Балканска агенда 20-2018

Поуки коишто можат да се извлечат од зближувањето меѓу Турција и Србија

Балканска агенда 20-2018

На 6 и 7 мај 2018 во официјална посета на Турција престојуваше претседателот на Србија Александар Вучиќ кој најпрвин учествуваше на Турско-српскиот бизнис форум во Истанбул, а потоа оствари официјални средби во Анкара. Во рамките на посетата беше остварен и првиот состанок на Високиот совет за соработка меѓу Турција и Србија кој се одржа на министерско ниво, а исто така беа потпишани шест договори за унапредување на меѓусебната соработка во различни полиња.

Посетата на Вучиќ на Турција и тоа краток период по минатогодишната посета на претседателот Ердоган на Србија што ја оствари во октомври, потпишувањето на договорите во рамките на посетите како и изјавите на лидерите претставуваат конкретни показатели за стратешките односи коишто Турција и Србија почнаа да ги развиваат.

Турција е значајна земја како од стратешки аспект, така и од аспект на географската местоположба на која се простира. Од периодот на формирањето Турција постојано имаше силни соседни земји. Затоа, Турција имаше потреба од зачувување на стабилноста како на исток така и на запад, поради што во периодот на Републиката постојано следеше мировни политики. Во рамките на мировните и пријателски договори кои што Турција ги потпиша со Балканските земји, Белград секогаш имаше посебно привилегирано место. Како последица на идеолошките поделби на Студената војна, иако Анкара и Белград имаа повнимателен став, никогаш не исчезна и не изостана меѓусебната почит и разбирање.

Секако дека тогашен Белград, не беше главен град само на Србија, туку истовремено и главен град на една поголема држава во чии рамки се наоѓаа различни народи. Со травматичните промени на кои беше изложена државата чиј главен град беше Белград, неизбежно дојде и до бранувања во односите меѓу Анкара и Белград. Најпрвин како последица на војната во Босна и Херцеговина, а потоа поради војната во Косово во 1999 година, одреден период односите меѓу Анкара и Белград се движеа на најниско ниво. Особено длабоките траги на злосторството кое беше извршено врз Бошњаците во периодот на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година, а кое го остави врз Турците може да се почувствуваат дури денес.

Покрај сите овие случувања, како резултат на цврстите односи од историјата, Анкара и Белград во секоја прилика изнајдоа сили да ги надминат сите кризи. Покрај невидливите бариери меѓу турскиот и српскиот народ и некои предрасуди, односите меѓу двете земји по секое удирање на дно, секогаш успеаја да преминат во подем. Ставовите на двајцата лидери во овие процеси одиграа критична улога. Денес одлучните ставови на претседателот Реџеп Тајип Ердоган заедно со српскиот колега Александар Вучиќ ја формираа основата на кревањето на нивото на досегашните односи на многу повисоко ниво.

Во суштина, напорите за подобрување на односите меѓу Анкара и Белград во последните 8 години навистина заслужуваат секоја почит. Впрочем зближувањето меѓу Турција и Србија, ако се земе во предвид меѓусебната силна политичка волја, асоцира дека дури најтешките проблеми и прашања можат да се решат со заедничка и силна политичка волја. Една друга поука која што може да се извлече од зближувањето на односите меѓу Анкара и Белград е фактот дека класичната дипломатија не успеа да креира резултати на бараното ниво. Имено доколку класичната дипломатија се поддржи со економската дипломатија и се даде приоритет на зајакнувањето на економските односи, тогаш многу полесно се надминуваат проблемите меѓу земјите и се обезбедува полесно зближување.

Добрите односи меѓу Анкара и Белград е добра вест за целиот Балкан. Турција е единствената земја која без никакви очекувања и интереси придава големо значење на мирот и стабилноста на Балканот. Кога официјална Анкара и Белград соработуваат заедно, без оглед на тоа дали се работи од аспект на билатералните односи,  или пак соработката во меѓународните организации, може да биде од корист во напорите за зајакнување на стабилноста на Балканот.

Турција сака да биде добар пријател со сите балкански земји. Воспоставувањето траен мир и стабилност на Балканот е најголем стратешки интерес на Турција во регионот. Ако се земе во предвид фактот дека Турција е обиколена со различни неповолности и судири, отворањето на западните граници на Турција кон стабилен регион, претставува благослов од аспект на Анкара. За жал Турција во изминативе 28 години не можеше доволно да се промовира и афирмира на Балканот. Затоа Анкара треба добро да размисли во врска со тоа што се може да направи за подобрување на имиџот на земјата на Балканот како и намалување на предрасудите против Турција и Турците.

ЕУ е единствениот актер кој има долгорочна стратегија во врска со Балканот. Напредувањето и пристапувањето на сите балкански земји во евроатлантските интеграции е природен процес. Затоа потребата за пристапувањето на целиот регион во ЕУ како и воспоставувањето на трајниот мир и стабилност на Балканот е едно од прашањата околу кое Турција и ЕУ најдобро се разбираат. Како последица на меѓусебните превирања и поделби во последните години, ЕУ наместо да придаде поголемо значење на процесот на воспоставувањето на стабилноста во регионот, за жал е изложена на неповолното влијание на внатрешните превирања кои пак предизвикуваат уште поголема конфузија во регионот. Турција нема намера да се натпреварува со ЕУ на Балканот. Напротив, чекорите што ги презема Турција на Балканот се поистоветуваат со очекувањата на ЕУ. На пример, Турција како земја која ја презеде одговорноста за материјалната поддршка за изградба на автопатот Сараево – Белград, директно е во услуга на напорите на ЕУ за подобрување на транспортната поврзаност и структура на Балканот.

Како резултат на сите овие напори и активности, Турција на ЕУ не смета како на ривал во врска со Балканот. Суштинската причина за заладените односи меѓу Брисел и Анкара во последните години е двојниот стандард во приодот на Брисел и некои земји членки на ЕУ кон Турција. Турција е земја која што може самата да го определи својот патоказ и располага со капацитет за одржување на благосостојбата и просперитетот. Турција е земја која што многу добро знае што сака. ЕУ е таа која што не знае што сака, бидејќи никако не може 28-те различни гласови да ги трансформира во еден. Ако официјален Брисел навистина придава значење и приоритет на Турција, тоа треба отворено и јавно да го изнесе. Можеби Балканот па дури и зближувањето меѓу Турција и Србија може помогне во отворањето нова страница во односите меѓу Брисел и Анкара.

Автор на програмата е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести