Борут Пахор повторно избран за претседател на Словенија

Пахор :Ветувам дека ќе направам се што е во моја можност да бидам гласот на сите граѓани

Борут Пахор повторно избран за претседател на Словенија

На вториот круг на гласањето за претседател на Словенија, Борут Пахор повторно избран за претседател на државата.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Државата изборна комисија на Словенија беше истакнато дека се преброени околу 99,98 насто од гласовите и според резултатите од вториот круг, Пахор освои 52,94 насто, го помина изборниот праг и по втор пат беше избран за претседател.

Според неофицијални податоци, другиот кандидат градоначалникот на општина Камник Марјан Шарец освои 47,06 насто.

Од 1 милион 716 илјади 39 избирачи колку што се регистрирани, на изборите учествуваа 41,74 насто од гласачите.

Пахор во изјавата во Љубљана им се заблагодари на сите гласачи и рече:

„Ветувам дека ќе направам се што е во моја можност да бидам глас на сите граѓани и дека ќе го претставувам и застапувам целиот словенски народ“ рече Пахор.

Во преостанатите пет години од мандатот ќе се насочам кон обврзителни проекти рече Пахор и потенцираше на спремноста за помош на политиката во Словенија.

Противкандидатот Шарец исто така му честиташе на Пахор за реизборот.

Претседателските избори во Словенија која во 1991 година се стекна со независност се одржуваат на секои пет години.



Слични вести