Балканска агенда 3-2018

Одразот на турско-хравтските односи врз Босна и Херцеговина

Балканска агенда 3-2018

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ на 9-ти јануари 2018 престојуваше во официјална посета на Турција. На средбата со претседателот Реџеп Тајип Ердоган беа разменети мислења во врска со билатералните односи меѓу Турција и Хрватска како и регионалните и меѓународни прашања кои ги засегаат двете земји. Од заедничката прес конференција како што можеше да се разбере, двајцата лидери посебно разговарале за бошњачко-хрватскиот дијалог во Босна и Херцеговина.

Пријателските односи меѓу Турција и Хрватска траат подолг временски период. Како што нема политички проблеми меѓу двете земји, така и државните претставници на двете земји вложуваат напори да ги заштитат добрите односи. Претседателите на Турција и Хрватска во првата половина на 1990-те години, Сулејман Демирел и Фрањо Туѓман одиграа значајна улога во подобрувањето на односите и зближувањето на двете земји. Меѓусебните посети кои имаат за цел да ја обноват довербата уште повеќе ги созреаја односите. Но за жал економските односи меѓу двете земји и натаму не се на задоволително ниво.

Уделот на Хрватска меѓу 10-те балкански земји во 2016 година во кои Турција извезува изнесуваше 3,21 насто. Додека уделот на Хрватска во истиот период меѓу 10-те Балкански земји од кои Турција увезуваше изнесува 2,1 насто. Од друга страна пак, гледано од аспект на крајот на 2016 година, кумулативната вредност на директните турски инвестиции во Хрватска изнесуваше околу 430 милиони долари. Особено во последните неколку години беше забележан раст во турските инвестиции во Хрватска. Вкупната кумулативна вредност на директните инвестиции на Турција во својство на директни странски инвестиции во десет балкански земји во 2016 година достигна 10 милијарди долари. Очигледно е дека турскиот капитал наново почна да го запознава хрватскиот пазар. Затоа, хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во рамките на посетата на Анкара посвети посебно значење на развојот на економските односи меѓу двете земји.

Туристичкиот сектор на Хрватска во последно време се повеќе почна да го привлекуваат интересирањето на турските туристи. Илјадници турски туристи особено го посетуваат хрватскиот крајбрежен град Дубровник. Турските бизнисмени покажуваат големо интересирање кон туристичкиот сектор на оваа земја. Фактот дека туризмот претставува значаен извор на приходи за Хрватска, зголемувањето на бројот на турските туристи во Хрватска има големо значење за Загреб. Заштитата на договорот за миграции меѓу Турција и ЕУ има витално значење за Хрватска. Имено блискоисточните и северноафриканските имигранти кои во Европа се обидуваат да пристигнат преку балканската рута, неминовно пристигнуваат до границите на Хрватска. Според податоците на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР), гледано од аспект на податоците од крајот на 2016 година, во Хрватска се наоѓаа само 304 бегалци, 557 азиланти и 2873 лица без државјанство.  Иако наведените бројки не се многу високи, Хрватска исто како и низа други европски земји вложува напори бегалците и имигрантите да ги држи што подалеку од своите граници.

Гледано од аспект на Турција, освен економските односи, на односите со Хрватска се придава посебно значење и од аспект на одбранбената и безбедносна соработка. Хрватска не се наоѓа на списокот на земјите кои се против пристапувањето на Турција во ЕУ. Како земја членка на НАТО; Хрватска и Турција се природни сојузници. Затоа Анкара има срдечен приод кон зајакнувањето на соработката во одбранбената индустрија меѓу Турција и Хрватска. Борбата против тероризмот е едно друго значајно прашање кое се најде на дневниот ред на Анкара и Загреб. Во борбата против терористичката организација ПКК Хрватска претежно е на страната на Турција. Додека за жал поддршката на Загреб во борбата против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО остана на симболично ниво.

Босна и Херцеговина е едно друго значајно прашање кое се најде на дневниот ред на средбата Китаровиќ-Ердоган. Турција и Хрватска вложија големи напори за окончување на судирите меѓу Бошњаците и Хрватите во војната во БиХ во првата половина на 1990-те години. Хрватската поддршка на територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина има големо значење бидејќи Хрватска важи за една од земјите која лесно може да влијае врз Хрватите во БиХ. Турција околу десет години во рамките на тројните механизми се залага за зајакнување на довербата меѓу Босна и Херцеговина и Србија од една страна како и меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска од друга страна. Формирањето поповолна средина на регионално ниво се очекува да ја намали политичката напнатост и да го интензивира процесот на реформи.

Загреб досега имаше пасивен приод кон иницијативата на Турција која ја разви на претседателско ниво а која се однесува на одржување Трилатерален Балкански состанок меѓу Турција - Босна и Херцеговина – Хрватска. Од посетата на претседателката Грабар-Китаровиќ на Турција може да се разбере дека Загреба наеднаш почна да чувствува потреба од Трилатерален Балкански состанок. Ако се земе во предвид суштината на посетата можеме да кажеме дека Загреб, поаѓајќи од фактот дека претседателот Ердоган има добри односи со бошњачкиот колега Бакир Изетбеговиќ, тогаш очигледно е дека бара поддршка за остварување на политичките цели на босанските Хрвати.

Лани пратеничката група на босанските Хрвати поднесе предлог-закон за промена на изборниот закон на БиХ. Со овој предлог закон се планираше да се спречи изборот на хрватскиот кандидат за претседател и претставник во собранието со гласовите на Бошњаците. Имено со новиот закон се предвидуваше хрватскиот претставник да биде избран само од страна на гласовите на Хрватите, додека претставникот на Бошњаците само со гласовите на Бошњаците. Предлог-законот освен тоа што не ги реши постоечките неправди во законот исто така предизвика и нови прекршувања на човековите права. Како што е познато Босанско-хрватската федерација се состои од 10 кантони. Ако стапи на сила предлог-законот на Хрватите, Бошњаците кои живеат во 10-от кантон или  Хрватите кои живеат во Сараевскиот кантон не ќе можат да бидат избрани за пратеници во собранието. Една од причините поради која Бошњаците го блокираат предлог-законот за промена на изборниот закон е токму тоа.

Според Бошњаците, усвојувањето на промените ќе предизвикаат гласање кое ќе се заснова на етничка основа и де факто ќе се отвори патот за формирање на трет хрватски ентитет. Барањето поддршка на хрватската претседателка Грабар-Китаровиќ од претседателот Ердоган на предлог-законот кој нема никаква прифатлива страна од аспект на Бошњаците, беше причина за реакциите на бошњачките политички партии и медиумите на Босна и Херцеговина. Согласно критиките може да се заклучи дека Загреб има двоен став кон Босна и Херцеговина. Имено покрај тоа што висок хрватски претставник изјави дека од една страна го поддржуваат територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, од друга страна пак силно ги поддржуваат барањата за автономија на босанските Хрвати. Анкара свесна за случувањата во Босна и Херцеговина секако дека не може да се очекува да го подржи Загреб особено не во врска со прашањата кои се косат со интересите на Бошњаците. Се додека лидерите на Босна и Херцеговина самите не постигнат меѓусебен договор, стапката на поттикнување на регионалните состаноци и самити за напредок на земјата ќе имаат ограничена улога.

Автор на програмата е д–р Ерхан Турбедар.



Слични вести