На денешен ден 14.01.2019

Во 2005 година, вселенската сонда Хугенс која беше произведена заедно од страна на Европската вселенска агенција (ЕСА) и Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) слета на сателитот на Сатурн – Титан

На денешен ден 14.01.2019

На денешен ден 1898 година од пневмонија почина Луис Карол писателот на една од најчитаните книги за деца „Алиса во земјата на чудата“. Вистинското име на писателот Луис Карол е Чарлс Лудвиг Додгсон и освен пишувањето беше познат со значајните дела во полето на логиката, а исто така се бавеше и со математика и фотографија.

Во 1923 година во Измир почина г-ѓа Зубејде Ханим, мајката на Мустафа Кемал Ататур, основачот на Република Турција. Посмртните остатоци на г-ѓа Зубејде Ханим се наоѓаат во мавзолејот кој беше изграден во 1940 година во измирската населба Каршијака.

Во 1987 година Вехби Коч, еден од најзначајните бизнисмени на Турција ја доби наградата на Меѓународната трговска комора за „Бизнисмен на годината“. Вехби Коч кој почина во 1996 година, со трговија почна да се бави во 1917 година во малата бакалница која што му ја отвори татко му. Во бакалницата продаваше гума за кондури, шеќер, кашкавал, маслинки, макарони.

Во 2005 година, вселенската сонда Хугенс која беше произведена заедно од страна на Европската вселенска агенција (ЕСА) и Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) слета на сателитот на Сатурн – Титан. Сателитот Титан кој е познат како најгуст сателит во атмосферата, во 1665 година беше откриен од страна на холандскиот астроном Кристијан Хујгенс.

Во 1992 година започнаа дипломатските односи меѓу Турција и Азербејџан. Турција како прва земја која што ја призна независноста на Азербејџан во 1991 година, од тогаш наваму е најголемиот поддржувач на Азербејџан на меѓународната арена.



Слични вести