Балканска агенда 25-2018

Дали на Балканот повторно може да дојде до насилства од големи размери?

Балканска агенда 25-2018

По завршувањето на Студената војна, во Балканските земји во кои владееше централно планирање започна процес на економска, политичка, безбедносна и културна трансформација.

Додека во Западните земји едно лице во текот на целиот живот можеше да доживее толку големи социјални, политички и економски промени и трансформации, луѓето во Балканските земји беа принудени за само неколку години да ги доживеат истите. Со реформите од 1990-те години наваму, во Балканските земји беа извршени низа промени и трансформации, но за жал и натаму продолжуваат одредени основни проблеми и тешкотии во регионот.

Балканските земји со економските трансформации почнаа на еден несреќен начин. Како последица на војните што беа доживеани по распаѓањето на стара Титова Југославија, дојде до задоцнување во процесот на економската трансформација и опоравување и санација на штетата од војната. Албанија, Бугарија и Романија покрај тоа што беа надвор од војната, почетните услови во овие земји беа прилично тешки. Албанија од централно планираниот период излезе со голема сиромаштија. Бугарија пак на крајот на централно планираниот период подолг временски период беше приврзана кон Советскиот Сојуз особено од аспект на надворешната трговија. Комунистичкиот лидер Николај Чаушеску беше една од основните пречки за економската и социјална кршливост на земјата во напорите на Романија за премин и формирање независна и национална економија.

Покрај наведените тешкотии, Балканските земји во изминатите 28 години поминаа низ сериозен процес на трансформација. Балканските земји фрлија значајни чекори на патот на функционализирањето на новите закони, вкоренувањето на демократијата, гарантирањето на човековите права и слободи и преминот кон пазарната економија и на тој начин дадоа придонес во стабилизирањето на состојбата во регионот. Освен подобрувањата што беа остварени во демократијата, со поддршка на меѓународната заедница беше доживеан напредок и во мировниот процес, така што регионалните земји во некоја смисла беа принудени на регионална соработка. Регионалните земји исто така постигнаа значаен напредок на патот за евроатланските интеграции. Имено само до пред 30 години, ниту граѓаните на Бугарија ниту пак граѓаните на Романија не можеа да замислат дека од затворена заедница, ќе можат да се трансформираат во отворена заедница во која ќе има демократија и поголеми слободи. Хрватска, Албанија и Црна Гора станаа земји членки на НАТО, додека Хрватска стана 28 земја членка на ЕУ. Останатите западнобалкански земји остваруваат значајни реформи на патот за прием во ЕУ. Од друга страна пак НАТО постепено го зајакнува своето присуство и влијание во останатите области на Западниот Балкан. Постои убедување дека со ширењето на НАТО на Балканот и приемот на поголем број земји членки ќе дојде до поголемо ширење на европската демократија и стабилност на Балканот. Затоа, како резултат на сите горенаведени причини може да се каже дека можноста за повторно доживување на насилствата од поголем карактер како што е војната на Балканот е многу мала веројатност.

Како што е познато во 1990-те години, судирите меѓу малцинствата на Балканот беа искористени како искра за започнување на војната. Целта за обединување во рамките на евроатланските интеграции која зазема значајно место во надворешните политики на Балканските земји, има големо значење во подобрувањето на правните, законските и политички статуси на приврзаниците на малцинствата во регионалните земји. Иако во балканските земји сеуште не владее срдечен приод кон малцинствата како културно богатство на земјата, по се изгледа дека се намали напнатоста меѓу земјите за започнување внатрешни судири или пак судири и евентуална агресија на соседна земја под изговор и на сметка на малцинствата. Некои поволни случувања кои се случија во последните години на Балканот на тоа поле, не значи дека се решија проблемите и прашањата во регионот. Впрочем на териториите на поранешна Југославија, единствено Словенија и Хрватска се стекнаа со поголема стабилност. Додека старата напнатост и натаму продолжува да владее на Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Освен тоа, во регионот во одредена мера за жал и натаму продолжува да се води политика која се заснова на етнички национализам и идентитет. Од друга страна пак, намалената стапка на просперитет и благосостојба во регионот претставува поволна основа за поттикнување на екстремно десничарските тенденции. Според претпоставките на ММФ, нивото на Бруто домашниот производ на Турција пресметан според паритетот на куповната моќ во 2016, изнесува 61 насто од вкупниот Бруто домашен производ на десет Балкански земји. Овој податок претставува јасен показател за ниската стапка на просперитет и благосостојба во балканските земји. Најверојатно одредени маргинални групи кои ќе бидат против заедничкиот соживот на припадниците на различните етнички групи, ќе продолжат да предизвикуваат недоверба меѓу Балканските граѓани. Поаѓајќи од регионалните и меѓународни услови кои денес ги засегаат граѓаните на Балканот, можеме да кажеме дека сите оние кои што се на страната за поголемо распарчување на регионот, ќе бидат принудени на неуспех и пораз.

Автор на програмата е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести