Балканска агенда 23-2018

Расте посетеноста на турбето на Султанот Мурат Први

Балканска агенда 23-2018

Расте посетеноста на турбето на Султанот Мурат Први (Худавендиѓар) на Косово кое се претвори во место на состанување на Турците и муслиманите на Балканот. Само во 2017 година турбето кое се смета за симбол на Османлиската историја и култура на Балканот, беше посетено од страна на околу 20 илјади посетители.

Стручните лица кои се бават со архитектонските и уметнички дела кои претставуваат наследство на Османлиската држава, во секоја прилика го изнесуваат ставот дека најубавите архитектонски дела на Османлиите ги красат токму балканските градови. Посебно место меѓу сите нив сепак има турбето каде што е закопан третиот султан на Османлиската династија Мурат Први Худавендиѓар, кој загина во екот на Првата Косовска битка на 28 јуни 1389 година. Ова турбе се смета за најстар културно историски споменик на османлиите на Балканот и со текот на времето се претвори во симбол на постоењето на турско и муслиманско население на Балканот.

Само еден ден пред почетокот на Првата Косовска битка, султанот Мурат Први се помолил на Аллах да извојува победа во битката, додека за возврат на животите на неговите војници, Аллах да го земе неговиот живот. Молитвата на султанот Мурат Први била услишена така да султанот загинува во битката за Косово и на тој начин зајакнува турската хегемонија на Балканот. Според преданието, Султанот Мурат Први, за време на обиколката на местото на битката, бил прободен со ханчер од страна на српскиот војник Милош Обилиќ.

Иако во врска со Првата Косовска битка се извршени низа истражувања, сеуште нема точни податоци за тоа кој се учествуваше во оваа битка, бројот на војниците кои учествуваа во битката, воениот поредок, пресвртните точки во битката како и некои други детали. Српските и турските историчари во своите публикации посветени на Првата Косовска битка претежно се насочени кон возвишувањето на своите народи и припишувањето херојство. Додека во суштина, во врска со Првата Косовска битка не е точно утврден датумот на битката и сеуште продолжуваат дискусиите на тоа поле, единствено е познато дека се воделе жестоки битки, двете страни претрпеле големи човечки загуби и во битката загинале султанот Мурат Први и  Принцот Лазар.

Постојат две турбиња на султанот Мурат Први. Едното е во Бурса во населбата Чекирге, каде се погребени неговите посмртни останки, а другото во Косовско поле, каде се погребани неговите внатрешни органи пред мумифицирањето на неговото тело. Турбето на султанот Мурат Први во Косово беше изградено по наредба на неговиот син Султанот Бајазит Први. Во гробот пред турбето обиколено со железни решетки се наоѓаат гробиштата на командантот на Силистра Рифат паша и валијата на Косовскиот вилајет Хафизот Мехмет паша како и чешмите Султан Решат и Али Хаџи.

Турбето се наоѓа на само неколку километри од главниот град Приштина и е отворено за посета на туристите. Во спомен книгата на турбето меѓу посетителите се наоѓаат високи бирократи, граѓани од Република Турција како и низа Турци и муслимани од различни краишта на Балканот.

Првата реставрација на турбето на султан Мурат Први беше извршена во втората половина на 17 век, кога од страна на Мелек Ахмет Паша кој во тој период беше бег на беговите на Румелија. Втората реставрација била извршена неколку века подоцна од страна на султанот Абдулмеџит. По наредба на султанот Абдулхамид Втори, во 1896 година со цел да се одморат и сместат посетителите на турбето, се гради еден дополнителен двоспратен објект. Објектот во 1906 и 1911 година беше повторно беше реставриран и преуреден. Во рамките на посетата на Султанот Решад на Косово на 16 јуни 1911 година, турбето повторно беше реставрирано. Со повлекувањето на Османлиите од Балканот во 1912 година и завршувањето на Османлиската хегемонија, турбето на Султанот Мурад Први неколкупати беше изложено на напади и пљачки. Турбето во периодот на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија двапати делумно беше реставрирано и тоа најпрвин во периодот од 1960-61, а потоа во 1968-70 година. Во 1992 година тогашниот министер за култура на Република Турција Намик Кемал Зејбек го посети турбето, утврди дека истото има потреба од обновување така да нешто потоа започнаа реставраторските работи за делумна обнова на објектот.

Последен пат турбето на султанот Мурат Први во Косово беше реставрирано во 2005 година. Финансиските средства за реставрацијата на турбето и доградбата во мај 2005 година беа обезбедени од страна на Управата за верски прашања и Генералната дирекција на фондацијата на Управата за верски прашања на Република Турција. Основната карактеристика на оваа реставрација беше тоа што е можно да се зачува оригиналниот изглед на турбето. Блгодарение на археолошките ископувања беа откриени и најстарите темели на турбето.

Во рамките на проектот кој се раководеше од страна на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА, турбето на султанот Мурат Први се стекна со една нова карактеристика. Имено во склопот на селамлукот односно делот одвоен за прием и протокол беше формиран Дом на културата. Во овој дел се промовира историјата на Османлиската држава како и начинот на живеење на народот, додека посетителите истовремено имаат можност да ги видат восочните статуи и скулптури на султанот Мурат Први и неговите војници.

Автор на програмата е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести