Досие Кипар: Што ќе донесе конференцијата за Кипар во Женева?

Тешко е уште од сега да се прогнозира како ќе резултира женевската конференција за Кипар закажана за 12 јануари од причина што само десетина дена пред конференцијата има неколку знак прашања.

Досие Кипар: Што ќе донесе конференцијата за Кипар во Женева?

 

Кипарското прашање кое ја преокупира светската јавност уште од 1968 година по се изгледа се приближува кон својот крај.

Кипарските преговори  беа прекинати во март 2011 година за само по две години февруари 2014 да се повторат, и тоа како директни преговори.

И покрај тоа што повремено доаѓаше до застои во преговорите сепак Мустафа Акинџи и Никос Анастасијадис како лидери на поделениот остров без да изгубат од решителноста да се изнајде конечно и трајно решение постигнаа голем напредок особено во поглавјата кои што се однесуваат на економијата,ЕУ,сопственоста и територијалната поделба и поделбата на власта.

Акинџи и Анастасијадис за последен пат се состанаа во минатиот ноември и тоа на два пати од 7-11 и од 20-21 ноември во швајцарското гратче Мон Пелерин. Следуваше средбата на 1 декември на која беше решено да се свика следната и тоа на 9 јануари годинава овој пат во Женева.

На средбата на 9 јануари во Женева се повикани и земјите гарантори Турција,Грција и Британија.За 12 јануари е свикана кипарската конференција која многумина ја оценуваат како судбинска.Се водеше сметка во Женева да се патува без поголеми спорни прашања за истата да биде продуктивна.

За таа цел лидерот на севернокипарските власти Никос Анастасијадис отпатува за Атина за консултација со тамошните власти. Истото го стори и премиерот на Турската Република Северен Кипар Хусеин Озѓурѓун кој по истиот повод допатува на консултации во Анкара.

Со оптимизам беа пречекани умерените изјави на двете страни кои избегнувајќи да користат речник кој ќе ги крене тензиите истакнуваа дека ќе вложат напори за решавање на кипарското прашање за идните генерации да не живеат на поделен остров.

Ако на прашањето се погледне од турска страна ќе се забележи дека Анкара од секогаш се залагаше за решение на Кипар а предводник во тоа беше лично претседателот Реџеп Тајип Ердоган.Ердоган тоа го потврди со желбата да ја претстави Турција на женевската конференција за Кипар.

Турција која секогаш беше покрај Турската Република Северен Кипар во 2002 година јасно и отворено го покажа својот став, кој што го зацементира со сугестијата да се одговори со Да на референдумот на Кипар во 2004 година кој инаку беше предлог на Кофи Анан.

Турција и денес отворено ги поддржува директните преговори што се водат меѓу претседателот Мустафа Акинџи и лидерот на грчката страна на Кипар Никос Анастасијадис.

Земјите гарантори Турција и Британија го потврдија учеството на женевската конференција на 12 јануари.

Сега на потег е Грција.

Конечно и таа ќе биде присутна на 12 јануари во Женева.

Засега премиерот Алексис Ципрас се уште не го потврди своето учество на конференцијата во Женева,но фактот дека продолжуваат преговорите на релација Атина-ЕУ е доволен доказ дека Атина добро се подготвува за Женева.

Сепак не би требало да се изостават вестите кои деновиве се појавија во дел од грчкиот печат дека е можно да се откажат преговорите во Женева на 12 јануари пред и да отпочат. Како ослона на овие тврдења се наведува гаранторстовото на Турција и присуството на турски војници на Кипар.

Најверојатно главни точки на дневниот ред на преговорите во Женева ке бидат токму прашањата посветени на безбедноста и гаранторството,впрочем не е тајна дека грчката страна инсистира турските војници да го напуштат Кипар и се бранат дека немаат потреба од гаранторство како земја членка на ЕУ.

Тоа е просто неприфатливо за турската заедница на Кипар особено после судирите во периодот 1963-74 година.

Само за потсетување да кажеме дека Република Кипар која беше основана во 1960 година имаше век од само 3 години.Турција ,Грција и Британија беа утврдени како нејзини гарантори.Со договорот за сојузништво со овие земји беше отворен патот за испраќање војници на Кипар пред евентуални надворешни закани.

Друго важно прашање е прашањето за имотната сопственост.

Познато е дека беше предложено формирање на посебна заедничка комисија за куќите и имотите на Турците кои го напуштија Јужен Кипар и за куќите и имотите на Грците кои го напуштија Северен Кипар. Во оваа комисија ќе членуваат еднаков број на членови од двете страни .Комисијата после прегледувањето на молбите на странките ќе донесува една од трите утврдени одлуки и тоа: враќање,размена или надомест.

Што се однесува до поглавјето поделба на териториите за кое се уште не се има постигнато согласност околу процентите ситуацијата е следна: Турската Република Северен Кипар контролира 35 насто од островот. Ако се постигне договор процентот на територијата на Турската Федерална Држава Кипар би се свел на 29,2 насто , но кипарско грчката страна инсистира на 28,2 насто.

Во денешни услови,во ситуација кога кипарскиот проблем се користи како средство за пазарење меѓу Турција и ЕУ, кога се анализира улогата на Русија во регионот и нејзиното влијание на рамнотежата на силите,кога се зема во предвид природните богатства со енергенси во морето околу Кипар,кипарското прашање станува уште покомплексно.

Тешко е уште од сега да се прогнозира како ќе резултира женевската конференција за Кипар од причина што само десетина дена пред конференцијата има неколку знак прашања. Можеби би било корисно да се потсетиме на следната изјава на Мустафа Акинџи претседател на Турската Република Северен Кипар :

„Не е тајна дека е постигнат извесен напредок по одредени прашања,но исто така не е и тајна дека има и одредени разијдувања. Страните на 11 јануари во Женева ќе ги постават на маса своите карти,а ден потоа на 12 јануари со учество на трите земји гарантори ќе се дискутира за прашањата како што се безбедноста и гаранторството. Моментално не сме во ситуација да одговориме на прашањето кој би бил резултатот од претстојните преговори во Женева. Како турска страна на Кипар, ние ќе отпатуваме за Женева со сета наша политичка воља,посветеност и решителност за креирање на еден нов федерално обединет Кипар во рамките на договорените параметри, базиран на две конститутивни држави  со политичка еднаквост.



Слични вести