Никос Коѕијас договорот за спорот за името Македонија го окарактеризира како „историска прилика“

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас постигнатиот договор за спорот за името Македонија го окарактеризира како „историска прилика“ и истакна дека истиот е значаен од аспект на безбедноста на Балканот и во Европа

Никос Коѕијас договорот за спорот за името Македонија го окарактеризира како „историска прилика“

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас говореше на одржаната заедничка конференција за претставниците на печатот со германскиот министер за надворшени работи Хеико Мас во Атина.

Коѕијас постигнатиот договор за спорот за името Македонија го окарактеризира како „историска прилика“ и истакна дека истиот е значаен од аспект на безбедноста на Балканот и во Европа.

Никос Коѕијас истакна дека верува оти договорот ќе помине од грчкиот парламент.

Велејќи дека е сигурен во тоа оти договорот ќе добие поддршка на референдумот што ќе се одржи на 30 септември во Македонија, Коѕијас рече: „Мислам дека завршувањерто на уставните измени во соседната земја ќе достигнат до јануари. Потоа пак договорот и членството на Македонија во НАТО ќе бидат донесени пред грчкиот парламент.“

Коѕијас укажа на тоа дека договорот освен неговата партија СИРИЗА ќе ја добие поддршката и на некои опозициони партии и пратеници и ја изнесе следната констатација: „ Јас верувам дека договорот ќе биде одобрен во парламентот.“

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас пак привлече внимание на значењето на договорот и ги употреби следните зборови: „Договорот освен за регионот ќе придонесе за безбедноста и на Европа.“

Велејќи дека производ на одговорната политика е и тоа договорот да задоволи секого, Мас рече: „Овој историски договор ќе се имплементира, бидејќи освен тоа што ќе обезбеди зближување на двата народа ќе придонесе и за стабилноста во регионот.“

 



Слични вести