Балканска агенда 28-2018

Геноцидот во Сребреница – I

Балканска агенда 28-2018

Секоја година во предвечерието на јули на ум доаѓа масакрот врз над 8 илјади Бошњаци во Сребреница. Во периодот на војната во Босна и Херцеговина, Сребреница беше град кој од страна на СБ на ОН беше прогласен за безбедна зона во која цивилите Бошњаци се наоѓаа под заштита на УНПРОФОР. Но покрај тоа, на 11 јули 1995 година Сребреница падна под контрола на војската на босанските Срби кои се наоѓаа под команда на Ратко Младиќ. Веднаш по овој настан, над 8 илјади цивили Бошњаци за само неколку дена немилосрдно беа убиени од страна на српските војници. На тој начин беше извршен еден од најголемите геноциди во Европа по тората светска војна. ОН кои не презедоа доволни безбедносни мерки за заштита на безбедносната зона, за жал немо ја набљудува трагедијата во Сребреница.

Сребреница е мало гратче кое се наоѓа на источната страна на Босна. Според пописот на населението во 1991 година, бројот на населението кое живееше во гратчето изнесуваше околу 6 илјади, додека на населението кое беше евидентирано во рамките на општината Сребреница изнесуваше 36 666 лица. Според истите податоци за бројот на населението на Сребреница, 75,2 насто од жителите беа Бошњаци, 22,7 насто Срби. Денес бројот на Бошњаците кои што живеат во Сребреница изнесува 7 250.

По признавањето на независноста на Босна и Херцеговина на 6 април 1992 година од страна на Министерскиот совет на Европската заедница, дојде до разгорување на војната во Босна. Пролетта 1992 година, сите значајни градови во источна Босна беа изложени на нападите на Србите и поголемиот број од нив преминаа под контрола на Србите. Фоча, Чајнице, Вишеград, Зворник, Бјелина, Босански Брод и Дервента на многу брз начин беа земени под контрола. На тој начин во мај 1992 година босанските Срби над 60 насто од териториите на земјата ја зеде под контрола.

Србинот Жељко Ражнатовиќ познат под прекарот Аркан со своите милициски групи на 18 април 1992 година успеа да ја презеде контролата над Сребреница. Додека Бошњаците на Сребреница кои под лидерство на Насер Ориќ се стационираа во околните планини, во контранападот кој траеше само три дена, ја повратија контролата над градот. По овој настан, Србите неколкупати се обидоа да ја повратат контролата над Сребреница, но сите нивни обиди беа неуспешни. Во меѓувреме и останатите Бошњаци во околината кои бегаа од српските напади во околината се насочија кон Сребреница и бројот на населението се зголеми на 40 илјади.

Со цел Бошњаците да ги остават во тешка состојба, Србите го спречуваа доставувањето храна и лекови на настраданите Бошњаци од страна на ОН. За жал ОН само немо ја набљудуваа новонастаната ситуација. Единствено САД по наредба на тогашниот претседател Бил Клинтон со падобрани од воздух успеа да достави помош во храна на Бошњаците во подрачјето. Во периодот од март до јуни 1993 година, на овој начин од воздух околу 1900 тони храна и лекови беа исфрлени врз Сребреница. Но оваа помош не беше доволна. Со цел да се набави потребната количина храна и лекови за Бошњаците кои се собраа во Сребреница и околината, командантот Ориќ беше принуден повремено да ги ограбува српските села во околината. За време на овие грабежи, под изговор дека беше извршено воено злосторство против српските цивили, во периодот по војната против Ориќ се водеше кривична постапка на која беше утврдено дека не бил виновен.

