Столтенберг: Постигнатиот договор го отвори патот на Македонија за членство во НАТО

Јенс Столтенберг истакна дека го дочекува со задоволство постигнатиот договор помеѓу Грција и Македонија за „проблемот со името“ и напомена дека на тој начин е отворен патот на Македонија за членство во НАТО

Столтенберг: Постигнатиот договор го отвори патот на Македонија за членство во НАТО

По остварениот телефонски разговор помеѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и македонскиот премиер Зоран Заев кои изјавија дека „проблемот со името“ е решен, пристигна писмено соопштение и од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој ваквиот развој го окарактеризира како „историски договор“.

Столтенберг истакна дека го дочекува со задоволство постигнатиот договор помеѓу Грција и Македонија за „проблемот со името“ и напомена дека на тој начин е отворен патот на Македонија за членство во НАТО.

Јенс Столтемнберг истакна дека договорот за кој станува збор е резултат на долгогодишните дипломатски иницијативи,

Привлекувајќи внимание дека двајцата лидери покажаа волја за решавање на проблемот кој што долго време како влијае на регионот, Столтенберг упати апел до Ципрас и Заев за официјализирање на овој договор во најскоро време.

„Овој договор го отвори патот на Скопје за членство во НАТО. Истовремено ќе придонесе во зајакнувањето и на мирот и стабилноста на Западен Балкан.“ – рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.



Слични вести