Балканска агенда 26/2018

Историски договор меѓу Македонија и Грција

Балканска агенда 26/2018

Се до неодамна се веруваше дека неколку деценискиот спор околу името меѓу Македонија и Грција засекогаш ќе остане нерешен. Сепак од почетокот на годинава Скопје и Атина даваа сигнали дека е можно да се изнајде решение за спорот околу името на Македонија, за конечно на 17 јуни двете земји да го потпишат историскиот договор, за кој се истакнува дека доколку се почитува како што е планирано истиот ќе отвори нова страница  во историјата на балканскиот полуостров.

Веднаш после осамостојувањето во 1991 година Република Македонија како национални и стратешки интереси ги определи целите ,влез во НАТО како полноправна членка,подобрување на односите со соседите и развивање на регионалната соработка.Овие цели во надворешната политика на земјата во исто време беа цели на една широка политичка и општествена основа. Сепак проблемот околу името со Грција ја држеше Македонија подалеку од реализирањето на овие поставени политички цели.

Официјална Атина името Македонија го сметаше са историски мираз на грчката историја и не го признаваше уставното име на Македонија.Скопје истакнуваше дека името Македонија е национално име на Македонците и дека секоја држава има право самата да го определи своето име.

Европската комисија неколкупати предлагаше отпочнување на преговори за прием со Македонија,но Грција секогаш ги блокираше.Поради оваа грчка блокада Македонија водеше правна битка против Грција на ниво на Меѓународниот суд за правда во Хаг, но за жал не постигна било каков успех во праксата.

Владата на актуелниот македонски премиер Зоран Заев формирана минатата година презеде неколку иницијативи на патот кон унапредување на добрите односи со соседите. Премиерот Заев кој за разлика од својот претходник не се служи со националистичка реторика се определи за Македонија која ќе стекне пријатели, а не Македонија која ќе се изолира од останатиот свет.

Овие напори на Заев наидоа на разбирање кај грчкиот колега Ципрас што резултираше со потпишување на историски договор на 17 јини годинава.

Според договорот официјалното име на Македонија ќе биде Република Северна Македонија или накусо само Северна Македонија. Сепак во Грција постојат средини кои што се против името Македонија, слично и во Македонија има средини кои не сакаат било какви додавки на името Македонија. Сето ова беше причина и во Македонија и во Грција договорот да предизвика бура од реакции.

Договорот за кој станува збор го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и Грција. Македонскиот парламент кој што се состои од 120 пратеници на 20 јуни го изгласа договорот со 69 гласа За. Претстои референдум наесен. Истражувањата велат дека околу 60 посто од македонските државјани сметаат дека за влез во НАТО и во ЕУ може да се менува името на државата,додека 50 посто од Македонците и 95 посто од Албанците ја одобруваат промената на името на државата.

По референдумот, за спроведување на потребните уставни измени ќе треба да се изјаснат една третина од македонскиот парламент, што нема да биде лесно. Нема да биде лесно ниту во Грција, што наведува на заклучокот дека ќе треба да се ангажира ЕУ.

Деновиве се очекува да стартираат преговорите за членство со Македонија,како и да се засилат напорите за влез на земјата во НАТО.

Како резиме од сето ова може да се каже дека примерот со премиерите Заев и Ципрас покажа дека дури и најгорливите проблеми меѓу државите може да се решат без посредници. И Заев и Ципрас заслужуваат признание поради тоа што станаа примери за тоа дека и хронични недоразбирања можат да се решат доколку постои добра воља и доколку се тргне во акција.

(Автор др.Ерхан Трубедар)



Слични вести