Во позадината на протестите во Македонија стојат грчки бизнисмени блиски до Русија

Како што се тврди грчкиот бизнисмен од руско потекло Иван Савидис кој воедно е и претседател на спортскиот клуб ПАОК исплатил најмалку 300 илјади евра на некои групи во Македонија меѓу кои и на навивачки групи во оваа земја

Во позадината на протестите во Македонија стојат грчки бизнисмени блиски до Русија

Како што се тврди грчките бизнисмени блиски до Русија со цел да го спречат договорот за спорот со името помеѓу Грција и Македонија за поттикнување на протестите во Македонија раздавале пари во оваа земја.

Во соопштението на Проектот за пријавување организиран криминал и корупција (ОЦЦРП) се истакнува дека грчкиот бизнисмен од руско потекло Иван Савидис кој воедно е и претседател на спортскиот клуб ПАОК, им исплатил најмалку 300 илјади евра на некои групи во Македонија меѓу кои и на навивачки групи во оваа земја. 

Во соопштението се наведува дека парите во готовина кои што биле внесени во Македонија на различни начини им биле раздадени на политичари од различни партии, радикални националистички организации и на група навивачи на спортскиот клуб Вардар.

Воедно и макеоднскиот премиер Зоран Заев во дадената изјава за новинарите истакна дека членовите на навивачката група „Комити“ на спортскиот клуб Вардар кои минатиот месец беа притворени за време на протестите против промената на името на Македонија пред Собранието во своите изјави во полицијата рекле дека руски бизнисмени им дале пари (за да се вмешат во овие немири) и истекнале дека тие не се противат на ништо. 

Во објавеното соопштение од страна на Савидис пак овие тврдења кои што се појавија во печатот се окарактеризирани како „целосно неосновани и клевета). Освен тоа беше соопштено дека ќе се покрене тужба против порталот БизФид од чија страна беше објавена оваа вест. 

Инаку, голем број држави а пред се и Турција ја признаваат Македонија под нејзиното уставно име „Република Македонија“, меѓутоа Грција под изговор дека во нејзините граѓаници постои област по име „Македонија“ бараше нејзиниот северен сосед да го смени името.  

Поради спорот со името кој што продолжува со нејзиниот јужен сосед Грција уште од 1991 година кога ја прогласи својата независност Македонија не може да стане членка на Европската унија (ЕУ) и на Организацијата на северноатлантски договор НАТО.

Република Македонија во април 1993 година беше примена во членство во ОН, меѓутоа поради приговорот на нејзиниот јужен сосед Грција во членство беше примена под референцата „Поранешна Југословенска Република Македонија“, односно англиската кратенка ФИРОМ.

 



Слични вести