Во Унгарија покрената судска постапка против европратеникот Бела Ковач

Ковач се обвинува за шпионажа против установите на ЕУ и корупција со која предизвикал штета на сметка на јавниот буџет

Во Унгарија покрената судска постапка против европратеникот Бела Ковач

Во Унгарија покрената судска постапка против европарламентарецот на партијата Јобик Бела Ковач под сомнение дека се бавел со шпионски активности.

Главниот јавен обвинител Имре Каресцес рече дека против Ковач била покрената постапка поради сомнение за предизвикување штета на јавниот буџет на земјата и кривично дело против јавната доверба.

Каресцес меѓудругото рече дека Ковач вршел шпионажа против установите на ЕУ и со корупција предизвикал штета на сметка на јавниот буџет.

Јавното обвинителство на Романија поднесе барање за укинување на имунитетот на Ковач од ЕУ поради тврдењата дека се бавел со шпионажа во името на Русија и покрај потпишувањето на договорот за стажирање со 4 лица, истите не заминале за Брисел и не правеле никаква работа.

На барање на Јавното обвинителство на Унгарија, европскиот парламент го укина имунитетот на Ковач.

Меѓу изнесените тврдења, Ковач честопати стапувал во контакт со руските дипломати и секој месец еднаш патувал во посета на Москва.



Слични вести