Заборавени бегалците на Балканот

Не е доволно само да се водат статистички податоци за беглаците,бидејќи доста честа појава на пример е тоа што бегалците кои што се вратиле во своите домови да преживуваат само преку хуманитарна помош.

Заборавени бегалците на Балканот

Балкански актуелности 19/2018

Заборавени бегалците на Балканот

Мигрантската криза која во последните неколку години ја зафати цела Европа се рефлектира и на Балканот. 28 години поминаа од мигрантската криза во поранешна Југославија, но и покрај тоа во земјите од западен Балкан се евидентирани 430 000 мигранти кои чекаат трајно да се реши нивниот статус. И покрај тоа што Србија, Црна Гора,Хрватска и Босна и Херцеговина меѓу себе бараат решенија сепак бараните резултати заостануваат. Сепак тоа не е се. Во последните неколку години од појавата на кризата во Сирија на Балканот се слееја илјадници мигранти на пат кон Европа. Според податоци на на Високиот комесаријат за бегалци на ОН заклучно со 2016 година во 10 балкански држави бројот на мигрантите излесувал 59.697.

Воениот конфликт од просторите на поранешна Југославија имаа силно влијание врз демографската структира на тамошното население.Војните раселија стотици лица, стотици загинаа а над 3 милиона ги примораа на иселување. Од средината на 90’тите години од минатиот век, скоро 2,5 милиони се вратија во своите домови, но некои од нив наместо своите домови најдоа само урнатини и пустош.

Според податоци на Високиот комесаријат за бегалци на ОН, околу 70 000 бегалци во земјите од Западен Балкан живеат под статус на бегалци.Од нив 45 000 се во Србија, 14 000 во Босна и Херцеговина, 8 500 во Хрватска и 6000 во Црна Гора. Познато е дека дел од нив се обидуваат да преживеат како питачи.

Србија е една од земјите од Западен Балкан која има најголеми проблеми со бегалците. Во војната во Босна и Херцеговина во Србија пребегаа околу 700 000 бегалци. Политиката на поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ беше базирана на користење на Србите надвор од Србија за свои цели , така да на крајот тие завршија како бегалци.Според податоци на Белград, во Србија моментално се сместени 73.600 лица со статус на беглаци од просторите на поранешна Југославија и околу 200 000 со статус на бегалци од Косово. Поголемиот број од бегалците во Србија се Срби од Хрватска.Според податоци на Друштвото на српските белгаци од Хрватска околу 40 000 Срби тврдат дека во Хрватска поседуваат станови кои не им се вратени во нивна сопственост.

Што се однесува до Босна и Херцеговина од 2,2 милиони лица кои беа принудени да ги напуштат своите домови во војната во 1992-95 година, околу 500 000 трајно се сместија во странски земји.Кон крајот на 2000’та година тој број изнесуваше 556 214, а во март 2005 година 186.451. Денес оваа бројка изнесува околу 100 000. Според тоа не е тешко да се претпостави дека поголемиот број од бегалците од босна и Херцеговина се вратија во татковината, а дел дека сепак останаа во странските држави. Познато е исто така дека во Босна и Херцеговина се регистрирани околу 6000 Хрвати.

Во Црна Гора бројот на бегалците од просторите на поранешна Југославија зафатени со војни изнесуваше 16 000, а пак во Македонија се регистрирани 1.600 бегалци од Косово од кои повеќето се Роми.

Не е доволно само да се водат статистички податоци за беглаците,бидејќи доста честа појава на пример е тоа што бегалците кои што се вратиле во своите домови да преживуваат само преку хуманитарна помош.Некои се вратиле на пример само за да го продадат својот имот, што значи дека сепак проблеми постојат, како што е проблемот на вработување, егзистенција, сместување, социјална сигурност,правна сигурност и политичка сигурност.Во случај само едниот сегмент да биде изоставен враќањето дома може да трае со години.

Автор др.Ерхан Турбедар



Слични вести