Балканска агенда 15-2018

Ветувањата за идеалната состојба на Балканот

Балканска агенда 15-2018

Процесот на трансформација кој започна со завршувањето на студената војна и распаѓањето на социјализмот освен грчевит економски развој предизвика и политичка нестабилност и војна. Социјалистичката управа која траеше околу половина век во поранешна Југославија, во одредена мера ги спречуваше  судирите кои се засноваа на етнички темели. Но не беше доволна во изградбата на културата која ќе може да го спречи историското ривалство меѓу различните народи. Затоа овие судири на Балканот се појавија веднаш по распаѓањето на социјализмот. Покрај тоа што денешната состојба на Балканот е многу постабилна во споредба со минатото, сеуште целосно не се укинати сите ризици околу новите судири.

Народите на поранешна Југославија со социјализмот се запознаа по ослободителната војна која ја водеа против фашистичката окупација. Основачите на Југославија ветуваа дека комунизмот во себе ќе содржи севкупна правда согласно човештвото. Идејата за комунизмот беше многу идеална, но исто толку неостварлива во пракса. Дури комунистичката реторика предизвика диктатори како што се Сталин кои беа негативни примери. Примерот со затворот Гулаг беше еден од најлошите кој можеше да се спореди со фашистичките затвори во Русија и важеше за еден од најлошите во човечката историја.

Југословенскиот лидер Јосип Броз Тито својата земја успеа да ја спаси од прангите на Сталинизмот. Покрај тоа, Тито иако следеше еднопартиски систем, народот на неговата земја живееја во мир без да предизвикуваат судири.

Социјалистичка Југославија беше формирана на два темели чиј животен век беше ограничен. Првиот темел беше самиот Тито. Со својата харизма ги собра симпатиите на голем број светски државници. Втората основа на Југославија на која се засноваше беше Комунистичката партија на власт која беше поддржувана од страна на полицијата и војската. Со смртта на Тито, исчезна една од наведените основи. Со рушењето на комунизмот во Русија, исчезна и втората основа на која се потпираше поранешна Југославија. Во 1990-те години почна крајот на Југославија.

По овие случувања, почнаа да се будат некои неповолности кои подолг временски период беа потиснати. Политичарите ја искористија етничката и верска чувствителност на граѓаните поради што избувнаа граѓански војни. Злосторствата кои беа извршени претежно се случуваа на сметка на муслиманите.

По овие страшни случувања, Западен Балкан денес се стекна со поголема стабилност. Во сите  земји на Западниот Балкан на власт се наоѓаат демократски избрани влади кои за цел имаат интеграција со евроатланските интеграции. Дури и Србија која поради лични причини има резервиран став кон членството во НАТО, својата армија ја подготвува согласно стандардите на НАТО. Сите овие случувања најавуваат дека на Балканот владее еден поинаков и поповолен период. Надворешно политичките цели се одразуваат и врз нивната внатрешна политика. Сите овие случувања го олеснуваат решавањето на помалите проблеми и конфликти, а исто така ја контролираат и појавата на поголемите проблеми.

Но и покрај релативно позитивната атмосфера на Западниот Балкан и натаму продолжуваат класичните проблеми како што се односите меѓу Косово и Србија и внатрешните случувања во Македонија и БиХ.

Ако тргнеме од претпоставката дека денешната атмосфера во меѓународната заедница нема да се промени, тогаш може да се заклучи дека ЕУ игра критична улога во решавањето на проблемите на Балканот. Полноправното членство во ЕУ кое беше понудено како мамка игра позитивна улога во зачувувањето на стабилноста на Западниот Балкан. Но и ЕУ повремено може да ги прави грешките на старите комунисти на Балканот па да даде ветувања кои на прв поглед изгледаат идеално, додека во пракса не се остварливи. На пример очекувањата на ЕУ се на страната државите формирани по распаѓањето на поранешна Југославија, меѓусебните проблеми да ги решат самите, да ја развиваат соработката, да ги оживеат пријателските врски и граници кои ги делат на симболичен начин.

Дури и во случај сите земји на регионот успеат да се соберат под кровот на Европскиот парламент, нема да се реализира идеалната ситуација која ЕУ ја дизајнира според Балканот. Кризите со кои ЕУ се соочува во псоледно време во рамките на самата Унија предизвикаа формирање на невидливи ѕидови и поделби. Затоа дури и Западен Балкан ќе биде дел на ЕУ кој ќе биде испреплетен со невидливи ѕидови. Фактот дека членството во ЕУ нема да донесе идеална ситуација на Западен Балкан и натаму продолжува да важи за најздраво сценарио за овој регион.



Слични вести