на многу поразлично место по ова прашање.“   

Освен тоа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган привлекувајќи внимание и кон увозот на Турција на енергија од Иран го рече следното: „ Нашиот став по прашањето на санкциите секогаш бил јасен. Дури поготово во однос на прашања во врска со нафтата ние секогаш велевме дека тие се работи без алтернатива така што апсолутно нема да се придржуваме кон одредени санкции. Ние оттука моментално купуваме 10 милијарди кубни метри природен гас. Тогаш кога ние нема да го купуваме овој природен гас, јас зарем ќе ги замрзнам моите граѓани во овој студ? Ние не можеме да се придружуваме кон такво нешто, не можеме да го прифатиме тоа.“

На сличен начин и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека санкциите врз Иран се нелегитимни и претставуваат отворено прекршување на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации. Франција, Кина и Германија исто така беа меѓу земјите кои го изнесоа својот приговор кон санкциите врз Иран. Меѓутоа поради силата со која што располагаат САД во светот, нивната хегемонија и влијанието, значајни компании на земјите кои приговараат истакнаа дека ќе се придружуваат кон санкциите.

Тоа беше коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

 



Слични вести