Денес во Сребреница ќе бидат погребани ексхумираните тела на 35 жртви на геноцидот

Турција на комеморацијата ќе биде претставена од страна на министерот за правда Абдулхамит Ѓул

Денес во Сребреница ќе бидат погребани ексхумираните тела на 35 жртви на геноцидот

Денес во меморијалниот центар Сребреница – Поточари ќе бидат погребани ексхумираните тела на уште 35 жртви на геноцидот во Сребреница, во кој немилосрдно беа убиени 8 372 цивили Бошњаци, а кој се смета за најголема човечка трагедија по Втората светска војна во Европа.

Турција на комеморацијата ќе биде претставена од страна на министерот за правда Абдулхамит Ѓул.

Ексхумираните тела на 35 жртви на геноцидот во Сребреница кои на 11 јули 1995 година беа убиени од страна во српските воени единици под водство на Ратко Младиќ и години потоа беа извадени од масовните гробници, по утврдувањето на идентитетите не жртвите ќе бидат погребани во меморијалниот центар Сребреница – Поточари.

Илјадници лица од земјата и странство кои во овие тешки денови не сакаа да ги остават насамо натажените семејства, во раните утрински часови почнаа да се собираат во Поточари кај Сребреница.

Околу 6 илјади лица кои го завршија Маршот на мирот како што е познат маршот ќе бидат спремни за комеморацијата.



Слични вести