Балкански актуелности 08/2018

Дали е на повидок решавањето на спорот околу името на Македонија?

Балкански актуелности 08/2018

Според македонски извори Атина и Скопје изразуваат надеж до летните месеци да се изнајде решение за спорот околу името. Македонскиот премиер Зоран Заев изразува решителност околу заокружување на овој проблем. Тоа се манифестира со промената на името на скопскиот аеродром Александар Велики во  Меѓународен аеродром  Скопје , и со промената на името на автопатот во Автопат на пријателство.Како што изјави премиерот Заев можно е решението да се изнајде во предлогот како што е на пример  Горна Македонија или Нова Македонија.Решителноста на Заев наидува на одобрување кај грчката страна. Сепак и покрај тоа и кај двете страни се слушаат различни тонови така што им претстои голема работа на властите и кај двете страни  граѓаните да се убедат во исправноста на донесеното решение.

Веднаш после стекнувањето на независноста во 1991 година Македонија како приоритени прашања ги зацрта прашањата за влез во НАТО и ЕУ, негување на добрите односи со соседите и унапредување на регионалната соработка. Овие цели во надворешната политика во исто време беа цели и на една поширока политичка основа, но проблемот околу името што се појави со Грција и предизвикува проблеми на Македонија во реализирањето на нејзините надворешно политички цели.

Според грчката теза денешна Македонија никогаш не постоеше во историјата, туку таа се појави на крајот на Втората светска војна од идеолошки причини. Оваа грчка теза со години беше оспорувана во Македонија, Атина истакнува дека името Македонија е историски мираз на грчкиот народ и како резултат на тоа одби да ја ословува Македонија со нејзиното уставно име.Македонските власти пак тврдеа дека името Македонија го претставува идентитетот на македонскиот народ и дека секоја држава има суверено право самата да си го определи името. Но Атина постојано истакнуваше дека се додека Македонија не го промени името таа секогаш ќе става вето на нејзиниот прием во НАТО и во ЕУ. Европската комисија неколкупати предложи да започне преговарачкиот процес за прием на Македонија во ЕУ но поради блоката на Грција Македонија не успеа во својата желба да биде примена во НАТО во 2009 година кога беа примени Албанија и Хрватска.

Предлозите на специјалниот претставник на ОН за Македонија за решавање на спорот околу името беа веднаш отфрлувани како од страна на  Скопје така и од страна на Атина. Токму заради тоа преговорите честопати наидуваа на прекини.

Македонските претставници од една страна го водеа преговарачкиот процес со Грција а од друга водеа правна борба на ниво на меѓунардоните институции со Грција. Во 2011 година  Меѓународниот суд на правдата ги уважи тврдењата на Македонија дека Грција ја прекршила Привремената спогодба на Самитот во Букурешт. Но бидејќи судската одлука не беше правосилна таа уште повеќе го заостри ставот на Атина.

Преговорите околу името кои ќе се водат во следните месеци со посредство и медијаторство на ОН се очекува за прв пат после 27 години да завршат со позитивен резултат. Сепак Атина не би требало да биде сто посто убедена во тоа дека македонскиот премиер Зоран Заев ќе го промени името на државата по секоја цена.Напротив и двете страни би требало да се однесуваат конструктивно и да предложат решеније кое ќе биде прифатливо и за двете страни.

Едно јавно истражување спроведено пред три недели од Демократскиот институт во Скопје покажа дека 61 посто од македонските граѓани имаат позитивен став за менување на името на државата како услов таа да биде примена во НАТО и ЕУ. Според етничка припадност 50 посто од Македонците и 95 посто од Албанците во Македонија се за промена на името на државата како услов таа да биде примена во ЕУ и во НАТО.

Албанците кои немаат било какви национални или емоционални чувства кон името Македонија бараат што побргу да се реши проблемот со Грција и Македонија што побргу да биде примена во ЕУ и во НАТО. Македонците пак се поделени.

Спорот околу името со Македонија резултира со пораст на националистичките чувства меѓу Македонците особено од 2006 година наваму.Претходната македонска власт со огромни пари среде Скопје постави споменици претворајќи ја престолнината во велелепен антички град. На тој начин се посака да се воспостави континуитет меѓу античката држава на Александар Велики, средновековните балкански господари и модерна Македонија, но ова доведе до затегнување на односите не само со Грција туку и со Бугарија.

Премиерот Зоран Заев сака да го менува тоа ,да се воспостави мир во земјата и добрососедски односи со комшиите. На патот му се појавуваат пречки,така да Заев очекува поддршка од пријателска земја како што е Турција. Заев на 12 февруари во Анкара се состана со претседателот Реџеп Тајип Ердоган и со премиерот Бинали Јилдирим. И од двајцата доби потврда дека Турција ќе застане покрај Македонија во спорот околу името со соседна Грција. Секако дека и двете земји  ќе ја почитуваат вољата на своите народи. Анкара е свесна за фактот дека спорот околу името на Македонија со соседот Грција е пресуден во воспоставувањето на општа стабилност на Балканот.

Автор др. Ерхан Турбедар



Слични вести