Виктор Орбан освои трет мандат на чело на унгарската влада
Владеачката коалиција Фидес-КДНП (Христијанско-демократската народна партија), на унгарскиот премиер Виктор Орбан, победи на парламентарните избори одржани вчера во земјата.

Владеачката коалиција Фидес-КДНП (Христијанско-демократската народна партија), на унгарскиот премиер Виктор Орбан, победи на парламентарните избори одржани вчера во земјата.
Според прелиминарните резултати од 91 отсто од пребројаните гласачки ливчиња, национално-конзервативна политичка опција освои 48 отсто од гласовите.
Најсилната опозициска партија Јобик освои 19 отсто од гласовите, додека коалицијата на социјалистите - МСЗП и Дијалог за Унгарија (PM) доби поддршка од 12 отсто од гласачите.
Уште двете партии би требало да го преминат изборниот праг од пет отсто и да влезат во Парламентот на Унгарија, а тоа се Партијата на Зелените и Демократската коалиција.
Според прелиминарните резултати, коалицијата Фидес-КДНП би требало да добие 133 од вкупно 199 пратенички места во парламентот, опозициската Јобик 26, а коалицијата на социјалистите - МСЗП и Дијалог за Унгарија (PM) 20 парламентарци. Преостанатите две партии би требало да имаат девет, односно осум пратеници.
Според тоа, унгарскиот премиер Орбан и во третиот мандат ќе ја води владата на земјата.
Претседателот на опозициската партија Јобик, Габор Вона, доцна синоќа го призна изборниот пораз и најави дека денес ќе отстапи од место челник на таа политичка опција.