Мило Ѓукановиќ новиот претседател на Црна Гора

Нема да ги разочарам граѓаните на Црна Гора, порача новоизбраниот претседател Ѓукановиќ

Мило Ѓукановиќ новиот претседател на Црна Гора

Според првите неофицијални резултати од гласачките кутии, лидерот на кандидатот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ на вчерашните претседателски избори освои 54,2 насто од гласовите и стана новиот претседател на државата.

Центарот за демократска транзиција (ЦДТ) соопшти дека заврши пребројувањето на над 90 насто од гласовите на претседателските избори на кои се натпреваруваа 7 кандидати од кои една жена.

Според резултатите од пребројувањето на гласовите, кандидатот на партијата Позитивна Црна Гора Младен Бојаниќ освои 33,3 насто од гласовите и се најде на второ место, додека кандидатката на Социјалдемократската партија (СДП) Драгиња Вуксановиќ освои 8,1 насто од гласовите.

Кандидатот на Партијата Вистинска Црна Гора Марко Милачиќ освои 2,7 насто, кандидатот и претседател на Партијата за правда и помирување Хазбија Калач 0,9 насто, независниот кандидат Василије Миличковиќ и кандидатот на Српската коалиција Добрило Дедиќ по 0,4 насто од гласовите, соопшти Центарот за демократска транзиција.

Со освојување на 53,8 насто од гласовите, Мило Ѓукановиќ стана нов претседател на земјата и одржа победоносен говор пред седиштето на партијата во Подгорица.

Ѓукановиќ им се заблагодари на сопартијците, коалиционите партнери и сите граѓани кои што гласаа за нив.

Ѓукановиќ во говорот ги повика граѓаните заедно да се соочат со економските и политички предизвици. Заедно многу полесно ќе можеме да ги решиме проблемите, порача Ѓукановиќ.

Нема да ги разочарам граѓаните на Црна Гора. Пред нас е долг пат испреплетен со тешкотии. Наш приоритет ќе биде подобрување на животниот стандард на граѓаните и обезбедување економски развој кој ќе ја спречи економското расцепканост, рече Ѓукановиќ.

Инаку Ѓукановиќ кој е познат како прозападно ориентиран политичар додаде дека во 2020 година Црна Гора ќе стане земја членка на ЕУ.

 56 годишниот Ѓукановиќ претходно 6 пати беше премиер и еднаш претседател на државата (во периодот од 1997 до 2003 година). Со изборот за нов претседател, Ѓукановиќ стана седмиот претседател на Црна Гора.



Слични вести