Матис: Русија се обидува да го спречи референдумот за промена на името на Македонија

Русија одржува ефикасни  и масовни кампањи против референдумот во Македонија

Матис: Русија се обидува да го спречи референдумот за промена на името на Македонија

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис рече дека Русија се обидува да го спречи гласањето за референдумот на 30 септември за одобрување на договорот со кој се предвидува промена на името на Македонија во Република Северна Македонија.

Американскиот секретар Матис пред посетата на Скопје во изјавата за печатот рече дека Русија изврши пренос на парични средства во Македонија.

Русија меѓудругото одржува ефикасни  и масовни кампањи. Не треба да го препуштиме  македонскиот народ сам да донесе одлука.

Матис рече дека воопшто не се сомневам дека Москва формира проруски ориентирани групи за спречување на референдумот на 30 септембри во Македонија.

Русија се обидува да ја искористи моќта на парите и влијанието во земјата, рече матис потенцирајќи дека референдумот ќе го отвори патот за членство на Македонија во НАТО поради што Москва дефинитивно е против тоа.

Во рамките на средбите во Скопје, Матис ќе се состане со македонскиот премиер Зоран Заев и министерката за надворешни работи Радмила Шеќеринска.



Слични вести