Балканска агенда 45-2017

Оживувањето на Патот на свилата преку Турција и Балканот

Балканска агенда 45-2017

Неодамна свечено беше пуштена во сообраќај железничката линија Карс-Тбилиси-Баку која важи за една од значајните алки на проектот Модерниот Пат на свилата. Со железницата која освен подоброто транспортно поврзување на Турција со Кавказ и Централна Азија, претставува алтернатива за транспортните коридори во регионот, исто така се предвидува да презеде и значајна улога во железничкиот сообраќај меѓу Кина и Европа. Благодарение на железничкиот проект Карс-Тбилиси-Баку и Балканските земји ќе можат да земат поактивно учество во повторното оживување на историскиот Пат на свилата.

По завршувањето на периодот на Студената војна и транзицијата на поранешните земји членки на Источниот Блок (Варшавскиот пакт) кон пазарната економија, западноевропските земји влегоа во потрага по транспортни патишта и правци кои ќе обезбедат брз и евтин пристап до азиските пазари. Во тие рамки, Паневропскиот транспортен коридор и модерната ТЕН-Т програма кои почнаа да се развиваат на почетокот на 1990-те години, во предвид беа земени и потребите за пристап до азиските пазари. Паралелно со тоа, започнаа и активности за оживување на Евроазискиот копнен мост кој алудираше на железничкиот транспорт меѓу пристаништата на Руската Федерација и Кина преку Тихиот Океан и европските пристаништа. Од друга страна пак, транспортниот коридор Европа-Кавказ-Азија (ТРАСЕКА) со кој се предвидуваше поврзувањето на Европа со Азија, беше развиен како нов проект. Со овој проект беше предвидено Европа со 4-от, 7-от, 8-от и 9-от Паневропски транспортен коридор преку Балканот, Црното Море, Турција, Кавказ и Каспиското Море да се поврзе со Средна Азија.

Голем придонес во напорите за продолжување на модерната ТЕН-Т програма до Азискиот континент има и Економската комисија на Обединетите нации за Европа (УНЕЦЕ). Освен тоа, меѓународните организации и установи како што се Меѓународната унија за патен транспорт (ИРУ), Европската конференција на министри за транспорт (ЦЕМТ) и Азиско-пацифичката економска и социјална комисија на Обединетите нации (УНЕСКАП) дадоа големи придонеси во укинувањето на сите пречки на патот за развој на копнениот транспорт меѓу Европа и Азија овозможувајќи нови можности.

На Втората меѓународна конференција за Евроазискиот транспорт во 2000-та година на Економската комисија на Обединетите нации за Европа беа утврдени четири евроазиски копнени транспортни коридори со кои се предвидува да се поврзе ЕУ и Азија и тоа: Транссибирски транспортен коридор, транспортен коридор Европа-Кавказ-Азија, Јужен транспортен коридор и транспортниот коридор Север-Југ. Меѓу приоритетните проекти кои беа определени во наведените рамки се наоѓаат главната рута на транспортниот коридор Европа-Кавказ-Азија како и рутата на коридорот кој Бугарија преку Турција и Иран ќе ја поврзе со Авганистан и Кина. Наведените две рути овозможуваат повторно оживување на историскиот Пат на свилата преку Балканот и Турција. Југоисточната оска која важи за една од најголемите пет меѓународни транспортни оски на ЕУ на сличен начин овозможува повторно оживување на историскиот Пат на свилата преку Балканот и Турција. Гледано од тој аспект да подвлечеме дека под слоганот „Еден појас, еден пат“ и Кина вложува големи напори за оживување на проектот нов Пат на свилата.

Турција од географски аспект е земја расрксница меѓу Азија, Европа и Африка. 4-от, 8-от и 10-от коридор од Паневропските транспортни коридори преку копно непрекинато ја поврзуваат Турција и ја приклучуваат кон Паневропскиот транспортен систем. За европско-азискиот премин преку Турција се наоѓаат уште две солуции преку Иран и Кавказ.

Една од најзначајните пречки за преминот преку Иран е Ванското езеро. Имено траектите (фериботите) кои патуваат преку езерото имаат стара технологија и низок носечки капацитет, поради што не можат да одговорат на побарувачката. Опцијата за поврзување преку Кавказ е проблематична поради границата со Ерменија која уште од 1993 година наваму е затворена. Затоа Турција подолг временски период се ангажираше со изградбата на Црноморскиот крајбрежен пат кој го зголеми квалитетот на транспортниот коридор Европа-Кавказ-Азија и транспортната мрежа Пан-европа. Освен тоа Турција ги заврши проектите мармарај и железничката линија Карс-Тбилиси со кои се обезбеди непрекината железничка линија меѓу Европа и Азија. Железничките пруги кои ќе бидат поставени низ средината на мостот Јавуз Султан Селим исто така се очекува да даде придонес во железничкото поврзување меѓу Европа и Азија.

Освен наведените активности, како резултат на преговорите со кинеските власти, на дневен ред се наоѓаат и напорите за подобрување на постоечката инфраструктура на железничката линија меѓу Турција и Кина. Со цел да се олеснат премините преку граничните премини, менаџментот и модернизацијата на царините и царинските премини се остварува од страна на Унијата на коморите и стоковите берзи на Турција (ТОББ).

Со пуштањето во сообраќај на железничката линија Карс-Тбилиси-Баку се предвидува да се развие соработката меѓу Европа, Црноморските земји, Кавкаските, земјите околу Каспиското море и Азија. Сите овие случувања ќе предизвикаат нови можности за соработка и нови потенцијали за Турција. Благодарение на Патот на свилата, се очекува оживување на транспортно-логистичкиот сектор и трговијата на Турција. Во суштина, железничката линија Карс-Тбилиси-Баку се очекува да одигра голема улога во развојот на економијата и социјалниот живот на земјите низ кој поминува железничката линија. За вистинско оживување на историскиот и модерен Пат на свилата нема да биде доволно само обновата и реконструирањето на транспортната инфраструктура на Турција, туку истовремено големо значење има и обновата и реконструирањето и на Балканските земји како и железниците на азиските земји низ кои ќе поминува. Маршрутата на транспортниот коридор Европа-Кавказ-Азија кој обезбедува пристап до далечните источни земји преку Црното и Каспиското Море, ќе продолжи да важи за најголем ривал на железничката линија Карс-Тбилиси-Баку.



Слични вести