Балканска агенда 39-2017

Инфлацијата, буџетската рамнотежа и надворешниот долг на Балканот

Балканска агенда 39-2017

Балканските земји од аспект на макроекономските нерамнотежи покажуваат одредени сличности покрај тоа што се разликуваат од аспект на нивото на просперитетот. Особено факторите во врска со салдото на тековната сметка, буџетското салдо и надворешниот долг, продолжуваат да важат за заеднички проблеми на економиите на Балканот.

Во првата половина на 1990-те години сите балкански земји го испробаа искуството на хиперинфлација освен Грција. Во периодот од 1999 до 2016 година, просечната годишна инфлациона стапка на 10 балкански земји изнесуваше едноцифрена бројка. Грција како балканска земја која не го проба искуството со хиперинфлацијата од почетокот на 1990-те години постојано имаше поумерена инфлациона стапка. Негативните инфлациони вредности кои беа забележани во периодот од 2013 до 2016 година во Грција, под влијание на кризата посочува на намалената побарувачка и стагнацијата на економските активности.

За разлика од инфлацијата, балканските земји сеуште не се спасија од дефицитот на надворешните долгови кои достигнаа загрижувачко ниво. Како последица на дефицитот на тековните трансакции во изминатите години беа доживеани различни кризи во врска со девизните курсеви.

Во периодот од 2009 до 2016 година стапката на салдото на тековните трансакции на Балканските земји влезе во постепено намалување.  Кое во голема мера, особено по кризата во Грција потекнуваше од стеснетоста на намалената внатрешна побарувачка.

Трендот на салдото на тековните трансакции во Грција во периодот од 1998 до 2016 година, беше сличен во споредба со просекот на останатите балкански земји. Гледано од аспект на јавната буџетска рамнотежа, почнувајќи од 2004 година Грција во споредба со просекот на балканските земји беше во многу потешка ситуација. Тоа беше една од најзначајните причини за појавата на економската криза во оваа земја по 2008 година.

Дефицитот на јавниот буџет во споредба со Бруто националниот доход (БНД) кој се пресметува според Мастришките критериуми земајќи ги во предвид развиените земји на ЕУ не треба да изнесува над -3 насто. Во периодот од 1997 до 2016 година, просечната вредност на рамнотежата на буџетот на 9 балкански земји освен Грција се движеше од 0,5 до -4,1 насто и не предизвикаа некои сериозни последици. Рамнотежата на буџетот на Грција во периодот од 1997 до 2002 година секогаш беше позитивна. Се до 2007 година беа остварени некритични негативни вредности. Во периодот од 2009 до 2011 година во рамнотежата на буџетот на Грција беа доживеани сериозни зголемувања. Овие непредвидени зголемувања во буџетскиот дефицит делумно можат да се објаснат со негативното влијание на глобалната економска криза. Тука треба да се потенцира дека покрај тоа европските установи во минатото ја критикуваа Грција поради несоодветното пренесување на податоците за високиот буџетски дефицит и големите долгови на државата, а кои критики почнаа јавно да се обелоденуваат особено по 2008 година.

Во периодот од 2011 до 2016 година, Грција постигна значителен напредок во постигнувањето на финансиските цели и подобрувањето на финансиските политики. Согласно постигнатите договори со меѓународните  кредитори, Грција на среднорочен план е принудена да цели просечно 3,5 насто позитивна буџетска рамнотежа.

Во освртот на буџетскиот дефицит, многу е значајно да се утврди дали истиот е одржлив или не. Според пресметките, за постигнување одржлива буџетска рамнотежа од -3 насто, трендот на инфлационата стапка треба да се изнесува под 10 насто, јавниот долг не треба да надмине 60 насто од Бруто националниот доход. Гледано од 2016 година наваму, највисоката стапка на односот на јавниот долг кон БНД на балканските земји беше Грција со 179 насто. По Грција, со 83,7 насто се наоѓа Хрватска, со 75 насто Србија, Албанија со 72, 4 насто, Црна Гора со 63,87 насто. Јавните долгови на Косово, Бугарија, Романија, Босна и Херцеговина и Македонија релативно се во подобри граници. Во споредба со податоците од 2009 година, освен Косово, буџетскиот дефицит беше зголемен во сите балкански земји.

Еден од најчестите патишта за надминување на јавниот буџетски дефицит е надворешното задолжување. Гледано според податоците за 2016 година, вкупниот надворешен долг на балканските земји освен Грција изнесува околу 243,7 милијарди долари. Грција со 506,6 милијарди долари надворешен долг беше една од најзадолжените балкански земји. Романија со 101,4 милијарди долари надворешен долг беше втора најзадолжена земја на Балканот.  Во 2016 година со надворешен долг од 1,4 милијарди долари Косово беше најмалку задолжена балканска земја. Но при проценката на надворешниот долг на една земја, не е доволно само да се направи увид на износот на надворешниот долг. Согласно практичните искуства на Светската банка развиени се неколку параметри и стапки за одржливоста на надворешниот долг. Еден од нив е пропорцијата на надворешниот долг кон Бруто националниот доход. Според овој однос, за постигнување на одржливоста на надворешниот долг на една земја, односот меѓу надворешниот долг и бруто националниот доход не треба да изнесува над 80 насто. Во 2016 година, односот на надворешниот долг кон бруто националниот однос во Грција и Хрватска изнесуваше над наведената критична бројка. Од друга страна пак, Србија, Македонија, Албанија и Бугарија многу се доближија до ова критично ниво.

Во претстојните години покрај тоа што се очекува умерен раст, ќе биде тешко да се очекува подобрување на постоечките макроекономски проблеми, вели авторот д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести