Балканска агенда 43-2017

Балкански барометар: Споредбата меѓу Турција и Балканот од аспект на социоекономските показатели

Балканска агенда 43-2017

Регионалниот совет за соработка (РСС) кој работи на унапредувањето и развојот на мултилатералната соработка меѓу Балканските земји, го објави извештајот „Балкански барометар 2017“. Оваа студија се состои од два дела и тоа испитување на јавното мнение и испитување на компанијата. Различните видови податоци кои се собираат за седум балкански земји и Турција истовремено претставуваат еден вид опипување на пулсот на регионот. Во текот на денешната програма ќе говориме за резултатите од последното испитување на јавното мнение на Балканот и Турција.

Резултатите на анкетното испитување изразено преку извештајот „Балкански барометар 2017“ кое беше извршено со 8000 лица од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Косово, Македонија, Србија и Турција покажаа дека турските граѓани не го познаваат доволно Балканот, додека 40 насто од испитаниците немаат никакви претпоставки за општата ситуација на Балканот. Кога турските граѓани беа прашани за изборот на некоја земја од Балканот во која би можеле да живеат и работат, 84 насто од анкетираните не можеа да одговорат на ова прашање. 4 насто од анкетираните во Турција имале можност да го посетата Балканот во 2016 година, од кои половина Босна и Херцеговина, а една третина престојувале во посета на Македонија.

Резултатите од извештајот „Балканскиот барометар 2017“ истовремено ни пружаат приказ за општата состојба за невработеноста и економската ситуација. На прашањето: Кој е еден од двата најголеми проблеми кои се одразува врз вашата земја, 67 насто од анкетираните во регионот одговорија дека тоа е невработеноста, 46 насто економската ситуација, 32 насто корумпираноста, 16 насто злосторствата. Одговорите на истите прашања во Турција се разликуваат од одговорите на анкетираните во Балканот. 48 насто од анкетираните во Турција одговорија дека најголем проблем на земјата се безбедноста и тероризмот, 44 насто невработеноста, 37 насто економската ситуација, 14 насто азилантите. Само 15 насто од анкетираните во Турција и 12 насто на Балканот одговорија дека со доаѓањето не азилантите ќе дојде до одредено подобрување во земјата.

На сличен начин во Балканските земји така и во Турција луѓето се многу позадоволни од материјалната состојба на своите домаќинства отколку општата економија на земјата. 39 насто од граѓаните на Турција се задоволни од материјалната ситуација на своите домаќинства, додека оваа бројка на Балканот изнесува 27 насто. 27 насто од граѓаните на Турција и Балканот изразија очекување за подобрување на финансиската состојба во 2017 година. За жал, 36 насто од анкетираните во Турција изразија загриженост од можноста за евентуално губење на работатата, додека овој процент во Балканските земји изнесува 21 насто. 43 насто од анкетираните граѓани на 7 балкански земји, 67 насто од граѓаните на Турција истакнаа дека преферираат да работат во државните установи. Оваа состојба покажува дека граѓаните немаат доволна доверба во приватниот сектор.

Според податоците на извештајот на Балканскиот барометар, 35 насто од анкетираните во Турција и Балканските земји истакнаа дека се плашат од ризикот да не паднат во состојба на сиромашни. 80 насто од анкетираните во Турција се изјаснија дека веруваат оти постепено се повеќе се зголемува јазот меѓу богатите и сиромашните, додека оваа бројка меѓу анкетираните од балканските земји изнесува 88 насто. Стапката на оние кои што мислат дека би можеле да одат на работа во странство, во балканските земји изнесува 45, а во Турција 25 насто. Оваа бројка посочува дека во балканските земји е поголема тенденцијата за миграции.

Стапката на довербата на граѓаните во владата во Турција во споредба со балканските земји е многу повисока. Освен тоа и довербата во државните установи на граѓаните во Турција е многу поголема во споредба со балканските земји. На пример довербата на граѓаните во Турција во владата изнесува 64 насто од анкетираните, во правосудството 61, во парламентот 57 насто. Овие бројки во балканските земји се движат од 26 до 28 насто. Бројот на оние кои што веруваат во праведното спроведување на законите во Турција изнесува 57 насто, додека во балканските земји 24 насто. 59 насто од анкетираните во Турција веруваат дека владата води активна улога во борбата против корупцијата, додека оваа бројка во балканските земји изнесува 23 насто. Овие показатели покажуваат дека во балканските земји треба да се извршат подобрувања од аспект на владеењето на правото и подоброто управување.



Слични вести