Почнувајќи од март 1993 година, босанските Срби започнаа со поплански и жестоки акции за преземање на контролата над Сребреница. Како последица на овие активности, на 16 април 1993 година Сребреница целосно беше земена под опсада на Србите. Имено уште од самиот почеток се претпоставуваше дека во случај Сребреница да потпадне под окупација на Србите, ќе се доживее голема човечка трагедија. Францускиот командант на силите на УНПРОФОР Филип Морин кој прогласи алармантна ситуација, како резултат на успешниот дипломатски атак што го презеде, ги разубеди Србите и на 11 март 1993 година успеа да влезе во Сребреница. На тој начин за кусо време беше постигнато привремено примирје меѓу завојуваните страни.  Со цел да се преземе посилна контрола,  СБ на ОН со резлуцијата број 819 од 16 април 1993 година, Сребреница ја прогласи за безбедна зона под заштита на ОН. Фактот дека подрачјето не е безбедно се разбра за кусо време.

Веднаш по прогласувањето на Сребреница за безбедна зона, УНПРОФОР под изговор дека самата ќе ја обезбеди безбедноста на подрачјето, почна да го собира оружјето на Бошњаците. На тој начин Бошњаците постепено се разоружуваа и остануваа без одбрана. Сите Западни земји се плашеа да испратат војници во безбедната зона Сребреница. Канада беше првата земја која што изрази подготвеност и се согласи да испрати свои војници во Сребреница. На тој начин Канада на 17 април 1993 година испрати 143 војници во Сребреница. Најсилното оружје кое Канаѓаните го донесоа со себе беа автоматските пушки. Ниту бројот на војниците на УНПРОФОР ниту пак оружјето кое го поседуваа овие војници не беа доволни за обезбедување на безбедноста на Сребреница. По завршувањето на мандатот на Канаѓаните, Холандија на 3 март 1994 година со 570 војници официјално ја презеде должноста од канадскиот баталјон за обезбедување на безбедноста на Сребреница.

Врз база на продолжувањето на српските напади на безбедната зона, со резолуцијата 836 која на 4 јуни 1993 беше усвоена од страна на СБ на ОН, беа проширени овластувањата на УНПРОФОР. Наспроти нападите врз безбедната зона и околината, вклучувајќи ја и употребата на сила УНПРОФОР беше овластен да ги преземе потребните мерки. По потреба УНПРОФОР имаше право да бара и воздушна поддршка.

Србите постојано ги попречуваа активностите на холандскиот баталјон во Сребреница. Меѓудугото повремено го прекршуваа примирјето. На барање на УНПРОФОР, во ноември 1994 година авионите на НАТО извршија симболично бомбардирање на некои српски позиции. Врз  база на овој настан, со цел УНПРОФОР да се откаже од воздушните напади, српскиот командант Ратко Младиќ зароби 70 холандски војници. Овие војници по шестдневните интензивни дипломатски преговори беа пуштени на слобода.

Во 1995 година, Србите го забранија преминот на сите камиони, поради што холандските војници како последица на недовлна исхрана почнаа да се разболуваат. Во мај 1995 година дојде до пораст на напнатоста меѓу холандскиот баталјон и Србите поради што Србите со цел да ги уплашат војниците на УНПРОФОР почнаа да пукаат врз некои контролни пунктови.

На 6 јули 1995 година, Србите преминаа во напад на Сребреница. Во рамките на овој напад од страна на Србите беа заробени околу 30 холандски војници. Но и покрај тоа командантот на холандскиот баталјон не побара воздушна поддршка согласно резолуцијата 836. Со други зборови, холандскиот баталјон беше многу пасивен. Само еден ден пред Сребреница да падне во рацете на вооружените сили под команда на Ратко Младиќ беше побарана воздушна поддршка. Врз база на тоа беа извршени само два привидни воздушни напади на српските позиции. Босанските Срби испратија ултиматум со кој побараа веднаш да прекинат воздушните напади, бидејќи во спротивно ќе ги убијат холандските заробеници а исто така се заканија дека ќе отворат оган врз војниците на УНПРОФОР и бегалците во Сребреница. Како резултат на овој ултиматум, специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН во Босна ги прекина воздушните напади. На тој начин Србите на 11 јули 1995 година успеаја да влезат во Сребреница. 11 јули во меморијата на човештвото е врежан како симбол на стравичниот геноцид.

Автор е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести