Што им се Турците од Западна Тракија на Грција?

Турците од Западна Тракија беа главна тема на програмата „Чешми Џихан“

Што им се Турците од Западна Тракија на Грција?

Денес Турците од Западна Тракија беа главна тема на програмата „Чешми Џихан“ чиј автор е проф. д-р Кудрет Булбул, декан на Факултетот за политички науки на универзитетот Јилдирим Бејазит, а која секој петок се објавува на брановите на Радиото Глас на Турција.

На програмата, чиј гостин беше проф. д-р Левент Кајапинар  од Факултетот за природни науки при универзитетот Намик Кемал, преку телефон учествуваше и генералниот директот на Центарот за исламски историски, уметнички и културни истражувања при Организацијата на исламската конференција доц. д-р Халит Ерен.

Во рамките на програмата чија тема беше „ Што им се Турците од Западна Тракија на Грција?“ под следните поглавја како што се идентитетот, образованието, фондациите и муфтиството на Турците од Западна Тракија, чиј идентитет се негира од страна на Грција, детално беа разгледани прашањата и тешкотиите со кои се соочуваат во текот на секојдневниот живот, правата кои потекнуваат најпрвин од Лозанскиот договор а потоа и билатералните и меѓународните договори, а кои систематски се одземаат , како и сето она што треба да се направи, активностите кои што треба да се преземат на меѓународните платформи, особено под покровителство на ЕУ за враќање на правата.

Доц. Д-р Халит Ерен рече дека одлуката за укинување на 19-от член (која се однесува на отпуштањето на граѓаните на Грција кои не се од грчко потекло а кои живеат надвор од земјата) беше донесена врз база на притисокот на ЕУ и дека овој член беше укинат, потенцирајќи дека во случај да дојде до слични притисоци, тогаш може да се постигне сериозен напредок во решавањето на малцинското прашање на Турците во Западна Тракија.



Слични вести