Решителни сме во борбата против неповолното влијание на ФЕТО врз образованието во Албанија

Обидот на ФЕТО за државен удар во Турција предизвика и ние да бидем попретпазливи и повнимателни

Решителни сме во борбата против неповолното влијание на ФЕТО врз образованието во Албанија

Премиерот на Албанија Еди Рама рече дека се решителни во борбата против неповолното влијание на заканата на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) врз мисијата на образованието во Албанија.

Во интервјуто за Агенцијата Анадолија (АА) премиерот Рама одговараше на прашањата на дописникот на АА.

На прашањето во врска со структурите на ФЕТО/ПДЈ, Рама потсети дека училиштата на оваа организација во минатото понудија услуги кои дотогаш ги немаше во земјата. Големо значење има сфаќањето дека сме решителни во борбата против неповолното влијание на заканата од ФЕТО/ПДЈ врз мисијата на образованието во земјата.

Во освртот на напорите на Албанија и Турција за укинување на заканата од ФЕТО/ПДЈ, Рама рече дека обидот за државен удар во Турција предизвика и тие да бидат попопретпазливи и повнимателни, потенцирајќи дека националната безбедност и демократската стабилност претставуваат приоритет на приоритетите.

Надоврзувајќи се на турските инвестиции во Албанија, Рама рече дека досегашните инвестиции не се доволни и дека во Албанија има многу поголеми можности за турските инвестиции/

Погледите и ставовите во врска со можностите за инвестициите ги споделува со претставниците на политичкиот и деловен свет, рече Рама акцентирајќи на вербата во волјата која што постои за унапредување на овој потенцијал. Сето она што го направи Турција во последните 15 до 20 години е многу силна основа за зголемување на соработката во економијата и трговијата.

Турција е земја членка на НАТО и земја која има големо значење од низа аспекти, рече Рама потенцирајќи дека несомнено дека основата на тоа ја сочинуваат традиционалните добри односи меѓу двете земји како и добрите односи меѓу народите. Чекорите што беа фрлен за продлабочување на односите ќе се зајакнат со декларацијата за стратешко партнерство.



Слични вести