Балканска агенда 18-2018

Балканот во периодот на Османлиите: Вистини и перцепции

Балканска агенда 18-2018

Присуството на Турците на Балканот е старо колку и присуството на Словените. Спомениците и остатоците кои што датираат од старите времиња укажуваат на присуството на различни турски племиња кои на Балканот дошле пред Османлиите. Имено на Балканот можат да се сретнат различни траги на Аварите, Печенезите, Огузите, Куманите и други различни турски племиња.

Османлиските Турци со Балканот развија најтрајни односи кои беа причина за највлијателни резултати од аспект на историјата на регионот. Османлиите првиот чекор на Балканот го фрлија со заземање на калето Чимпе во близина на Гелиболу (Галиполе) во 1352 година, а потоа следеше процес на напредување кон Централна Европа кој што траеше приближно 350 години. Процесот на ширењето на Османлиите по внатрешноста на Европа како и враќањето кон Балканот траеше околу 210 години. Во 1912 година Османлиите целосно го изгубија Балканот.

Балканските градови кои влегоа под хегемонијата на Османлиската држава со текот на времето почнаа да се развиваат, да се подобруваат животните услови, да се менува дотогашниот општествен поредок и живот. Во тие рамки беа изградени водоводни мрежи, чешми, амами, библиотеки, патишта, мостови, згради. Се разви занаетчиството и трговијата и дојде до културен развој. Османлиите донесоа нова цивилизација која се засноваше на исламската култура. Значаен број муслимани од Османлиската држава Балканот го прифати како свој роден крај, додека локалното население на Балканот со прифаќањето на исламот почна да ја формира основата на муслиманите и Турците.

Со спроведувањето на тимарскиот систем, се намали притисокот и репресиите на локалните бегови врз селаните, додека на локалното население им беа признати поголеми права и слободи. Селаните кои во претходниот период на феудалните имоти живееја монотон живот, со доаѓањето на Османлиите и воспоставувањето на османлискиот поредок, можеа да поседуваат своја куќа, мала градина со зеленчук и лозје. Доделувањето на дел од земјиштето кое беше контролирано од страна на големите земјпоседници и манастирите на сиромашните, кај локалното население предизвика да се појави мислењето дека Османлиите се ослободители. Освен тоа Османлиите одиграа голема улога во намалувањето на неблагодарните работи, додека со законите кои беа усвоени се спречи христијанските села да бидат експлоатирани. Еден значаен пример кој ја потврдува оваа благосостојба на селаните е фактот дека поголем број селани од неосвоените територии во 15-от и 16-от век, се преселија на териториите кои се наоѓаа под Османлиска хегемонија.

Двата значајни фактори кои ја интересираа османлиската држава во тој период беа луѓето кои што можеа да се искористат во војните и парите кои ќе им се исплатат, поради што не интервенираше врз управата на христијанските држави и особено општествената структура и нивните верски обреди. Османлиските владетели - султани немаа политика на присилна исламизација и потурчување на немуслиманската популација на Балканот. На пример, султанот Мехмет Втори Освојувачот во еден ферман (декрет) што го објави, на христијаните кои живееја во Босна им даде гаранција за целосна слобода. Султанот при искористувањето на своите овластувања, освен тоа што внимаваше на достојното спроведување на шеријатот и шериатските начела исто така внимаваше и ги почитуваа обичаите и традициите на народите кои беа потчинети.

Кон крајот на 17-от век, кога одредени спахии тимарите почнаа да ги продаваат како приватни имоти, дојде до влошување на состојбата на селаните. Во истиот период, со зголемувањето на бројот на походите на Османлиската држава и даноците како последица на зголемените трошоци, дојде до одредени бунтови во знак на протест на зголемените даноци и малтретирањата на некои репресивни службеници. Балканските историчари овие бунтови во книгите по историја ги рефлектираа како борба за национално ослободување. Изучувањето на искривената историја за Османлиите претставува заеднички проблем на сите книги по историја на балканските земји.

Кога се говори за Балканот, претежно преовладуваат темите и дискусиите се фокусираат кон војните во 19 и 20 век како и другите неповолни искуства што бЕа доживеани. Гледано од историски аспект, можеме да кажеме дека наведените теми многу повеќе беа доживеани на самото европско тло отколку на Балканот. За пример да посочиме само на големата верска војна меѓу протестаните и католиците која траеше се до меѓусебно истребување. 30 годишната војна од 1618 до 1648 година, беше една од најдолгите и најдеструктивни војни во историјата на Европа. Имено Германија во тој период целосно беше расцепкана, поради што немаше никаква општествена организираност. На сличен начин можат да се наведат војната од 1568 до 1648 година меѓу католичка Шпанија и протестантска Холандија позната како 80 годишна војна, судирите меѓу британските раководители и ирското локално население во Ирска.

 Ако се земат во предвид овие големи војни на европскиот континент, тогаш слободно може да се каже дека во класичниот период на Османлиите, Балканот претставуваше оаза на мирот во Европа. Исто така поволните услови за живеење  кои што владееја на Балканот не постоеја на некое друго место. Кога ќе се посетат градовите Сараево и Призрен, имате можност да ги видите заедно џамиите, православните и католички цркви, како и светите храмови на Евреите и другите заедници. Оваа панорама, во 17 и 18 век, не можевте да ја видите во Европа, освен на тогашните територии кои се наоѓаа под османлиска хегемонија.

Предрасудите кон Османлиската држава на Балканот можат да се објаснат со два основни фактори. Првиот е фактот дека во 19 век балканските народи потпаднаа под влијанието на западно романтичарско етничко национално влијание. Балканските романтичарски националисти во знак на обликување на националниот идентитет и раѓањето на желбата за независност и осамостојување, подготвија поволна основа за искривување на вистините за османлиската историја. Второ, слободно можеме да кажеме дека колективната меморија на народите не може да се врати многу назад. Затоа балканските народи многу повеќе се сеќаваат само на случувањата во 19 и почетокот на 20 век. Кога станува збор за овој период, да кажеме дека нема само промени во начинот на владеење на Балканот, тука вклучувајќи ја и цела Анадолија се забележуваат управни неправилности и внатрешни превирања во сите места кои се наоѓаа под хегемонијата на Османлиската држава.

Ако направиме осврт од аспект на содржината, лекциите и реториките на книгите по историја кои што денес се изучуваат во балканските земји, можеме да кажеме дека кога се говори за периодот на Османлиите, нема непристрасен став, туку напротив повремено се забележуваат дури реторики кои содржат националистички и навредливи зборови и изрази. Исто така од книгите може да се увиди и идеолошката и политичка загриженост на писателите на овие книги.

Од друга страна пак, Османлискиот период во книгите претежно се пренесува од воен и политички аспект, а не се придава никакво значење на социјалниот, културен и верски живот. За пообјективно пренесување и запознавање на новите генерации со османлиската историја, треба да се посвети поголемо внимание на тогашниот социјален и културен живот, семејната структура, образовниот систем, односите меѓу социјалните групи, верските установи и верските групи. Се додека трае пренесувањето на османлискиот период само од воен и политички аспект, балканските читатели нема да имаат можност да ги научат фактите за верската толеранција, реставрацијата на црквите и други вистини кои што постоеја во османлискиот период, вели авторот на програмата д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести