Балканска агенда 11-2018

Дали е можно формирање вистински пријателства на Балканот?

Балканска агенда 11-2018

Во Балканските земји повеќе од индивидуалните права често се води политика над колективните права поддржани со националистички реторики. Национализмот би можел да одигра позитивна улога во општествата од аспект на обединувањето на луѓето, меѓутоа кај мултиетнички општества како што се Балканските земји национализмот повеќе се преобразува во фактор на оградување или разделувачки и отуѓувачки фактор.

Мултиетничките општества во одредени случаи би можеле да ги поттикнуваат толеранцијата, соработката и компромсиот, но за да се формира една таква средина ниту една етничка група не треба политичката моќ да ја држи во свој монопол и не треба да воспоставува надвласт над другите етнички групи. Титова Југославија во голема мера беше срушена поради тоа што еден народ воспостави надвласт над другите народи.

Без да се располага со политичка култура во која толеранцијата, соработката и компромисот ќе бидат внесени меѓу основните вредности не е лесно да се развијат и демократските институции во една земја. Дејтонскиот мировен договор во Босна и Херцеговина, планот на Марти Ахтисаари и косовскиот Устав во Косово, како и Охридскиот рамковен договор во Македонија оставија значајни основи за демократските институции во овие земји, меѓутоа покрај оваа институционална инфраструктура и политичката култура треба да постои и одредена хармонија. Во зпаден Балкан пак некои политичари совесно прават разлика на „ние“ и „тие“, за добивање гласови не им се обраќаат на сите граѓани, туку на општествата или заедниците чии се и припадници и по пат на ова ги хомогенизираат и отуѓуваат другите. Во овие средини пак демократските институции не се во можност да ја исполнат онаа нивна функционалност на инклузивност, односно сеопфатност.

За санирање или лечење на Балканот од оние несреќни искуства кои што беа доживеани во 1990-сетите години има потреба од уште долго време. Но и покрај тоа не треба и да се чека за развивање на една обединувачка и инклузивна или сеопфатна политичка култура. Откако балканските политичари ќе презентираат политичка волја во оваа насока со текот на времето ќе се стави крај и на онаа средина која ги легитимизира потрагите по право на етничка основа.

Меѓутоа еден дел од политичките лидери во земјите на западен Балкан го прават точно спротивното и не вложуваат обиди и напори за заборавање на случувањата во 1990-сетите години. Затоа во земјите од овој регион продолжува да доминира националистичката реторика, а исто така се настојува да продолжи и етничката поделеност. Имено различни изборни кампањи покажуваат дека некои политичари во западен Балкан ги искористуваат овие видови поделби.

Од друга страна поголемиот дел од медиумите се приврзаници на одредена политичка партија и вршат пропаганда на партијата која ја поддржуваат. Особено пишаните медиуми имаат голем придонес во продолжувањето на сомнежот и недовербата во етничките односи.

Поради сето тоа буди надеж тоа што земјите од западен Балкан во последните години водат обиди за зајакнување на своите институционални односи со ЕУ. Уште од почетокот покренувачката сила на ЕУ помогна во реформата на државата и економијата, подобрувањето на квалитетот на демократијата и зголемувањето на продуктивноста на јавните институции на Балканот. Така поголемиот дел од меѓународните полициски и воени мисии кои во 1990-сетите години беа на задача во Македонија, Босна и Херцеговина и Косово потоа беа преземени од страна на мисии на ЕУ.

ЕУ и денеска одигрува ефикасни улоги во решавањето на присутните проблеми во регионот. На пример продолжува да ги нормализира односите помеѓу Србија и Косово. Меѓутоа заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ не е развиена до мера да би можела да стави крај на основните извори на затегнатост на Балканот. Особено мигрантската криза уште еднаш покажа дека ЕУ се соочува со тешкотии за да се конвертира во заеднички глас на сите 28 земји членки.

Поради проблемите со кои што се соочува ЕУ во последно време ги потисна кон подолните места своите приоритети во однос на политиката на проширување. Постепено се намалува и поддршката на граѓаните на земјите членки на ЕУ кон проширувањето. Но и покрај тоа независно од случувањата во Брисел земјите од западен Балкан треба да ги продолжат своите реформи на патот на ЕУ.

Земјите од западен Балкан треба да работат на креирање на нов изглед во врска со самите себе на патот за членство во ЕУ. Треба да се овозможи да биде афирмирано дека Балканот не е нестабилен регион, дека е регион кој води борба против корупцијата, ги зајакнува своите државни институции, се обидува да ги привлече странските инвестиции и е заинтересиран регион во однос на животните услови на своите граѓани. За да би можеле да го забрзат процесот за членство во ЕУ пак земјите од овој регион треба да фрлат чекори по прашањата на развојот на правната држава, економското управување и административниот капацитет, а исто така да фрлаат поодлучни чекори и на национално и на регионално ниво. Откако ќе се оствари сето тоа лидерите на ЕУ полесно би можеле да ја добијат потребаната поддршка од своите граѓани за да ги отворат вратите на Унијата за западен Балкан.

Накусо кажано земјите од западен Балкан треба да го дадат својот придонес во презентацијата на тоа дека проширувањето на ЕУ не е дел од проблемот, туку е дел од решението. Само Балканот кој ќе биде примен во членство во ЕУ ќе може да се селектира потрајно од проблемите.

Автор на програмата е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести