Балканска агенда 46-2017

Кратка историја на малата балканска земја Црна Гора

Балканска агенда 46-2017

Малата балканска држава Црна Гора брои 643 илјади жители и на 21 мај 2006 година доживеа уште една пресвртна точка во својата историја. По 88 годишниот заеднички соживот во една држава, Црна Гора со одржувањето на референдумот за отцепување на наведениот датум, успеа да се стекне со независноста. На резултатите од референдумот имаше и граѓани на Црна Гора кои не се радуваа покрај оние што се радуваа на независноста. По 11 години, граѓаните на Црна Гора и натаму продолжуваат да бидат одвоени во однос на овој вид прашања.

Црна Гора и Србија со векови во историјата се познати како братски народ. Како резултат на заедничкиот јазик и вера, слична историја и традиција, многу е тешко да се одвојат Србите и Црногорците. Една од најзначајните поенти поради која што се одвојуваат и разликуваат Црногорците и Србите е фактот дека имале различни владетели. Црногорските историчари го бранат ставот дека нивната државна организираност започнала во 7-от век со формирањето на општествена организираност Дукља. Нешто потоа, оваа држава била наречена Зета и најпознатиот владетел бил Бодин кој владеел од 1082 до 1101 година. Освен Бодин, значајно владетелско место во историјата на Црна Гора заземаат и династиите Балшиќ, Црнојевиќ и Петровиќ.

Иако првите траги за употребата на зборот Црна Гора датираат од 1276 година, познато е дека името Зета се употребувало се до крајот на 15-от век. Независноста на оваа земја беше призната на Берлинскиот конгрес во 1878 година. Во 1910 година беше прогласено кралството Црна Гора кое не можеше да егзистира подолго. На 7 ноември 1918 година, Големото национално собрание на Црна Гора во престолнината Подгорица усвои одлука според која се оконча владеењето на Кралот Никола Први Петровиќ Његош и интеграција на Црна Гора во Србија. На 1 декември 1918 година, со формирањето на Кралството на Србите Словенците и Хрватите, Црна Гора го изгуби својството на држава и нација.

Почнувајќи од 1945 година, Црна Гора повторно почна да се спомнува како една од републиките на новоформираната Федерална Југославија. По распаѓањето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија чиј основоположител беше комунистичкиот лидер Јосип Броз Тито, единствена република која го продолжи сојузот со Србија беше Црна Гора. Впрочем на референдумот што се одржа на 1 март 1992 година, црногорскиот народ бараше да останат во заедница со Србија. Врз база на овие случувања српскиот лидер Слободан Милошевиќ на 27 април 1992 година ја прогласи Федерална Република Југославија.

Политиките што ги следеше Милошевиќ од страна на Црна Гора беа подржани до 1997 година. До оваа година, Белград се залагаше за наметнување на српскиот идентитет и српската национална свест, го одби постоењето на православната црква на Црна Гора и на Црна Гора секогаш сметаше како на помалиот брат на Србија. Овие политики предизвикаа будење на црногорската национална свест и рушење на власта во Црна Гора во 1997 година. Новото движење кое ја презеде власта, најпрвин почна да следи политики кои што ќе ја спасат земјата од изолациите на која беше изложена Србија за да на крајот прогласи целосна независност од Србија.

Во рамките на репресивните политики за вршење притисок врз режимот на Милошевиќ, Западните земји на почетокот во голема мера ја поддржуваа Црна Гора. Но со текот на времето, со рушењето на режимот на Милошевиќ, Запад наместо независноста на Црна Гора, почна да го брани сојузот со Србија. Како последица на овие политики, на 4 февруари 2003 година, Србија и Црна Гора повторно формираа една нова федерална држава. Но Црна Гора по 85 години повторно почна да го забележува своето име меѓу светските држави.

Сојузот меѓу Србија и Црна Гора како што се очекуваше не траеше долго. Покрај заедничката држава која беше формирана, патиштата на Белград и Подгорица постепено се одвојуваа. Подгорица предложи Србија и Црна Гора да се поделат според моделот на која беше поделена Чехословачка. Белград го одби овој предлог. Затоа Црна Гора го искористи уставното право и одржа референдум за независност. Покрај двојниот стандард што го наметнуваше Брисел, на референдумот на 21 мај 2006 година народот на Црна Гора успеа да ја поврати историската независност.

Денес покрај резултатите од референдумот, граѓаните на Црна Гора како да се поделени во однос на статусот на државата. Додека 55,5 насто од граѓаните гласаа за независност и осамостојување, 44,5 насто гласаа против. Претежно од оние кои што беа против се граѓани кои придаваат поголемо значење на Србија, односно граѓани од српско потекло на Црна Гора. Дури денес дел од парламентарците во Собранието на Црна Гора, наместо интересите на Црна Гора ги бранат интересите на Србија. 11 години по прогласувањето на независноста, голем е бројот на оние коишто сакаат да дојде до повторно обединување на Црна Гора и Србија. На демонстрациите на опозицијата во Црна Гора, наместо знамиња на Црна Гора може да се види како се виорат знамиња на Србија. Националистичките чети во Србија со поддршка на Москва никогаш не се откажа од мешањето во внатрешните работи на Црна Гора. Покрај сите овие тешкотии, Црна Гора продолжи цврсто да чекори по зацртаниот пат. Во 2017 година, Црна Гора со пристапувањето во редовите на НАТО, цврсто продолжува на патот да стане и земја членка на ЕУ. Со новите услови и конјунктура во светот, дојде и до подобрување на односите меѓу Белград и Подгорица. Но и покрај сите случувања, расцепканоста меѓу граѓаните на Црна Гора продолжува да важи за една од заканите за општествениот мир и просперитет на оваа земја.



Слични вести