Балканска агенда 27/2018

Положбата на Турците на Кипар низ историјата

Балканска агенда 27/2018

Во периодот 1963/1974 година кипарските Турци беа подложени на невидени малтретирања и масакри од страна на кипарските Грци.Не водејќи сметка за тоа дали се мажи, жени, деца или старци Турците се стрелаа и се закопуваа во масовни гробници. На тој начин скоро целосно беа збришани од картата 103 турски села а илјадници нивни жители беа или масовно убиени или прогонувани, или пак изчезнаа. Целта на сиве овие масакри беше спојување на островот Кипар со Грција, токму затоа се спроведуваше смислена политика на чистење на островот од Турците.

Злосторствата на кипарските Грци се протегаат дури до 1820’те години.Во периодот 1820/21  година кипарските Грци често извршуваа напади на турски села и населби. Во 1878 година откога Кипар падна во рацете на Англичаните, кипарските Грци уште повеќе добија сила и уште пожестоко ги напаѓаа Турците. Кипарските Грци сметаа дека Турците се најголемата пречка пред припојувањето на островот кон Грција. Тие мислеа дека Турците треба целосно да се уништат.Првите обиди за тоа се остварија во 1912 година со напад на турското село Хамитќој,кога беа убиени 4 а ранети стотина Турци.Слични настани беа доживеани и во 1927 и 1931 година.

Со формирањето на ЕОКА во 1955 година нападите на кипарските Грци на кипарските Турци станаа уште пожестоки. ЕОКА на почетокот ги убиваше и Турците и Англичаните, а подоцна само Турците. Тие беа тешки денови за Турците на Кипар. Припадници на ЕОКА ги напаѓаа турските села, на пример во периодот 1956/60 година беа убиени Турците во селата Василја, Литрангоми, Инону, Ајтоторо, Магоса и Ларнака. Само во периодот 1955/58 година кипарските Грци убија над 1350 Турци и уништија над 28 турски села.

Грчко-кипарскиот двоец сметаше дека пред Кипар да се припои кон Грција треба на островот да се формира независна држава.Затоа со договорот од 1959/60 година се даде зелено светло на формирање Кипарска Република меѓу двете еднакви страни на островот.Оваа република беше под гаранторство на Турција,Британија и Грција.

Веднаш по формирањето на Кипарската Република грчките лидери започнаа со подготовки во правец на ликвидирање на правата на кипарските Турци и како второ спречување на реализацијата на договорите и спроведувањето на уставот на заедничката република.Заради остварување на првата цел архиепископот Макариос го подготви планот Акритас, кој предвидуваше вршење на притисок врз турската заедница, провоцирање на Турците и давање вооружен одговор со крајна цел потполно уништување на Турците.

Кипарските Турци не гласаа за измените на уставот на Кипарската Република, така да како одговор на тоа Грците извршија воен удар во 1963 година, ја презедоа власта и ги отстранија Турците од државните органи. Тоа практично значеше примена на планот Акритас кој траеше цели 11 години, години на разни малтртирања, притисоци и етничко чистење над Турците.

Со цел реализација на планот Акритас кипарските Грци на 21 декември 1963 година го реализираа „Крвавиот Божик“, ден кога беа нападнати турските села а народот беше масовно убиван. Убивањата беа најкрвави во селата Тахтакале, Ајвасил, Арпалик, Баф, Ајдин, Амаргет, Аксу и Јешилова.

Од 1965 година се забележува опаѓање во бројот и интензитетот на нападите на Грците над Турците, но тие потполно не престанаа.За жал ниту една друга земја освен Турција не им истрча на помош на кипарските Турци.

Грците како последно на 15 јули 1975 година го остварија државниот удар преку кој целта беше Турците целосно да се исфрлат од Кипар. Воениот удар го реализира хунтата во Атина која беше на власт од 1967 година. Турција поаѓајќи од нејзиното право кое произлегуваше од договорите од 1959 и 1960 година на 20 јули го реализира планот за вооружена интервенција на Кипар. Како резултат на тоа островот се подели на два дела, грчки и турски дел. 20 јули за кипарските Турци е ден на слобода и ден на повторно раѓање.

Веднаш потоа беше прогласена Турската Федерална Управа Северен Кипар, за потоа откога Грците побараа Турците да се сметаат за малцинство,да се прогласи и Турската Република Северен Кипар во 1983 година.

Кипарските Турци успееја да опстојат и покрај сите политички игри и масовни убиства кои ги извршуваа Грците. Република Турција тука одигра голема улога и како земја гарант и како татковина, а што се однесува до Турците на Кипар тие и покрај тоа што беа малтретирани, масакрирани и убивани од страна на соседите Грци во минатото,сепак не ја загубија желбата за соживот и секогаш се изјаснуваа како страна која бара компромис, што наидуваше и наидува на одобрување од страна на Турција.

(Автор др.Ерхан Турбедар)

 

 



Слични вести