Лидерите си ги разменија картите за идниот статус на Кипар

Трет ден од преговорите за идниот статус на поделениот Кипар во Женева, Швајцарија страните ги поднесоа картите за нивното видување за тоа како би требало да изгледа Кипар во иднина

Лидерите си ги разменија картите за идниот статус на Кипар

Трет ден од преговорите за идниот статус на поделениот Кипар во Женева, Швајцарија страните ги поднесоа картите за нивното видување за тоа како би требало да изгледа Кипар во иднина.

Картите по предавањето беа заклучени во челични сефови на ОН.

Нешто потоа портпаролот на кабинетот на претседателот на република на Турската Република Северен Кипар, Бариш Бурџу, само кратко изјави дека лидерите на поделениот Кипар во присуство на специјалниот претставник на Генералниот секретар на ОН за Кипар Еспен Барт Еиде и експерти картографи ги приложиле картите.

Двајцата лидери ги видоа картите на другата страна. Експерти на ОН, заедно со експерти Грци и Турци ги разгледаа картите за да утврдат дали тие одговараат на консензусот постигнат во Мон Пелерин,кој што предвидува грчката страна да има приближување од 28,2 одсто од турската од 29,2 насто,додаде Бурџу.

Коментирајќи ги женевските преговори за Кипар министерот за евроинтеграции и главен преговарач на Турција со ЕУ, Омер Челик рече дека позитивно би бил дочекан предлог за бинационална држава, но дека нема да се прифати предлог за припојување на Северен Кипар кон јужната страна.

Денес четвртиот ден од преговорите на масата ќе се постават прашањата како што се безбедноста и гаранциите,така да на преговорите ќе учествуваат и земјите гаранти Турција,Грција и Британија кои ќе бидат претставени на ниво на министри за надворешни работи, а ЕУ ќе биде претставена со статус на  набљудувач.

Денешната конференција ќе ја отвори генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.



Слични вести