Соработката меѓу балканските држави вчера и денес

Најважни елементи кои влијаат врз соработката меѓу балканските држави секако дека се заедничкото минато,централистички начин на управување, географска блискост, слична економска состојба и слични економски проблеми, како и слична надворешна политика.

Соработката меѓу балканските држави вчера и денес

Балкански актуелности 12/2018

Соработката меѓу балканските држави вчера и денес

Најважни елементи кои влијаат врз соработката меѓу балканските држави секако дека се заедничкото минато,централистички начин на управување, географска блискост, слична економска состојба и слични економски проблеми, како и слична надворешна политика.Кон крајот на 80’тите години од минатиот век, во балканот започна да се реализира процесот на транзиција кој што беше и првиот сигнал за почетокот на соработката меѓу балканските земји. Крвавиот распад на Титова Југославија, потоа насилното протерување на стотици илјади Турци од Бугарија во 1989 година како да беше знак дека балканските држави сеуште не се спремни за меѓусебна соработка.

Централно европската Иницијатива е најстарата од ваков вид која пред се ги интересираше балканските држави. Оваа иницијатива чии темели беа фрлени во ноември 1989 година првин имаше за цел околу себе да ги собере централно европските држави а потоа и балканските. Нешто подоцна со иницијатива на Турција во 1992 година се формира Црноморскиот економски сојуз кој што исто така имаше за цел унапредување и развивање на соработката меѓу земјите од Црноморскиот појас и балканските држави.Не се остана само на тоа. На пример во 1996 година на иницијатива на Бугарија беше основан Процесот за унапредување на соработката меѓу земјите од Југоисточна Европа.Во овој сојуз се прикличија сите балкански држави така да за него често пати се вели дека е гласот на Балканот. Неколку години подоцна во 1999 година на иницијатива на Германија се фрлија темелите на Иницијативата за соработка во Југоисточна Европа.Веднаш потоа следуваше формирањето на Европскиот пакт за стабилност кој претставуваше продолжеток на Иницијативата за соработка во Југоисточна Европа.

Благодарение на Европскиот пакт за стабилност меѓународната заедница наместо да интервенира во кризни ситуации кои што се појавуваа на Балканот се преориентира кон превенција на кризите. Околу 40’тина асоцијации во рамките на овој сојуз делуваа со една цел,воспставување на мир и стабилност на Балканот.Пактот за стабилност скоро 9 години колку што делуваше придонесе во развивањето на меѓусебната соработка на балканските држави, воедно обезбеди воспоставување на заеднички став во однос на организираниот криминал и нелегалните миграции. Пактот за стабилност не се задоволи само со поттикнување на меѓусебната регионална соработка на Балканот, туку тој исто така иницираше и лобираше на ниво на САД и на одредени меѓународни организации и асоцијации на Балканот да се испрати потребата помош за овој дел на Европа за повторно да се развие и унапреди.

Еден од поголемите успеси на Европскиот пакт за стабилност беше иницирањето на формирањето на ЦЕФТА, кој што беше формиран во 2006 година. Како што е познато балканските држави претходно во 2001 година потпишаа меморандум за разбирање за либерализација на нивната меѓусебна трговија, за подоцна истиот да биде основа за потпишување на 32 договори за либерализација на трговијата меѓу балканските држави.Целта на ЦЕФТА беше на Балканот да се воспостави регион на слободна трговија. Денес во составот на ЦЕФТА влегуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово,Македонија, Молдавија и Србија. Овие земји сите заедно опфакаат околу 19 милиони жители и како таква сила стануваат поинтересни за странските инвеститори.

Еден друг момент се случи во 2008 година ,кога Пактот за стабилност беше заменет со Советот за регионална соработка. За разлика од Пактот за стабилност чие седиште беше во Брисел, управата на Советот за регионална соработка се смести во Сараево. Тоа практично значеше дека сите 12 членки на Советот самите се контролираат, а целта на формирањето на советот беше водење активна политика наместо дотогашната пасивна политика која ја воедеа балканските држави.

Како резиме од сето горе наведено може да се каже дека денеска регионалната соработка на Балканот се остварува мултидимензионално, функционално и секторално.Соработката на Балканот воедно се остварува и во рамките на Советот на Европа, Европската унија, НАТО и Обединетите нации. Не е случајно ако се каже дека во следниот период се очекува поголема соработка меѓу балканските држави.

Автор др. Ерхан Турбедар



Слични вести