Министерот за евроинтеграции Челик во посета на Бугарија

Министерот Челик во рамките на официјалната посета на Бугарија се состана со бугарскиот премиер Бојко Борисов

Министерот за евроинтеграции Челик во посета на Бугарија

Министерот за евроинтеграции Омер Челик во рамките на официјалната посета на Бугарија се состана со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

На средбата Борисов-Челик која траеше 1 час и 15 минути беа разгледани односите меѓу Турција и ЕУ, билатералните односи меѓу двете земји како и очекувањата на Турција од привременото претседателствување на Бугарија со ЕУ во 2018 година.

Од друга страна пак, Борисов изрази желба за учество на отворањето на Железната црква како што е позната бугарската црква Свети Стефан на 7 јануари заедно со претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Премиерот Борисов рече дека претседателот Ердоган претходно го имаше покането да учествува на свеченото отворање на црквата.



Слични вести